Девојки да не знаете каде можам да најдам розеви,го прошетав цел центар и не најдов,морам да најдам розеви многу ми се убави..
Кога ќе имаш пак можност помини низ ГТЦ, вчера случајно видов розеви на излог, ама не се заинтересирав и не видов која продавница беше, ниту памтам кај поточно се наоѓаше.
Јас имам такви кратки црни ги земав од Гевгелија од кинеска продавница и испаднаа квалитетни лани цела година претрпеа ама само за суво време се
Леле а јас 5 пати низ ГТЦ свртев и нигде не видов.. Чим си видела битно има,уште утре ке одам да ги барам.. Фала ти многу
Разгледај внимателно, штом јас случајно ги приметив ќе ги најдеш сигурно и ти. Инаку мислам дека беа светло розеви, најверојатно ќе ти се допаднат.
Манијак сум за чизмичкиве, и сакам да си се почастам со едни оригинални, ама кога им ја видов цената на моделите во Fashion&Friends во Сити мол ме заболе глава Сега за сум си задоволна со кафеави од една продавница од Беверли, едноставно нема чизма што е поудобна и топли повеќе
Имам едни црни, милина за ножињата баш за сезонава, би сакала барем уште еден пар во некоја друга боичка, со некој дезен.
1200 ги земав, не ми текнува точно името на продавницата, ама на 1ви спрат е горе, до неа има TIME OUT мислам
Јас имам кафени, пред 2 години ги зедов, 3500 ден. бидејки сеуште немаше тогаш, а и фирма се. Лани од теранова сиви ниски, и сега сакам ниски црни. Едноставно ги обожавам