Многу ми се допаѓаат ваквиот вид на чизми. Имам едни, но нема лошо да ми дојде уште некој пар (иако веќе имам 4-5 пара чизми)
многу ми се свиѓаат чизмиве,но за жал немам ниту еден пар вакви знам дека е лето и дека сега ѓи нема но јас сепак да си прашам,знае некој каде ги има (во зима )и колку се?
Оваа зима што помина сите почнаа од овие да купуваат.Па викам ај и јас ќе си купам.Беа 750 али јас срекник коа отидов токму навреме беа за само 470 ден. Си зедов средни не ми стоеа скрос кусите а високите убави беа али формата им беше изгубена од што стоеле во кутија свиени и така беа.Моите се средни со копче бојата е темно сина таква некако.
убави се чизмиве од "ugg" 1/ чизми имам 1/мартинки имам а сега сакам да си купам тие од ugg чизми ќе ги носам на зима ама без снег да не е многу на земја валда црни или кафеави
јас ги имам,моите се на бата,а сеа кој сака има во аутлетот на фешн груп во сп планет во ѓорче,по 770 денари многу се слатки кко со камчиња од страна!
пред некое време, воопшто не ми се допаѓаа, ама сега кога ќе подразмислам подобро, навистина се слатки би ги носела по дома а за надвор, само кога е суво и ако имаат некои интересни декорации (да не бидат само во една боја и без ништо), само што не ми се допаѓа она напред, никако не ми се допаѓа тој дел кај било кои чизми инаку сега гледав на e-bay и цените се катастрофа, си мислам поефтини се, а тие некои достигнуваат и до околу 150 долари..
uggs gii obozavamm imam edni cizmii nese uggs ama slicnii se na nivv ... ovie sto se na slikava se preubavii no se kako za niz domaa
Дааа, многу ги сакам.. Нее си купив кога имаше, немаше број за мене. Ама следна прилика купувам. Убави ми се овие класичните, ама и со шарките ми се убави. Ммм, исто винтиџ ми се преубави.
Едвај чекам да им почне сезоната, грди чизмичиња here I come! Поучена од лани, оваа година ќе си купам уште пар или два. Нема нешто попријатно за смрзнати ноџиња. Овие две моделчиња ми се за мерак. За овие да не правиме муабет, слаткиши.
uggs gii obozavamm imam edni cizmii nese uggs ama slicnii se na nivv ... ovie sto se na slikava se preubavii.
Јас сакам да имам и да носам, ама само дома да ми бидат како топлинки, надвор ќе треба да внимавам какво е времето, па да не се извалкаат, па читам се искривувале нешто итн. Затоа јас сакам да си земам за дома (и така слушам зимава ќе било многу ладно) па да си се топлам по дома со нив . И сакам да земам некои интересни, со шара, со некоја друга боја, принт, да не бидат онакви класични кафени-кремави, ама да бидат поефтини, зошто дома ќе ги носам не ми требаат за по дома некои од 1000-2000. Знаете ли каде има во Скопје? Искрено не ни сум барала, нити сум разгледувала, тука прашувам за да знам кај да барам Спојлер Знам дека темава е само за чизмички, ама морав да ја ставам ташничкава, многу ми е слатка (бар мене )
Такви за по дома имаше лани во рамстор и во новото веро(џамбо), одма кога ќе влезеш и ќе се качиш горе таму кај т-мобајл има наредено купишта Само ја губат формата после некое време, а инаку се 400-600 денари. Јас лани немав пари за да си купам вакви ама сега си имам три пара, едвај чекам да дојде зима и да си ги носам
Многу ми се допаѓаат и се привлечни. Еднаш видов едни розевки со панделка во Веро,но беше крајот на зимата и не купив. Се покајав! Инаку овие ми се допаѓаат