MandyLane и јас такви едни плетени пробав во еуроазија и добив забеган коментар од мајка ми дека се ко калчинки Сепак и мене ми се допаѓаат. А за обичните во еуроазија само тие изложените им се и немаат ни броеви, а и боите не ми се допаѓаат. Инaче да се пофалаам. Конечно и јас си купив, од humanic и тоа за 30 евра! Еве ми ги: Спојлер Се гледа дека се квалитетни, убав е материјалот и крзното внатре е дебело од тоа убавото мазно.
Јас денес си ги носев моите светло-кафеави UGG на школо и сите ме прашуваа од каде сум ги купила! И плус, многу добро ја имав искомбинирано мојата облека, така да денес беше полн успех!
Сакам да прашам...? http://www.hm.com/us/product/92221?article=92221-A кај можам да најдам од овие ? и цена ? инаку од струмица сум
Сакам да прашам...? Рашетај се низ чаршија и Глобал па можеби ке најдеш а инаку нешто слично видов лани во Џордан во Глобал што е ама по се изгледа рано е уште да излезат. Позз
знам дека ги имаше но тоа беше лани-полани веќе ги нема мислам,но сепак ќе видам пак,за по дома ми се супер
Ве молам кажете ми за квалитетот на чизмичкиве овде во Скопје? Јас моите во странство ги земав и беа со врвен квалитет (ама ги доносив), а овие овде малку ми се сомнителни....
^^ Ако купиш од Теранова, Калиопе, Њу Јоркер векот им е една сезона, т.е. моите толку издржаа, се искривија и не планирам да ги носам пак да ми се искриви и стапалото Среќа не се екстремно скапи па за една сезона проаѓа некако! А во Евроазија има демек UGG е сега дали се оригинал или не не знам, цената им е околу 2500-3000 мислам или малце под 2500 денари, ми се чини дека сепак се малце поиздржливи од другиве.
јас би сакала да ве прашам дали овие чизми се за на снег т.е дали се за намокро време.. Конкретно прашувам за типот кои се продаваат во теранова калиопе кои не се поскапи од 1200 денари. Пропуштаат ли или се одлепуваат? фала ви однапред
Не се за доздливо и снежно време.Не ти препорачувам,а и не се наменети за тоа,јас лани си ги изнаносив.Купив од Ofice 50 E беа,после на крај зима ги снижија на 2000ден.провери таму квалитетни се.Моите се со гума на ѓонот обложени не како обична папуча за по дома
Јас кога прв пат ги видов овие чизми ако смеат да се наречат така,си помислив кој ли би носел вакви,но моментот кога видов две мои претпоставени на работа како се фураат и фалат дека носат,прво ги созалував бидејќи сигурно незнаат дека не сум многу импресионирана од обувките а они џабе некој филм ги мава.Искрено најпрв пат кога ги видов мозеби звучи просто но мислев дека тоа се некои топлинки од оние по дома сто се носат ако има несто сто не е мој стил тоа се ваквите Угг буутс ствар укуса
Лани добив едни угг од Австралија. И ги носев за дома, како папучи, топлинки или како што вие љубите да кажете. Па мислев дека се за дома де, а тие што ми ги донесоа не ми напоменаа за каде се. Си се натоплив цела зима. Сега се мислам дали да ги носам за надвор, некако не ми се бе... Материјалот и квалитетот не ми личи како за чизми за надвор, макар само за во суво време. Удобни се, убави, топли... Можеби пак ќе ги носам за дома, можеби ќе завршат во отпад.
На изглед изгледаат толку удобни и меки, а и многу се слатки. Немам, ама може ќе си купам сезонава. И познатите ги носат.
Многу се срцки! Ми се допаѓаат во крем нијанси, но најмногу кафеави, како на последната слика што ја постави Monna.Monna. Убави ми се такви, слатки, топлички, урбан стил, опуштено. Ама не ми се даваат пари за топлинчиња. Сега ќе си ги купам љубовчињата, мартинки. И овие ги сакам па. <\3
Си купив еднаш пред 4-5 години од Битола, бели беа, со ремчиња горе и ниту еднаш не ги облеков, многу ми се грди за изглед и никогаш не би облекла за надвор и завршија кај мојата помала братучетка Тоа е моето мислење
За оние кои прашуваа каде да најдат ефтини ваков тип на чизми, видов денес долу во кинеската во ГТЦ , мислам беа 750 денари. Имаше во неколку бои, црни, крем, кафени...