Toxic positivity

Дискусија во 'Психологија' започната од Peanut Butter, 5 јули 2021.

  1. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Toxic Positivity е ставот дека мораме да бидеме позитивни, без оглед на тоа колку е тешка одредена ситуација, да се обидуваме да ја гледаме светлата страна, да се смируваме ако сме нервозни, да си повторуваме позитивни мисли и сл. Сметам дека тоа е огромна пречка за менталното здравје. Сите емоции и емотивни состојби имаат своја функција и не би требало да се сметаат како помалку вредни ако се непријатни. Луѓето веднаш посегнуваат по 'третман' за непријатните емоции, а сметам дека не би требало. Зошто да не плачеш ако ти се плаче, зошто не си дозволиш некои денови да се чувствуваш мизерно, одвратно и осамено? Сум била дел од toxic positivity затоа што тоа се рекламира, ама сфатив дека животот е далеку од розов и колку побрзо се помириме со тој факт и оставиме да биде таков каков што е, полесно ќе ни биде. Од друга страна, сметам дека тешкотиите те градат како личност, додаваат длабочина и смисла, ја зголемуваат љубовта и храброста да се продолжи понатаму, ама треба да им се погледне в лице. Вашиот став?
     
    На BlackNight, bicycle, Lavender4 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    599
    Се сложувам со тоа ти што го кажа, меѓутоа сметам дека барем мене лично тоа што имам и пробувам да имам позитивно мислење и поглед кон одредена ситуација и општо се, ми ги контролира другите емоции кои најчесто не ми го олеснуваат животот. Не сум за воздржување од искажување на некоја емоција да, и сметам дека треба да се ослободиш и да се исплачеш кога ќе ти дојде до тоа. Исто така сметам дека не можам секоја моја емоција да си ја носам секаде, пример на работа со луѓе јас да сум нервозна и да ширам негативна енергија. Еден пример за тоа, одам во маркет и касиерката видливо е нерасположена, буквално ми се понаша и мене денот ми го расипува. Затоа мислам дека има време и место за нашите емоции, но далеку од тоа дека некој константо треба да е расположен и насмеан. Сите си имаме денови и моменти.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.937
    Допаѓања:
    123.243
    Пол:
    Женски
    Болдот е веќе друго. Тука станува збор за професионалност. И мене некогаш не ми е ден ама од 8 до 4 местам осмех и после се опуштам меѓу четири зида.

    Поенатата е да глумиш дека си среќна секаде, да потиснуваш емоции пред себе си, да се правиш дека е ок се кога не е затоа што тоа е ИН. Не. Ок е да не си ок. Ок е да не ти се станува од кревет. Ок е да ти се плаче па да ти се смее и така цел ден.
    Таа лажна позитивност е творба на иснтаграм и слични соц медиуми каде што на сите им е средено се во животот, се местат најдобро што можат, а всушност се распаѓаат. Ама тие слики не носат лајкови.

    72478540_707118963097994_6606673124551294976_n.jpg mpdyq0zg62j41.jpg
     
    Последна измена: 24 јули 2021
    На BlackNight, JoyJoy, Need for Speed и 2 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.710
    Допаѓања:
    15.307
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум можела да бидам дел од целосната позитива. Ако не ми е денот, што и да правам едноставно не е тоа тоа. Знам да се носам скоро со сите ситуации, да сум до степен на резервираност и задлабоченост за било што и кога ми е тешко (секако, проблемите настрана), но сметам дека нема ништо погрдо од тоа да се форсира позитивност. Едноставно треба да прифатиме дека се случува кај секого.
     
    На Peanut Butter и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    @Peanut Butter

    Инзвонредна и дефинитивно потребна тема.
    Чинам имаше некоја членка слична отворено, или се лажам?
    Небитно. :)

    Главната поента е дека позитивноста е добра особина но, само и САМО кога соодветствува на ситуацијата.

    Зошто го велам ова?

    Не може на човек кој се мачи со егзистенцијални проблеми, на пример: нема работа, се соочува со беспарица, здравствен проблем или губење блиска личност ти да му кажеш -
    - биди позитивен, сѐ зависи од тебе!!!
    Тоа е екстремна емоционална супресија која не е ниту здава, а уште помалку психолошки ,,нормална".

    Емоциите секогаш треба правилно да се канализираат. Да се почувствува нивниот интензитет и траење, бидејќи тоа е единствениот пат до стекнување искуство, созревање и подобрување на нашата личност. Емоциите нѐ учат да станеме посилни и правилно да се насочиме себе сѝ во животот, особено во моменти кога е можно да се сретнеме со ситуации од сличен карактер.

    Лично, по пат на истражување дојдов до заклучок дека општествениот притисок за позитивност е настанат како резултат на слепото следбеништво наметнато од ,,духовните гуруа" како Лујза Хеј (нека ѝ е лесна земјата) или Ана Бучевиќ.

