1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Travel buddies

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од enaena, 20 јули 2015.

  1. enaena

    enaena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    119
    Мислам дека немаме ваква тема..

    Ми фали друштво за патување во многу ситуации.. Баш кога јас сум слободна и финансиски спремна, сите околу мене се зафатени или шворц :)

    Мислам дека можеме да имаме една ваква тема, каде што ќе пишуваме каде би сакале да одиме и во кој период и да си најдеме друштво.. Мислам дека патувањето е секогаш подобро во друштво :)
     
    На Alex.T, kolovoz, bertold и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Мене ми фали друштво за патување. Слободен сум, но не сум финансиски многу опремен, па така да, би чекал некоја слободна и финансиски спремна и да одиме да се дружиме и патуваме.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Често сум во ваква ситуација и токму поради тоа летово бев на еден викенд сама во земјава. Може газдите ме гледале како чудак ама јас супер си поминав. Шетав кога сакав, спиев до колку сакам, јадев што сакам и пиев кафе кај сакам. Инаку сум прилагодлива личност. Шетам согласно финансиските можности. Ти збориш за патувања во Македонија или странство?
     
    На blackwave, kolovoz, sonce777 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Вака читајќи те те замислив како дечко со 25 години, со автомобил, со друштво и шеташ постојано некаде. Така ми остави впечаток дека си доста шетан.
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Не сум баш шетан. Има и пошетани од мене. :D
     
  6. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Кај нас во Македонија патувањето сам е сеуште нешто чудно, но многу многу често луѓето по странство си патуваат сами, само по booking, expedia кога гледам во ревјус колку има solo traveler.Ние сме мала држава па најчесто имаме најдобри пријатели кои живеат во ист град со нас и полесно е да се договориш, ама по странство како што патуваат и ротираат на работни места ако чекаат да се погодат...

    Секако и кај нас е тешко посебно кога веќе имаш кариера и постојана работа не може кога ти текне да земеш одмор.Ама ако си ситуиран ако имаш можност зошто да не се појде и сам, па понекогаш поубаво сам и посигурно отколку со некој прв пат го гледаш, не знаеш што човек е, може да ти упропасти и одмор/патување и све.Плус по странство и излегувањето по барови/ресторани/дискотеки не се смета за ништо чудно.Мислам дека за наш менталитет огромна храброст треба додека да се решиш да појдеш, од како ќе се решиш и ќе си поминеш убаво, ќе ти стане навика :)
     
    На kolovoz, Elena69221, glosipgirl и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас не би те гледал како чудак. Тоа е нормално да си шеташ сама кога нема со кој. А тие што гледаат на тоа како чудаци, јас па нив ги гледам како чудаци.
     
    На kolovoz, LaraSolare, ceca-1 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Епа јас за да го посетам тоа место 2-3 години договарам и друштвото или нема пари, или нема време, или прифаќаат првин и пред заминување откажуваат. Ќе кажат ок одиме и кога треба да се резервира сместување откажуваат.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Е затоа е најдобро сам.
     
    На kolovoz и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Zocizoci

    Zocizoci Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Работам како freelancer и сега имам можност за патување надвор од мк. Но сите оклу мене си имат постојана работа и тешко е да се организираш.
    Кој бара друштво за патување слободно нека ми пише :)
     
    На Marick14 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. AleksandraG

    AleksandraG Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Имам 18 години и најмногу што сакам е да патувам но некои од другарките не ги пуштаат од дома или не се во добра финансиска состојба па дали сака некој/а од вас да шатуваме секако прво да се запознаеме
     
    На Zocizoci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Може за Малдиви, Бора Бора, Тајланд, Канарски Острови? :angel::angel:
     
  13. AleksandraG

    AleksandraG Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    da :P
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Епа тогаш јас се пријавувам да патувам со тебе. :$:lol:
     
  15. AleksandraG

    AleksandraG Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    епа супер
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    296
    Зошто не е активна темава? Баш е супер
     
  17. NoName77

    NoName77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Се зачленив на форумов само поради темава :D
    Има ли кандидати за одење некаде за викенд или новогодишно?
    Ај нека ми пишат лп :D
     
    На MrKJ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Еј стварно добра тема. Ајде номади. : )
     
  19. rebelde way

    rebelde way Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ми привлече око ова многу.. Баш сакам летово(а веќе е при крај) да одам некаде,а немам со кого...
     
  20. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Помислив да ја отворам темава, кога оп ја имало веќе :D
    само штета што воопшто не е активна. :?:

    Во 2020 требаше да патувам за Занзибар и добро беше од агенцијата што те спојуваат со друг што патува сам, ама дојде корона и ништо од тоа.

    Оваа идеја мене ми е супер, зашто лично тешко можам да се погодам со друштвото за патување, или пак сите исклучиво патуваат сами со партнерот или со некој друг пар (алергични на самци). :D

    Веќе имам патувано сама во неколку наврати во Мк и ми е скроз океј, ама секако дека си има убавина кога патуваш со некого заедно. :sun:

    Секако пред да патуваш со некој треба и да се запознаеш и да видиш дали имате слични интереси околу дестинација, а и навики од секој аспект околу патувањето.

    Би било супер малку да ја активираме темава и нормално да станеме travel buddies ако има заинтересирани. 8)
     
    На Tanjamm и Alex.T им се допаѓа ова.