Рајт! Јас си земав лани и ме фати еден ама ептен јак дожд и стапалата ми пливаа внатре али сеуште се читави па планирам да ги носам и ова зимо.
Си ги имам и си ги сакам. Другарка ми стално и вика, овие се ко измислени за тебе, зошто имам слаба циркулација, па нозете ми се секогаш грч во зимо. Топли, меки, ах љубов Сиви се, не се многу високи, со панделка од страна, како ми одговараат со бело капутче, убавини. Годинава ќе си земам пак ама повисоки.
Многу се убави, имам едни кафени но ги немам облечено. Не сум сигурна за шо се искрено, некои на улица ги носат (како што и јас би сакала), некои ми рекоа за низ дома дека биле, по филмови и серии по дома ги носеле.
Пред едно 3-4 години кога кај нас никој немаше вакви чизми, другарка ми во Австралија носеше, и баш на една слика кога ја видов и се изнасмејав и и реков каде шеташ со тие топлинки? Ама сега многу сакам едни, и планирам да си земам кафенки, гледам есенва ќе се носи кафено. Секако многу не обожавам да се дотерувам особено не во зима и да носам штикли, па и ако падне некој снег за каде сум во нашиов град од стрмнини и ридови, ќе треба да скијам Би си земала едни обични кафени, несакам наџиџани многу, сакам на се да си ги изнаносам. Ама не би дала многу пари за нив, сериозно, до кај 1000 денари наааајмногу би дала за нив, а повеќе нема шанси. Сепак не е нешто што ќе ми опстане како што ми се патиките конверс буквално не сум излезена од нив а мака немаат, ги имам 2 години веќе. Да лупнам пари за нешто што незнам дали ќе ми трае барем 2 сезони нема шанси.
Впиваат боље од always улошки .... не знам не ми се ко за на есен во тие врнежи ... Повеќе вака ко за лево десно напред назад ... Слатки се ги лајкувам . Во најскоро време ќе купам . Мерак ми прават
јас имам вакви крем боја,ги носам за дома,ногата многу ми ја топлеа,уживанција а оваа година планирам да си купам уште едни
Не ми се допаѓаат баш. Од сите па само на Ирена на првата страна што се постирани ми се допаднаа, Нив можеби би ги носела , другите но шанс
мене ми се преубави многу ми се допагаат посебно крем боја многу ги носат во срансво а интересни се затоа што во зима прават да ти е топло на ногата а во лето да ти е ладно .
Слатки се, но не би ги носела на училиште или за искачање како што се носеа интензивно оваа зима. Мислам дека секое второ девојче ги имаше, изгледаа како во униформа. А и у осталом ме потсетуваат на оние „топлинкине“ кои ги носевме во градинка..
Баш слатки се. Ама, овие шариве не би ги носела. Јас имам црни со некои монистра на нив. 150 денари си ги купив, убаво се сеќавам, ама пак ептен ми се убави!
Неќна, во понеделникот, мислам дека ги видов во Њу Јоркер и Теранова. За Њу Јоркер не сум сигурна баш, ама во Теранова мислам дека ги имаше. Инаку, неќна си ги најдов моите, кафеави, и дефинитивно ќе ги носам зимава!