    Токму овој нивен ,,new age - fake positivity wave" направи да се чувствуваме заробеници во сопствена кожа. Дури и да чувствуваме вина кога работите не одат во посакуваната насока, да се преиспитуваме, барајќи ја вината исклучиво кај себе.

    Затоа велам дека ние веќе речиси цела деценија живееме во масовна хипноза, и како одминува време сѐ повеќе губиме допирна точка со реалниот свет.
     
    Последна измена: 25 јули 2021
    На JoyJoy, buba4e89, Kaja991 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Особено се согласувам со ова. Во денешно време веднаш се бара "лек" за тагата, разочараноста, апатијата. Не се оставаат емоциите да траат толку колку што траат. Далеку од тоа дека не треба да се побара помош ако таа состојба е навистина предолга и го попречува целосно нормалното функционирање (макар што дискутабилно е и што е нормално). Многу понормално е, според мене, да се заостане во работата недела, две, поради некоја емотивна состојба, отколку да се преправаме дека сѐ е во ред и да изигруваме професионалци. Под ова не мислам да земеме одмор секој пат кога сме тажни, туку едноставно да работиме ради реда и да не сме најпродуктивни, па можеби баш затоа што ќе ги процесираме негативните емоции како што треба, ќе станеме многу попродуктивни во иднина, наместо да ги потиснеме и да изигруваме суперхерои.
     
    На nena2010, Bubce38 и Need for Speed им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.165
    Допаѓања:
    175.351
    Пол:
    Женски
    Едно е да си позитивен, скроз друго е токсична позитивност. Имам детално пишано тука, воглавно зошто е лошо или токсично е, невалидизира искуства и чувства. Прај да истиснуваш чувства и на тој начин имаш налик позитивност и то е се. Болката ја криеш и во позадина расти пред евентуално да исплива на површина. Тој е делот кој не е полезен наспроти полезен. Башка ако идиш на "feel good" реченици за нешто кое го перцепираш како сериозно, ќе се осеќаш неразбрано, несакано и сл., и поќе ќе се затвораш во себе.

    Добро е некогаш да имаш позитивен осврт. Не е добро да премини во токсична позитивност.

    image.png
     
    На JoyJoy, poenta и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.236
    Кога станува збор за мои проблеми и дилеми, склона сум да се грижам премногу, да барам проблеми и каде што ги нема, не можам да се препуштам на среќата. Мислам дека јас сум на другата страна, треба да се научам да ја барам и светлата страна, но веројатно животот ме научил вака.

    Од друга страна, знам да ги утешам и да ги смирам другите и сум добивала коментари дека им делувам така, смирувачки и внесувам оптимизам. Туѓите ситуации ги согледувам пообјективно, што е донекаде и нормално.

    А во врска со покажување на чувствата:
    Не само што имам проблем со искажување на негативните емоции (тага, бес...) туку и со позитивните. Кога треба да ги покажам чувствата, како да се затворам во себе целосно, скроз неутрално изгледам однадвор а внатре може и да вријам :) Како да доживувам некаква несвесна блокада.
     
    На JoyJoy, poenta, Camille84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.937
    Допаѓања:
    123.243
    Пол:
    Женски
    А бе сите на свој начин процесираме емоции ама дека ќе ставам слика насмеана на Инста или ФБ кога сум во лош период, или ќе глумам лудило дека се ми е рамно само за да бидам позитивна не ми паѓа на памет. Ми се случило да сум во друштво или на работа и да ми се молчи цел ден и си кажувам ,,"не ми е денот, не ми замерајте :)".. И знам 8 саата да не прозборам да си работам да си молчам. Иако тоа е мноогу ретко зашто на работа гледам да не дозволам да ми се гледа приватноста.
     
    На JoyJoy и prominent им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Мојот став е дека апсолутно си во право.
    И дека ова е главната причината парадоксално за оваа лажна и токсична позитивност што ја гледаме во прираст денес.
    Односно баш тоа што добар дел од популацијата е прилично ситуирана, па слободно може да се рече и разгалена со денешниот лајфстајл што го живее, без некои посебни тешкотии, за разлика од можда претходните генерации.
    Па оттука и "игнорирање на негативното" (и тешкотиите)е едноставно e лесно, и на дофат на рака, а повеќето луѓе класично идат по линија мањег отпора (лажна позитивност> соочување со реалноста).

    Поготово со розевиот информациски конзумеризам,(читај, врв на се, законот за привлекување, каде Универзумот буквално се врти околу тебе и постои само за да ти исполнува желби) кои им се исто така додатно лесно на дофат на рака.

    Потоа и "градењето розев имиџ" на истите тие социјални платформи каде можат да бидат што и да посакаат.

    И така еден фактор по друг, допринесува до ова и ја потпалува таа "розева позитива" до степен на делузија.
     
