Ако ги читате книгите, обавезно да ги читате на Англиски....ми се чини нема филинг ако се преведени...и плус ако не знаевте сега на 12ти април излегва официјалниот водич....порачан ми е од пред еден месец... ги сакам филмојте, ама книгите се екстра.... ги имам прочитано неколку пати а филмојте првиот неколку другите само по еднаш. особено сум разочарана од Еклипс. катастрофа презентација на книгата. Бела цело време само тажи нешто во филмот, не може да се насмее а во книгата баш е среќна и вљубена до уши. се надевам дека последната книга нема да ја зафркнат на ист начин
Книгата е секогаш подобра од филмот. Ако сте го гледале филмот и ви се допаднал, обавезно да ги прочитате книгите. Мене најмногу ми се допадна Еклипс и ми беше ептен жал за Џејкоб
...читајќиги книгите откриваш нов свет и работите ги гледаш од своја страна...Колку и да го гледам Роберт Патисон во ликот на Едвард, секогаш те тера да си составиш свој лик за Едвард и за сите други ликови во книгата...преполна со емоции, преголемата љубов помеѓу вампир и млада девојка која е свесна за последиците и се бори понатаму ги разнежни срцата на огромните обожаватели на Стефани Мајер и сагата Самрак...навистина сум фасцинирана ги прочитав 5-те книги и сум презадоволна навистина се прекрасни...се чека 6-та која сеуште не е сигурно дали ќе биде издадена но сето ќе е прераскажано од преспрективата на прекрасниот вампир Едвард....
да 4 дела или книги писателката ги има публицитано.5 дел или Мidnight Sun,е напишан,ама шансите да се издаде таа книга се нула,заради тоа што,писателкава ја доверила книгата на некој близок му ја дала да ја прочита и потоа да и каже мисленје,ама типот или типката ја објавил/а книгата на интернет и сега таа е револтирана и несака да ја публицира а инаку Мidnight Sun е уствари првата книга истата (Twilight) само од гледна точка на Edward и е многу многу интересна http://www.stepheniemeyer.com/midnightsun.html
се надевам девојки ке можете да ми помогнете.дали книгите the twilight saga na stephenie meyer се продаваат во Македонија и на македонски јазик,и ако да каде можат да се најдат,јас ги имам на англиски и ги имам прочитано по 2 пати,и дали воопшто такви книги со вакви вампирски романтични содржини можат да се најдат во нашиве книжари и строго да се преведени на македонски
Ги прочитав четирите книги и ептен ми се допаднаа. Во ептен краток период ги прочитав четирите и малку забегав Сега сакам филмовите да ги гледам ама не се ни сомневам дека книгите се поубави
5 се издадени... Twillight New Moon Eclipse Breaking Dawn The short second life of Bree Tanner а 6-тата е Мidnight Sun, која не е сигурно дали ќе биде испечатена
Да, ги има во Три книжарниците, таа издавачка книга ги преведува на македонски цената е 500денари на една книга сега можно е да се на попуст ( летен) Поздрав )))
Дел од моите омилени книги! Омилен дел ми е Еclipse само зошто Џејкоб добива некав шанса со Бела. Книгите и филмовите се многу различни, и книгите се многу подобри. Ова зборам за српскиот превод и оригинално англиски. Ги немам прочитано на македонски ама од тоа што ги гледав во книжара многу се разочарав од преводот.
Филмовите ми се интересни, книгите ги немам читано, ама ај че биди и то, сум ги гледала без да трепнам, и никогаш нема да ми се здосадат... иначе омилен ми е Edward
Леле како тоа да постои темава а јас да не сум ја видела до сега???? Срамота Ричи, срамота.... Па да бидам искрена, не сум ја прочитала книгата ама па затоа филмовите сум ги гледала едно 10на пати И Едвард ми е човекот од моите соништа, поточно кажано ВАМПИРОТ од моите соништа Ма каков Џејкоб какви бакрачи.. Имал убаво тело и што?? Едвард на филмот е машко кое секое женско би го посакало покрај себе. Совршенство... И јас би постапила како што постапува Бела, па за оној човек вреди и да се повампириш http://www.youtube.com/watch?v=rzjDlUwtNpc ПРЕКРАСНО СУШТЕСТВО!!!
се придружувам на twillight обожавателките, летово ги читав на англиски а сега можам да се пофалам дека си ги купив на македонски и ги прочитав во еден здив. Секако дека книгите не можат да се споредат со филмот, ама тоа е.
Не можам да се вбројам себе во верни обожавателки, ама не ми пречи да ги прочитам книгите. До сега сум ги прочитала првата и втората книга, а за тие понатаму не ми се даваат бе по 500 денари. Могу се! Не сум фасцинирана од филмовите, ниту пак сум некој особено голем фан на книгите, но кога ќе направи човек споредба и не се толку лоши. После некоја потешка книга, или пак книга што ме заморила (запишувам се што читам), се префрлам на нешто вакво, полесно што нема да ме преоптерети.
Уште еден Twilighter тука... Па незнам по колку пати сум ги прочитала книгите а незз колку сум ги гледала и филмовите, и никогаш не ми стануваат досадни... Пред негде 5 години кога го открив Twilight станав по малку опседната со се што е поврзано со филмот и книгите,со душа чекав да излези некој нов трејлер или барем мало видео од десетина секунди од наредниот филм,ги прочитав сите книги во една недела, но тој период траеше некаде додека да излези Еclipse, односно додека да дознаам се што е возможно и за филмовите и за актерите, па потоа конечно се смирив и ги дочекав последните два дела како нормална личност хаха xD Едвард е совршен,филмовите,целокупниот избор на актери,и особено крајот на приказната. forever.
Ги имам изгледано и петте дела од филмот.Летото ја земав книгата од првиот дел,ја прочитав и иста е како филмот.А другите делови од книгата ќе ги прочитам следното лето кога ќе сум слободна.
Овде ќе ви ја пратам сестра ми. Не оти филмот многу и се свиѓаше, него глумецот.. и ме напиња да и правам друштво да ги гледаме, да и ги симнам, да и ставам превод.. Некој ден чекам постер залепен на сред соба, иако е 25 годишна ЖЕНА. Срам е било.
Незнам колку пати ги имам исчитано сите 4 книги, и изгледано сите 5 филма. Абе мислам дека им ги знам сите реплики на памет. Премногу ми се допаѓаат и обавезно кога сум за литература за уживање седнувам и во еден здив повторно ги препрочитувам.