ugg boots се викаат бидејки се скратено од ugly boots (грди чизми) во смисла дека се грди а сепак голем број ги носат и се ви мода иако се грди на изглед. инаку, јас немам но многу би сакала да имам. Една другарка има и за во зима се многу добри бидејки многу топлат. само штета што се само за суво време.
Јас ги ОБОЖАВАМ UGG's чизмиве Имам 3 пара многу се удобни а и скапи се! 2 пара купив од Америка и ги платив по 100 долари,а другите ми се од Германија и ги платив 200 евра! Во Македонија има но не се оригинални!! Јас секогаш ама баш секогаш во зима ги носам!
Црешичке, да знаеш дека не пропуштаат вода, нормално ако се квалитетни и оригинални. Една другарка си купи од кожарата во Велес, и освен што и изгледаа водени одозгора, друго ништо не почувствува. Планирам и јас да си купам зимово, дооста практични се.
ги има во Македонија можеби да оргинал кај нас некој да носи немам видено а тие како што се како папучи за дома ги носат да бркат мода некоја би носела само оргинал...
Јас си купив пред 2 год. мислам... од Калиопе беа,веќе не сум видела да продаваат .Беа 1500 ден. Светло кафена се,ги купив такви оти ги гледав овие познативе такви носат. Еве и зимава можда ке ги носам
Имам и јас едни од Калиопе, светло кафеави се, и доста се удобни ама ич не ми се допаѓа како изгледаат. Затоа и поретко ги носев зимата. Инаку дека се многу удобни за носење не станува збор.
Мене ми се многу симпатични, но лани не успеав да најдам онакви какви што сакам. Сега за на есен се надевам дека ќе има некој поголем избор.
Да бидам искрена прв пат кога ги водов мислев дека се катастрофа но сега ептен ми се допаѓаат... преслатки ми се
Јас немам но би сакала да имам. На почетокот кога искочија ми изгледаа како грди се додека не ги видов на другарка ми колку убаво и стојат и како за миг од никави со добро искомбинарани работи изгледаат убаво.
како помала имав пар вакви чизми, памтам бели беа. али не ги носев нешто многу освен за низ дома и за до продавница евентуално. зимава паметам ваков вид на чизми видов во Terranova, а истите чизми ги видов и пролетта (од тоа што никој не ги беше купил, а беа можеби 6-7 пара). сега да ги гледам ми изгледаат како топлинки, така да не би ги носела.
Па да. Оваа зима сите изнакупија. Искрено, првиот пат сите те гледаат како да си паднала од Марс, но многу се комфорни и топлат.
Мене овие чизмиња ми делуваат ептен слатко, невино и детско - го будат детето во мене! Планирам да си купам 1,2 пара есенва, па ке видиме. Инаку, не се (баш) погодни за на дожд, right?