    Последна измена: 28 февруари 2024
    На UnderTheSun и JoyJoy им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.049
    Тоа во табелата на toxic positivity е и многу повеќе и од тоа - немање општа почит кон другиот, немање емпатија, недостиг на грижа кон туѓите емоции и проблеми, самоцентричност, и др.
    Нема логика да форсираш позитивност и да бидеш токсичен на тој начин како што набројав, која е целта и што добиваш?
    Ваљда е поради комбинација од избегавање на чувствување негативни емоции и грижа за како изгледаш пред другите луѓе (а не како ти е).

    Со вакви луѓе се справувам исто како и со на пример лажговци. За мене корисно е да знам што прават (за да можам да се заштитам), ама не трошам време и енергија да им укажувам дека се токсично позитивни, дека живеат во бабл, дека се делулу, бидејќи на крајот од денот - не ми е гајле. Кој сака каков сака нека биде, јас само можам да им го ускратам моето внимание и пријателство.
     
    Последна измена: 28 февруари 2024
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.785
    Пол:
    Женски
    Не е немање емпатија, колку баш ова ко што пиша лична проекција и наметнување (токсична) позитивност на други, баш од ова, страв меѓу другото од соочување со сопствените/ негативни чувства уопште или било што негативно.
     
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.049
    Па да му кажеш како на сликата некому "smile, crying won't help" е некако без емпатија.
     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    Како свет по појавата на социјалните медиуми се свртевме само кон покажување на позитивни емоции. Ретко се гледаат негативните емоции, сите само насмеани слики ставаат и убавини. И се искривува перцепцијата за секодневниот живот.
    Ставете тука и разноразни гуруа, lifecoach типови и типки, НЛП и слични зезанции каде што луѓе што немаат баш големо познавање од Психологија, личностѕ и емоции си најдоа добар начин да заработат пари и промовираат работи кои се повеќе штетни од корисни.
    Ваквиот пристап дека на се требад а се гледа позитивно не помага туку напротив одмага во постигнување и одржување на добро ментално здравје.
     
    На Lanna89, Milobebence и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.631
    Пол:
    Женски
    Треба да сме свесни за негативните емоции, да ги прифатиме дека ни се случиле, дека сме се нашле во нешто и се соочуваме со нешто, треба да ги преживееме но не и константно да живееме со нив, во незадоволство и несреќа, бидејќи тоа влијае на квалитетот на живот.
    Во животот сум била и на дното и на врвот и во средина. И сум почувствувала се'. Знам се' како е. Кога сум во добар период во животот, позитивна сум и оптимистична, наоѓам убавина и радост и во ситници. Кога ќе се најдам во лош период, молчелива сум, понекогаш песимистична. Не прикривам емоции, расположението ми се гледа и на лицето и во однесувањето. И ако се насмеам, се забележува дали е од вистинска среќа или чисто онака. Или тонот на гласот. Го живеам и преживувам сето тоа но не сакам така да остане туку да го надминам тој период затоа што повеќе ми се допаѓа да бидам позитивна и оптимист, нормално. Кога бирам да гледам на убавините околу мене, не значи дека гледам со розови очила и не го гледам и лошото. Го гледам, само бирам на што ќе ставам акцент.
    А во животот има периоди и време за се'. Едно ќе помине, друго ќе дојде и така во круг.
    Некои ги гледам вечно насмеани и расположени и само трубат за позитивност, е за нив не знам дали навистина секогаш се' им е полно и рамно или се токсично позитивни. Па една таква што има во био на социјални мрежи ставено: Positivity is a choice. И ајде ова објасни го на депресивна личност. Уште подепресивна ќе стане.

    Еве ќе наведам уште еден пример:
    Ова се случи пред некоја година, отидов на стоматолог и седнав во ходник да почекам додека заврши пациентот пред мене. Никој друг немаше и одеднаш почнав да слушам еден разговор, поточно монолог, од една од другите ординации. Почна гласно да вика една жена, зборувајќи и на друга што беше кај неа дека не смее да биде депресивна, не смее да мисли на самоубиство, има деца за гледање, имало убави работи во животот итн... Се запрепастив. Очигледно некоја жена и' се доверила дека нешто ја мачи а оваа 5 минути зборуваше и не кажа ништо што вистински би и' помогнало на жената во таква состојба. Наводно позитивни работи искажа (според неа), но сето тоа беше јалово.

    Друго, има луѓе што, кога ги гледаш, си мислиш супер се, сосема во ред изгледаат, а тие уствари во тишина се борат со свои битки и предизвици. И тоа не значи потиснување и негирање и воопшто не е токсична позитивност. На пример, на работно место се знае дека треба да бидеме прибрани и стабилни. Ако работиме со луѓе, да бидеме љубезни. Како што пишаа поназад, тоа е професионалност. Исто, треба да бидеме прибрани и стабилни и во јавност. Тоа не е неприфаќање и бегање од непријатните емоции, туку справување со нив.
     
    Последна измена: 2 март 2024