Ugg boots се убави интересни и лесни за носење. Јас имам такви камел боја ми ги донесоа од Германија не се оригинал Ugg boots, но пак се убави за носење ваму-таму.
До сега не сум имала ама премногу ми се слатки Ги чекам годинава попустите па да си се почастам со едни
Имам кремови и мноогу си ги сакам конечно моите студени стапала се стоплија благодарение на нив,а за удобноста да не ни зборувам екстра се
Тие што ги имав ми се скинаа, а баш ми беа по вкус, сиви и со леопардски принт. Годинава не си најдов бројче, но уште барам. Бендисав едни во Скопје, во ГТЦ, но незнам како се викаше продавницата, црвени беа. Ептен ми се допаѓаат во боја, освежувачки можат да делуваат на многу комбинации. Од обувки, најудобни ми се. Ногата ми е секогаш топла, на меко газам. Ми се допаѓа што може да се најдат во различни висини, а и што се прилагодливи на сите сезони. # love them.
Значи да бидам искрена имам вакви папучи за по дома!И секогаш кога ќе видам девојка како носи вакви,ме потсеќа на моите папучи и се си мислам дека излегла од дома,заборавајќи ги папучите на нозе! И јас на почетокот кога станаа модерни сакав да си купам,но кога сватив какви се всушност,мислам дека за џабе ќе фрлам пати за чизми,кои можат само да ме стоплат,и можам само на суво време да ги носам,кога можам да си купам чизми,кои сигурно би ме коштале повеќе пари,ама барем ќе ме стоплат и заштитат од влажно време. Мене ми се убавки,но негативното кај нив е што се само за суво време,малце дожд или снег да заврне и толку,нозете мраз ќе ти станат,и плус жива вода!И ако имаш тенка нога,кога ќе облечеш една ваква чизма изгледа како пред тебе некоја да ја носел со двете нозе внатре!Немам ништо против тие кои што ги сакаат,и воопшто не сакам да ги навредам со моето мислење,ама сакав да си бидам искрена.
Јас имам вакви чизмички, кафеави и ги обозавам. Удобни, со часови можам да ги носам, а и многу ми се слатки. Од пусти мерак си ги купив и ич не се покајав. Како да носиш мечиња на нозете.
не бев љубител , бев со сестра ми кога ги купуваше и ја направив луда за изборот но потоа си ги присвоив !
Ќе речете не сум во тек ама девојки овие мене воопшто не ми се бендисуваат....се си мислам по некоја година и тие топлинките со мечки ќе почнат и за надвор да се носат Како може толку да носите некоја работа што ако не секој втор секој ја има ! Многу ми се како за низ дома и кај да се свртиш оваа година ги гледаш...страшно ме нервираат.
И оваа година ќе си купам едни обавезно, ми е гајле што не се во тренд. Сега секој ги има, ама мене ми се допаѓаат и ми се вклопуваат во стилот. А бојата ќе падне црна, сива, темно кафена или темно сина (тегет, ако ја викаа така )