во NEW YORKER имаш три вида.. обични кремасти за 990 , кремасти со леопардско крзно за 990 и кремасти со крзо целите од надвор за 1499 инаку од каде ти се? многу се убави
Не знам на кој кинески мислиш поточно, ама во Гари имаше, по 700 и 750 ден. Беа истите како на постираните слики (еднобојни), ама кинеско си е кинеско . Купив и јас, за 700ден. не жалам, една сезона нека ми истраат.
Денеска си купив ugg booots и морам да признаам дека многу се добри(освен тоа што кога ќе ги облечам ми се меки и топли и со тоа ми наликуваат на топлинки). Во теранова имате сиви и кремасти.Цените се движат околу 1200 денари
Јас лани си купив кремави и ептен си ги сакам. Многу топлат кога е најладно. Единствено тогаш ми се топли стапалата На почетокот малку кога одев се осеќав ко мече , чудно се движев И приметив после некое време дека од позади кога ќе ги погледнам ми се искривија навнатре. Дали и на некој друг му се случило истото со нив, да се искриват?
mislam deka zimava ce bidat hit .. mene licno ovie nekolku modeli mi se dopadjaat. imam zemeno od terranova edni prosla godina i ok e za tie pari, http://tiny.cc/g5d4g
без навреда ама овие беа хит пред 2-3 години. ја преклани и лани ги носев . кремави имам. оваа година нема шанси. некако ептен ми се одмилија. не ги сакам сеа ич. a и сите ги носат, па не сакам да бидам униформирана. а и оригиналните ugg се по 100 евра, овие што се продаваат кај нас немаат блага веза. и не се чизми за во зима. пуштаат вода. верувале или не, ја овие ги имам гледано да ги носат по плажа на страна. вака нешто у овој фазон ова на плажа ептен нездрава работа е , ама не се ни за у зима тоа сигурно. ја најчесто си ги носев на боси ноџиња уште кога не беше многу ладно времето, но ни претерано топло. овој стил :
мене не ми се свиѓаа прелани, лани ми се засвиѓаа ама други над колена си купив така да оваа година не ми бегаат, може вееќе им помина модата на некој начин ама мене ми се најомилени а и така сме назад со трендовите сакав јас да прашам, си пробав во теранова, незнам колку беа (1200/1900), дали се квалитетни за цената секако и дали некој ги има да ми каже задоволен, не?
Да,и мене исто навнатре,моите се црни и од поскапите и пак малце се подискривија Баш исто и јас се осеќав,како мече,многу ниски ми беа и лесни хахаха не сум навикната на толку лесно нешто но ги обожавам.
Јас овие не ги сметам за мода па да поминат. Американците ги носат 7-8год наназад (барем ова јас колку што имам видено, а кој знае од кога ги носат) и ги носат сеуште. Едноставно се работи за удобност и практичност, ништо повеќе. Кај нас тука пред година две станаа тренд Јас лани лето на плажа ги носев цело време, не преку ден, него навечер коа е така заладено. Ама од оние "празни" внатре, не со крзно. И баш се супер за оваа намена
Вака да ги искомбинираш, ми е мнооогу типско, ама овде кај нас ако излезиш ваков на улица очи ќе ти превртуваат .
^^Кога ќе се ослободиш од чуството дека некој можеби превртува очи, е тек тоа би бил живот Не си создавај непотребни ограничувања заради други луѓе или заради тоа што ќе си помислат другите, и онака е најбитно ти што ќе си помислиш и како ќе си се допаднеш. Облечи што ти душа сака ако тоа те прави среќна Инаку ова горе не е ништо за паѓање во несвест, најнормална, casual комбинација. И многу сакам вакви опуштени комбинации. Ама ова чизмичињава, претеруваат со цените....мислам за оригиналот. 100 и кусур евра, не се нормални, а да беа кожни барем. Не разбирам. Среќа што има толку копии да можеме да си ги дозволиме.
Се сложувам Пирамид4е, Спојлер и јас истото го велам, ама само на збор, не на дело. Многу сакам да експериментирам, да облечам нешто скроз поинакво, ама познавајќи го нашиот менталитет, некако не се осудувам на тоа... Какви и да се, стварно, не вредат чизмичкиве за од 3000 ден. нагоре, поради самиот материјал, а не се ни универзални, туку само за суво време. Сепак се многу функционлани и комотни, како дома да си шеткаш.
Mногу ми се грди тие обичните,но ако веќе решам да купам,бидејќи се удобни и топли, би барала ваков модел,многу ми се убави,евентуално кафени или црни,бидејќи розевиве тешко би се искомбинирале.
Ugg, скратено од Ugly. Мене лично ми се многу грди. Исто како што не ги сакам летните чизми, не ги сакам ни овие. Едно момиче носеше вакви и јас и‘ се избацив: „Кај се шеташ ма ти по папучи?!“ Па не сум јас крива де, така ми дојде.
Женски бе гледам сте ги помешале некои од УГ чизмите со Слиперс,како на пример тие кај МацаЛов или кај Сеси некои од првите слики. Тие таквите цаканките плетени што се ,се некој вид на тополинки за по дома. Slippers/Slipper boots ги викаат. Оn example those..