Бев во парфимерија и разгледав некои производи од оваа фирма.Имаа убави бои на производи,и се мислам дали да си купам нешто колку за проба.Е сега прашањево ми е: -Дали некоја од вас има нешто користено од оваа фирма,и колку сте задоволни? Мислам дека нема ваква тема,а ако мислите дека не е потребна слободно клуч. Еве некои нивни производи \
И јас баш денес гледав, не се нешто ефтинки работите. Мал бронзер зедов 180 денари,али ств мноогу мал е,али убав е ,како што беше и тестерот така и на себе кога ке го ставиш исто е ,ни поблед ни потемен. Мислам дека ми рекоа Грчка фирма било,ама не се сеќавам баш. Се на се убави производи имаше
Пудрите им се добри. И течната и камената. Црн креон имам, многу убава линија остава ама многу брзо се брише. Маскарата многу е течна некако. Не ми се допаѓа.
Сјајчињата се прекрасни! Јас имам едно, праскеста боја, со сииитни убави светки! Не се многу лепливи, а траат!
Ја имам течната пудра и можам да кажам дека е супер за секојдневна употреба. Одлично одговара на нормална до комбинирана кожа. Има и добра покривност и не е тешка пудра, и што е најважно и откога ќе се испотиш пудрава си останува на свое место, не се размачкува и растекува. А тоа мислам е најважно во овие топли денови.
Каде ги има производиве? Посебно ме интересира течната пудра, ми треба некоја за секојдневна употреба, па затоа и да не е многу скапа.