Јас имам едни кафеави ама до колената се, не се вакви кратки, искрено ги утепав од носење...за грди, да, грдички се ама топлат и тоа како, јас како што си имам проблеми со циркулацијата и нозете секогаш ми се ладни, за чудо овие ми ги стоплуваат.Ги имам многу одамна уште пред да почнат да излегуваат тука, на другарка ми тетка и и ги донесе ама нејзе и беа мали и ми ги поклони и еве има 3 мош и повеќе год како ги имам, оваа година малку се распарталија ама уште служат. Вака изгледаат грдо ама кога се искомбинираат слатки се бе, и убаво стојат на нога, што знам мене ми се удобни и доста добра инвестиција па макар и дома место папучи да ги носиш, се исплаќа.
Денеска си купив и јас вакви! Имаше попуст во Пеко, па си ги земав за смешна сума, а се до под коленици. Ептен ми се по ќеиф, некоја нежна кремаста, сивкаста, белузлава боја се. Јас би и црни, ама немаше, па греота е да не ги земев за таа цена. Нема врска, многу ми се убавки. Еве вакви слични се, троа повисочки. Спојлер
Во Теранова има сиви со бело „крзненце“ 1599 мислам беа. Ама некако не беа убави, барем мене не ми се допаднаа
јас денес си купив едни вакви моите се кафеави,темно,ги зедов 30 евра,и многу ми се убавиии,сани купив бели(многу ми се прљаа ) ииии така,сега и по дома ке ги носам ..
Дишете сите. Мислев на Пеко во Велес, значи го земав последниот број. Е, земав 41, (инаку носам 39/40) затоа што тоа ми е точно на мускулот на ногата и во ширина. За должина, една влошка и ќе терам. Платив 1 200, што е супер цена за високи и напоменувам, квалитетни чизми од Пеко. Ми рекоа дека попустот продолжувал најверојатно и од понеделник, така да, ако можете, отидете и видете. Ова важи и за другите Пекиња во Македонија. Имаше или ептен големи, или ептен мали бројчиња. Едит - Сега ми текна. Јас планирав да зимам угг од кожарата во Велес. Ако некој сака, цените се 1 600, работат и по нарачка, во смисол на боја, бројче итн... Квалитетни се, гарантирам. Другарка ми цела зима ги отепа од носење, не и пропуштија. За тие пари, вредат.
Луѓе сакам и јас да си купам вакви, ама ме интересираа дали пропуштаат ? Пошо сакам и за на снег,дожд да си ги носам
мене ми се многу слатки, башка и топлат.. убаво стојат на фармерки, туника ..... познативе ги носат многу.. во план сум да си купам
Порано одвратни ми беа им се смеев на сите што ќе ги видев со овакви чизми...викав дека на топлинки испаднале...но со текот на времето ми се смени мислењето и почнаа да ми допаѓаат...стварно стојат многу добро на фармерки а башка и топлат...ама не е убаво тоа што многу пропуштаат...зимово ако си најдам убави и ако не се многу скапи ќе си купам барем да имам едни чизми во кои нема да ми смрзнуваат нозете.
Му порачав на еден другар од Англија да ми донесе...Се израдував како детенце кога ми кажа дека нашол. Можеби тука повеќе ќе ги платам и пак нема да се оригинал Едвај чекам декември
Во Евроазија ги има уште, намалени се од 2500 на 2000, а моделот и ист како првата слика со првото мислење што ја поставила блек енџл.
Си купив вчера, ама од тие плетените, крем. Ептен ми се симпатични, ма да од моиве дома добив ептен безврска критики, како и да е. А колку се удобни па.. Бојата ми е нешто помеѓу овие, ни толку светла, ама не ни темна како вторите: Сега уште да залади времево..
Супер се, си шеташ низ улици, а чиниш како дома да си по папучи....Ама да не те фати дожд Моите се скинаа, сега барам нови
Јас имам и многу ги сакам, сигурно се имам и изјаснето на темава. Планирам уште два пара да си купам Туку дојдов друго да кажам во врски со чизмичкиве Не чекајте зима и снег да падне да ги носите, зашто со овие на снег ќе летате ко со скии многу се лизгаат, така што да залади уште малце и слободно облакајте (препорачливо - носење на суво )