чизмите UGG ги имам повеќе од 5-6 години и се најтоплите најпрактичните снег/ладно/дожд чизми кои и по толку зими не се распаднале и се уште се перфектни, со нормално правилно негување
мене ми се допаѓаат да ги гледам на друг. Слатки се.... Но јас не би можела да ги носам... Сепак и возраста си го прави своето, не дека јас сум престарена, но преферирам да си купам чизмички за повеќе од една сезона, а другата година ќе сум во потрага по работа или Здравје боже вработена, па да нема да можам да ги носам!
Јас имам едни .Не се оргинал.Од Гари кинеската ги земав 550 ден. Црни се со копче на страната.Многу топлат..Утре за првпат оваа година ке ги облечам..Се надевам нема да заврни xD
Јас си земав едни вчера, од кинеската, зашто ми треба нешто лесно и удобно за пешачење. Признавам - грди се на изглед, ама колку се само мекани и ужасно топлат. Ако пешачите многу, за во зима на суво, нема нешто попаметно. Гледам некој споменува возраст - имаат и такво ограничување? Па јас сакав и на мама да и' земам, вечно е смрзната во нозете. Слични на овие.
^ А ете, тоа го заборавив - 750 ден. во кинеските продавници се. Имаше 4-5 различни модели, вакви ниски и малку повисоки, и едни со копче, на кафеаво и некоја нијанса помеѓу црно и тегет.
Мене прво не ми се допаѓаа воопшто,но сега ми се слатки.Би сеакала да пробам како ми стојат и ако ми се допаѓаат да земам еден пар. Мислам дека не се толку лоши ако се знае како да се искобинираат! Знае некој каде ги има во Струмица и колку се?
Гадни, убави, пријатни или непријатни за око, ама баш ми е гајле! Ме топлат, удобни се и за друго уво не ме боли. Имам мед и темно кафени. Височки, вакви: Надежно еден ден ќе прекинам да бидам фејкерка и ќе си купам оригинал, уште помекички. И прашање имам, ве болат нозете од нив кога одите подолго време брзо? Мене увек ми се дешава тоа.
во струмица освен во кинескиот каде многу ми мирисаат има и во матстар таму видов и во едно бутикче blue angel го има на чаршијата ама за цена не знам не ни питав
Една моја школска пред некоја ден си купи од Струмица за 750 ама незнам која продавница Премногу се убави и ептен слични на оригиналот Инаку овие ми едни од најубавите чизмиња, од кога барам и никако да си купам, сакам тегет и кафени усвари ги сакам во сите бои А оригиналот мислам дека ги има во New Yorker, манатата зима кога бев во Скопје ги имаше розеви и беа над 100 евра.. оригинал или фејк кој ке ти каже
Што побрзо купи си оригинал те болат нозете зашто не ти се оригинал, пробај да си купиш оригинал и ќе видиш разлика ^^
И мене ми се случува ова, јас си мислев дека нешто не е во ред со чизмите, дека се искривени и слично,ама не сум била единствена
Си ги земав овие од Пикокс пред околу месец ипол и сум ептен задоволна-многу топлат, а и не ми се искривија. Плус како што цела есен дожд не заврна ги утепав од носење Мене не ме болеле нозете до сега, а имам пешачено на долги релации.