Многу си ги сакам, веќе еден пар искинав па пред две години си купив втор пар, не оригинал ама издржуваат сеуште. Кога ме мрзи да се мислам што како, а надвор студи - оп чизмичињава на мене и си шантрам лево - десно. Нешто како тегет ми се - на све иде! Сукња, фармерка, фустан, све бе све! Баш вчера се спомнуваа некаде оние од Еуроазија, епа јас не се сеќавам колку чинеа ама ако чинат до 2000 срам да им е што крадат толку за најобична имитација! Оригиналот (за мене несфатливо зошто) е едноставно прескап. Цените им се движат од 100 - 120 евра и тоа за основни модели
Отпрвин не ми се свиѓаа, ама некако во последно време ми станаа ужасно симпатични. Сакам да си купам едни кремасти, не се скапи, а баш слатко стојат!
Ги имам оригиналните, и купувањето на чизмиве беа најдобрата одлука во мојот живот. Лесни се за облекување (што најмногу ме радува), се прилагодуваат на се што ќе носите (фармерка,тренерки,хеланки со туники).. Идеални се за зима, топлат премногу ! Ги купив лани од странство, и планирам да си купам уште 2/3 пара годинава!
Јас ги купив од Лептокарија уште пред Нова Година,за 500 ден,мислам дека уште се по толку...преслатки се,знам дека не се нешто квалитетни и еве почнуваат да се искривуваат,ама зимава ја истерав со нив,издржаа Планирам да си земам уште едни,ама сега такви плетени,ко чорапчиња,многу ми се убави
Само што си купив едни од Caliope, црни. Ќе видиме како ќе се покажат, али у секој случај, за 400 денара нема да ми биде жал и два пати да ги облечам
Австралискиот бренд Jimmy Choo x UGG, дизајнира интересни топли чизмички. Овие чизмички се излезени во продажба во лимитирано издание. Like it превземено од iLike.mk
Пред некое време ми донесоа вакви од Австралија, кафеави се но сега се стоплува времето и нема кога да ги носам па морам да чекам до есен Инаку ми ги донесоа без мое знаење, мене ми се симпатични не се нешто посебни и навистина личат на влечки за по дома. Кога ги видов за прв пат не ми фатија око толку но сега кога ги имам со сигурност ке си ги носам Инаку за тоа дека топлат не се ни двоумам.
Јас зимово си купив црни од Калиопе и добро издржаа, се искривија да ама ги носев 3 месеци, а ги земав 1000 ден. Мене нозете ми се секоја зима многу, многу ладни и тоа ми е ОГРОМЕН проблем. Топлат 100% и се стварно удобни! И мене ми се како влечки за дома ама не ме интересира, тоа ми беше последната надеж за да си ги загреам нозете