Девојки би ми било навистина мило доколку некоја од вас ќе можe да ми помогне во мисијава.. Би сакала да најдам угг чизмички во Штип,по која цена би ги нашла и каде? Ако знае некоја може и лп да ми пише... Благодарам однапред,поздрав
^И ја Maцо прв пат кога ги видов така се залетав у Акцесорајз,али кога ми кажаа..ма неописиво се разочарав. Енивејс...еве нешто од УГ-от. Јас си ги сакам,eве веќе трета година како ги носам и не губат на мода. Удобни се ,практични, топли...И плус се осеќам ко Холивуд кога ги носам.Со црна наочара и ми нема рамна бе . Еве ваква си се умишљавам кога шетам у нив.
Хаха, малку ми изгледаат смешно вака, ама навистина практично за на дожд... Кај се наоѓаат вакви гумени? Оваа гумата оди заедно со угг, или и посебно се купува? Пс. Јас денес официјално ги прошетав моите чизмички, се` што можам да кажам е дека ич, ама ич не ми студеше в нозе. И многу лесни, како низ дома да шетам . Малку шлапкав со нив, ама малку.
Eх, не знам, јас случајно налетав на сликава Уште да најдам некаде сиви и убави и јас ќе имам и ќе глумам селебрити како Мис Плус имам и сиви наочари за сонце
Mис- видов дека пишува слиперс ама преубави ми беа па ги постирав Се надевам дека ќе направат вакви и за надвор, многу се поубави од обичите угг
Луѓе купете си нема да зажалите. Денес си ги носев за на работа, абе ми се свари ногата, за разлика од предходно кога мрзнев на плочките Ем се кинески моите, замислете оригинал колку се поквалитетни и повеќе топлат. Сакав да си земам од кожарата кај нас, ама не ми се даваа многу пари за нив, јес да се квалитетни таму и природно крзно си е, ама срцево ќе ме загребе толку пари да фрлам за едни чизмиња што на дожд неможам да ги носам, уште кога ќе ми текне со каква мака ги заработив тие пари. Може кога ќе присоберам повеќе ќе си земам и едни оргинални од кожарата, ама сега за сега не
знае некој каде во кочани или штип има вакви чизмички и како се двизат цените интересни ми се гледат па да си купам и јас покусо да не сум позз
mozat da se najdat vo bugarija, jas lani najdov koga bev na odmor 200 evra. majka mi sakase da mi kupi ama jas se nalutiv i ne gi kupiv . sega mi e mnogu krivo
Велешките на Димко се произведуваат за Канада.Слични на оригиналните се,ако не и исти. Не знам каде се продаваат,ама цената им се движи помеѓу 2500 и 3000. Јагнешка кожа,за оние од темата за крзната,од проверен извор,кожата ја зимаат од кланици за месо,така што,не е убиена овчичка специјално за вас. Јас ги носам по дома право да ви кажам и не се осеќам ко селебрети,ниту ми е тоа намерата. По центар,за вамте,за тамте,не се укажала прилика,а и да би,не ја сфаќам поентата на нога у НАЈЛОН хулахопка,минич,фустан,куси панталони,на ладново и угг за да ја топлат.Нзс?! Нешто не разбирам изгледа јас мода. По дома брале,папуча ќе носам,како да не.Абе каква папуча,кога ќе си ги стаам нозеве кои вечно ладни ми се,ихааа...убајна! Ко варени ми се прстињата после!
Тебе Лилит не те учела мајка ти дека кога на нозете ти е топло нема да настинеш? Па затоа е најважно нозете да ти се стоплени, за другото не е битно И јас сум вечито смрзната, нозете поготово ми страдаат секоја зима, па за оваа планирам да си купам едни вакви и конечно топлина да видам
Лилит, оти мори не? А? Аааа? Изгледа не си ме видела мене сеуште - јас вака одамна си се облакам у комбинација со Агсов, ма одма ќе ги засакаш кога ќе ме видиш со сукњица, алаопка (да признаам не најлон туку дебела со дезенче), џемперчич, јакница, шалче и чизмициве на нога. И шлапити шлупити, клизам. Не одма, туку моментално ќе ме засакаш овај чизмите де! Ги излижав од носење, ама еве бројам - веќе 4 година ги имам, држат јуначки ама едвај веќе и мислам дека се подготвени за замена нареднава година. А прв пат кога ги ставив на нога, една фаца ми рече - зошто носиш топлинки? Само мавнав со рака - ај глеј си се себеси Така да јас кога почнав да ги носам не се осеќав ко селебрити него бев уморна од објаснување - дека ОВА НЕ СЕ ТОПЛИНКИ, аман! Како и да е, најбитно е нозете и вратот да се загреани, се друго не мора да е толку облечено. Така да топли чизмичиња ко овие се real deal Ко радијаторчиња на нозе да си имаш, баш така. Со исклучок на мокри денови, е за такви денови не се.
Пирамида, од кај ти се тебе чизмите што толку многу ти издржале?? Иначе и јас кога ги облеков моите имав исти, зајадливи реакции....
Многу јако ми изгледаат, да бев сега во средно школо или факултет гарант ќе си купев, ама на работа не можам со вакви да одам некако не ми одговара ич. Едни плетенки сесилија што ги постирала ми фатија окце
Од Ингланд донесени од некоја таму нивна продавница (Теsco) за смешни 2 евра ако не се лажам Другарка ми тогаш ја натоварив со овие и со гумените чизмици, и ми донесе се што и порачав, душа таа. Имитација се, дури ни марка не гледам каква се. Ама за тие пари, богами издржаа многу. Инаку се вакви. Точно вакви. Сега мислам дека нема некој кој не прави имитација на чизмиве така да не е тешко да се најдат. Макар биле за една сезона, се исплати.
Мене не ми се допагаа буквално ми се како топлинки за по дома. За по дома може еден пар но некој да ми поклони а јас не давам пари за вакви
Ваки чизми првпат видов пред 7-8 години кај една моја другарка која си ги купи на едно патување низ Европа...уште тогаш ми станаа одбивни и да не речам смешни Не ми се допаѓаат воопшто! Не можам да се замислам со толку гломазни обувки на моите нозе па колку сакаат нека топлат и нека се модерни! Не се мој стил дури и не би знаела како да си ги искомбинирам! Баш како што рече Hiii ме потсетуваат на топлинки и никогаш нема да си купам вакви чизми!
Во план ми е да си купам само да најдам некои кои ке ми се допагаат. Инаку измислени се за студено суво време, многу топлат.
Сакам да си купам. Како што ми се ладни нозете постојано, добра зделка ќе ми бидат овие чизмичиња. Не се многу грди вака на фаца Само што во Прилеп ги немам забележано или пак слабо гледам Читам во Гари имало, ама кај нас тоа неодамна го затворија. Прва прилика да видам ќе си купам еден пар за зимава