Овие кармините што во моментов се на акција во ДМ какви се? Ги пробала некоја од вас? Ги гледав денес, ама на крај ги заобиколив. Не сум користела досега кармини од Trend it up, немам идеја какви се.
Денес конечно ја пробав, лесна е за блендање и трајна (ставив слика во вашата шминка, па види како изгледа на око ако сакаш ). Ја сум задоволна, убава палета е
Ќе ја купам, ако ја најдам. Не ја гледам последниве неколку пати кога одам во дм. Али фала ти на споделеното искуство
И во дм во Капитол ја има, јас од таму ја земав секогаш се снабдени со се. Може и во тој дм во Веро Џамбо да ја има, пред некој ден ја видов баш и таму секогаш скоро се имаат.
Здраво, одамна го немам користено профилов, но сакав да прашам нешто. Имам мрсна кожа и искрено преку глава ми е од течни пудри со кои светнувам за 1 час. Во дм ги видов пудрите во прав на trend it up но се мислам меѓу камена и компактна. Всушност која е разликата, затоа што сакам пудра која ќе ми даде покривност и нема да светнам, но без да употребувам течна пудра одоздолу, т.е сакам да ја користам самостојно.
Каков е тој тушот за очи што е на акција во моментов во ДМ? Водоотпорен, 125 денари. Четкичката ич не ми се допаѓа вака од сликите, ми делува многу кратка. Го пробала некоја од вас да каже каков е? Ич да не го земам ако не го бидува, да си барам друг.
Некој да не ги пробал новиве производи од trend it up? И која цена се отприлика? Особено палетата убава ми личи, ми фаќа око.
Не, се премислив, не ја земав, имав слични нијанси од други палети и викам ај да не трупам само шминка дома.
Имам една друга палета од trend it up и добра и е пигментираноста. Би требало тестерчиња да има од палети, бар од нивните брендови често сум гледала тестер палети, па така евентуално да видиш отприлика како е палетата. Тука јас како што гледав кај девојкава што снимала видео со палетава, убаво се пигментирани сенките, така делува.