мене баш ми се убави и би сакала да си купам некои сиви до 2 каивчиња од страната другарка ми има вакви и многу се убави
Одамна имав мерак да имам и конечно пред некој ден си купив. Прекрасни се,топли баш како за овие денови. Еве некои што ми се допаѓаат.
Ја да си се пофалам моите беа ваква боја пошто многу ми се прљаа ги префарбав и сеа се ваква боја јас сакав по на црно да удираат ама ваква боја искочија и пак се супер
Во МатСтар видов убави чизмички, кожни со гума доле, кратки за 1100 денари. Вакви само кратки и црни.
Најубави се..ама и цената им е убава јас имам вакви од австралија ми се порачани, иначе фирмата е од аврстралија и ги има во гевгелија но не се угг исти се само некоа друга марка се и се многу ефтини 500 денари се.. Еве ја оригинал страната http://www.uggaustralia.com/ а јас ги имам овие ги имам два пара овие ваква боја кафеаво кремава и сива
Епа и јас да си се пофалам пред екој ден си го добив 10 пар од UGGs. Ги обожавам и претопли се и сум прочитала на темава дека викате не биле за снег. Ако вистина имате оригинални и ако сте ги купиле од поголемиве земји (мене ми се од Америка) тогаш би ви препорачале кит за чистење што вклучува шампон, миризлив спреј, и протектор. Тоа е едно шишенце и се шприцнува на цели чизми додека не изгледаат мокри, и се оставаат да се исушат 24 саата. После можеш да одиш на снег со нив без да ти се уништат и да ти се појават флеки. иначе имам 4 високи црни, кафени, сиви, и сини. 4 средни Sand, Navy Blue, Chestnut, и Yellow. и имам 2 "Bailey Button"- Chocolate, и Grey. Многу си ги сакам и си ги добив средните Sand пред некој ден најубавии сее
Јас сакам вакви за низ дома, како топлинки да си ги носам. Не би се осмелила за низ надвор, посебно не зошто се со мек ѓон, сунѓер, картон, што чудо е, но за низ дома ми се многу слатки. Само нешто многу ми матат памет од 900ден нагоре се сите што ги видов, а за топлинки толку не ми се дава да бидам искрена. Слични видов во Џамбо некои 400ден беа, ама тие дефинитивно не се за надвор. Сакам во боја(розови, плави, црвени, НЕ црно, кафено, кремаво), повисочки, ако имате идеа каде би можело да има а да не се премногу скапи ...?!
Да ама во Џамбо не беа вакви, туку малку по детски, што мене искрено не ми одговара , сакав вакви едноставни , без некакви апликации низ нив. Но, ок сфатив, поефтино нема
Потопли чизмички не сум имала... Ги зедов од GARY кинескиот за 850 ден .. И се Супер .. тоа оддоздола не е сунѓересто )))
Тие во Џамбо не се ugg чизми, туку топлинки за по дома. Ги гледав и јас, ми фатија око за зимава. Ама си купив лани прасенца од таму, па уште не сум спремна да ги оставам. Што се однесува до ugg чизмите - не се по мој вкус. Интересни се, ама воопшто не се ни практични. Би носела за по дома топлинки во таков стил. Јас надвор без јака чизма не излегувам! Не можам ни да замислам што ќе биде кога ќе ме испогазат во автобус.