Ugg boots - Ugly boots = грди чизми и јас се чудев до пред некое време зошто така се викаат, побарав на гугл и дознав дека тоа им значело грди.
Постојат, јас си купив пред неколку дена и си ги носам на снег, не пропуштаат. Баш и јас такви барав, затоа што другиве не се за по снег
Интересни ми се вчера сакав да си купам но имаа останато само големи броеви а јас носам 37 ке си купев за по дома а да најдам со гумен гон би ги носела тие за надвор што знам не се толку грди пример јас не би никад облекла гумени чизми секој со својот вкус нели
Неможам да ги гледам чизмиве. Толку ми се одвратни како стојат на нога што немам ни зборови соодветно да опишам. А и обликот не им ласка нешто многу. Цело време си мислам дека првобитната намена им е ТОПЛИНКИ, затоа што имав многу слични такви. Најодвратни од одвратниве ми се тие плетените. Лошо. Многу, многу лошо.
Не знаев каде да пишам, па морав овде Додуша, никогаш не ни излегоа од мода, но славните цокули Мартинки од деведесеттите се враќаат на голема врата оваа година. Док Мартенс, славниот бренд на познатите чизми коишто во деведесеттите беа одраз на непокор, на анархија, а подоцна и моден знак на цели музички правци, оваа година ги враќаат на сцената како детал којшто е далеку од некогашната бунтовност. Сепак, за многумина ова ќе претставува вистински предизвик, особено за помладите коишто во дведесеттите беа премлади за да одбираат музички и модни правци, како и да креираат поглед кон животот. Во врвот на нивната слава ги носеа Курт Кобеин и Сид Вишз, личности кои беа вистински одраз на она што овие чизми го претставуваат. Сега, Маринките ќе ви помогнат да бидете тренди, но да ги скршите модните правила. Секако, ќе треба малку и храброст да ги искомбинирате со вашите најмодерни парчиња облека. http://brkajrabota.mk/lifestyle/moda-i- ... at-vo-moda Дали некогаш би носеле вакви чизми ? Мене ми се многу симпатични
Си купив пред 2 недели црни плетени и искрено овие бутс се како собни папучи. Додуша и по дома си ги носам, зашто тоа ѓонот е ко поливинил од собна папуча. И дури кога ќе видам девојки низ Скопјево со аг бутс ми е смешно, ко со собни топлинки да излегле да шетаат. Може надвор од Македонијава се како што треба да изгледаат, но овде не се сигурно.
јас имам вакви од кинеското кафеави и ич не пропуштаат ги изнаносев на снег зимава и супер се многу топлат
Ај како не пропуштаат, ама не ви се лизгаат бе на мразот? Читам ги носите периодов, а Скопје е како лизгалиште.
Моите воопшто не се лизгаат. Многу се изненадив. Напротив, супер се за по мразови. И не пропуштаат вода низ снег. Пропуштаат ако зацапаш низ вода.
Моите досега не сум ги испробала на снег, ама мислам дека се лизгаат иако имаат тврда гума со зарешки.. а и шубе ми е да не ми пропуштат. Инаку се многу удобни и топли.. едвај чекам пролет да си ги носам и на пократки панталончиња
Јас мислам да си купам кратки такви да си ги носам како собни влечки . Иначе така да ги носам понадвор не ми изглеадаат баш убаво ....
јас имам оргинал,таткоми ми ги купи од италија и мн си ги сакам )) само не се носат за на снег и сеа неможам да си ги носам.. па така коа ке се опраи времево ќе почнам.... едвај чекамм )