Сакам да си купам вакви многу добро изгледаат ама кај можам во Скопје да најдам само да не се многу скапички дека не работам а шопнг списокот ми е долг.... па да има од се по малку да си купам, гледав едно време во траффиц имаше по 600 сеа немам проверено, ако сака некој нека ми помогне плс
И јас си се снабдив со вакви чизми, одамна ги посакував. И мн си ги сакам Си ги земав многу ефтини - 750 денари, од кинескиот. Имаше и во кожарскиот дуќан ама не ми се даваа толку пари
Кинескиот доле во ГТЦ на приземје? И јас сакам да си купам, ама не ми се даваат многу пари! Ии ако ги купи од ГТЦ, какви други модели имаше, и пред колку време си ги купи ти?
Не си Aussie ако немаш барем еден пар на ugg boots Имам вакви скоро исти ама си ги носам по дома како што им е намената како топлинки. И вакви имам што ги носам надвор. А цената тука на оригинал ugg boots е околу $70-$80(2500-3000ден)а на попуст може да се начекаат и по пола цена, а цената на имитациите е ептен смешна од $5-$10
Во Велес ги има во кожарата, спомнал веќе некој. Проблемот е што нема многу избор според мене, или ги немаат сите броеви.. Има ли во Скопје уште вакви, каде можат да се најдат, по која цена?
Прават по нарачка во Велес, ако сакаш посебен број или посебна боја. Е, сега, моделот е тој, ептен некои мали варијанти и измени да понудат, со крзно, горе, доле, од страна... но сепак имаат некој стандард. Квалитетот е неоспорен. Их, како подвижна реклама сум на Димко Митрев, ги испофалив.
Прекрасни ми се, посебно ми се допаѓаат кремастите и кафеавите. Ги има во различни бои и модели, некои се до копчиња, но јас ги преферирам оние „обичните“.
Doozy баш вчера прашав, продавачката беше искрена и ми кажа дека ќе треба 2-3 месеци да ги чекам, ќе ми се одмилеле Ама свратив до кинескиот и најдов едни штосни, си ги купив.. Не се за на водено, ама и онака не планирам да ги носам во тешки зими Си имам проблеми со прстот, па морав да си купам (Се исповедав, да )
Срцки вп претходните постови читав декаво Штип имале многу добар избор и биле со ептен прикладна цена..Е сега, ајде нека ми каже некоја дали има и сега,оваа година и каде? Хвала,позз