TV Box (нова македонска серија на Телма)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Co0kie, 6 октомври 2017.

  1. Co0kie

    Co0kie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Не сретнав тема за новава серија, но доколку има или ви смета, слободно клуч / канта. :*:

    Опис: Од 16 октомври, со почеток во 22:00 часот, телевизија Телма ќе почне со емитување новата македонска телевизиска серија – ТВ Бокс. Серијата е работена според истоимената театарска претстава, која е прв проект на независното здружение за афирмација Луменетика Проект. Серијата е работена во копродукција со 3Д Проџект Студио, во режија на Златко Славенски, a во неа играат: Ангела Стојановска, Ирена Мирческа, Васко Костовски, Христијан Поп Симонов и Владанка Димковска.
    Дејствието на серијата се одвива во една телевизиска станица, каде што имаме шанса да видиме како изгледа животот на телевизиските лица пред и зад камерите. Како вработените во телевизијата се справуваат со последиците од нивните одлуки на приватен и професионален план? Како се одлучува што ќе биде прикажано малите екрани во оваа ера на т.н. пост-вистина? Комбинирајќи ведар пристап и сериозни современи теми, ТВ Бокс ги опфаќа проблемите со кои се соочува современиот човек: од политиката до сексот, од готвењето до депресијата, од љубовните врски до корупцијата.
    Тргнувајќи од идејата за се внесе нов бран на енергија во телевизискиот етер и да се промовира нов начин на актерска игра, Луменетика Проект во овој проект ја комбинира креативната енергија на актерите со онаа на повеќе музички бендови, сликари, писатели, филозофи, луѓе од најразлични сфери кои со своите идеи ја надградуваат идејата за креативноста.
    Во свет во кој општото мнение помалку зависи од објективните факти отколку од апелирањето кон емоциите на мнозинството, ТВ Бокс е плод на анализирање на процесот на „пакување“ на информациите од страна на медиумите во еден кохезивен пакет наречен „вистина“ и влијанието кој што истиот го има врз поединецот.

    (текстот е копиран од fakulteti.mk)[​IMG][​IMG]