Е овие се супер за дочек на Нова Година... Иначе, кој пиша погоре...Јас не можам многу брзо да одам со овие, ако се ниски...малку `шлапам` во нив и морам побавно да одам. Се вљубив на прв поглед. Многу ми се слатки и на мене и на други кога ги гледам.
Јас сакав да си земам ама ме предомислија. Многу ги искривувале нозете, па некако се откажав ама ми се допагаат многу. Ке размислам уште еднаш
Искрено многу многу не ги обичам чизмиве, дали зошто кога ќе видам некоја девојка во град и се искривиле нозете и повеќе оди на платното(превртената кожа или што и да е) него што оди на ѓонот, или можеби зошто секоја втора ја гледам.
Искрено не ми се допаѓаат воопшто, како папучи за по дома се... Можеби навистина топлат и можеби се удобни, но за мене не се
Луѓе, сакам да ве прашам како ги чистите овие чизми? Јас имам кремасти и многу бргу ми се валкаат и не знам како да ги чистам...ани хелп
ма4о4фемале- има посебни четки и течности (вајда е вода) за чистење, ама не верувам дека ги има кај нас. едино од нет да нарачаш. јас имам угг чизми, кремави и ги носам. сега не, али кога беше ладно, а суво ги носев секој ден. ги чистам со влажни марамички и се чистат колку-толку.
Гледав во кинеската беа со гумен ѓон (мислам се разбираме ) е такви можда би носела по надвор, а другиве не знам дали е до мене ама за по дома се бе тие . Затоа и ве болат нозе и ви се искривуваат, пошто е собна папуча, а со неа не се пешачи. Да не се разбереме погрешно, немам ништо против тие што си ги носат, ама јас би си купила само за по дома. Иако се мислам пошто многу пари ми се некако за собни папучи Иначе да ви кажам ако сака некој да си купи во Џамбо имаше розеви 399ден. беа ама има само 38/39. Јас си земав ептен ми беа слатки (за по дома ) ама ми беа мали и морав да ги сменам (иако се двоумев, сакав да ги поносам па сакале се скинале после два дена . Сепак ги вратив па се надевам во скоро време нема да ми е мака да дадам некој денар повеќе и да си купам
Таман работа уште со нив да видам некој надвор . Муабетот ми беше за тие како мене што си бараат такви за по дома, дека се ефтинки, ако им одговара бројот
Аааа ги обожавам тетка ми од Америка ми прати оригинални вакви чизми сега пред 1 недела поцнав да ги носам колку само топлат.лесни се за ставање а за болење не исто како обична чизма,баш ми се слатки и плус стојат убаво со многу аботи Ч=
Kade da najdam UGG Ве молам кажете каде можам да најдам УГГ и која цена се.Сакам да си купам или црна или сива боја.
^^ имаш во теранова 1600 се ама стварно вредат за парите, јас си купив и не зажалив многу си ги сакам иначе има кафеава и сива боја. Се надевам дека ти помогнав
Не сум се излажала да купам вакви. Грев е да ги валкаш по нашиве улици кога е врнежливо или по растопен снег. Башка, не се сомневам дека топлат, ама колку го држат стапалото исправено при одење не знам