Мене ми кажаа дека неакде кај Зелен ПАзар имало како дуќанче кај што може да ти префарбаат облека. Другарка панталони една префарбуваше во црно и супер и излегоа. Е за чизми не знам ама најдобро е да отидеш и да видиш.
200 ден Каде тоа во Штип Инаку не сум носела такви чизми , некако ми се интересни ама не сум се решила да си купам ..не се баш мој стил .Ако се стварно толку ефтини во Штип сепак може и да си земам едни
имало лани, сега нема јас само шо дојдов од таму и можам да ви кажам се шо има моментално низ бутиците таму
Типски се навистина, но никогаш не би носела вакви. Не се мој стил, не ми се допаѓаат некако, не знам дали би се чувствувала удобно во нив.
Девојки незнам дали сте слушнале ама во велес има фабрика(кожара) димко митрев и произведуваат и вакви чизмички и топлинки и влечалки се од крзно.Ги има во нивниот дуќан во велес на друго место ги нема оти сите ги извезуваат во странсто и таму се продаваат навистина скапо.А тука можат да се порачаат какви сакаш, и боја и големина(и висина и должина) и со колку крзно сакаш можат да бидат само однатре со крзно а можат да бидат и од надвор такви бушавки.Мене ми се преубави ги обожавам ама неможам да носам вакви бидејќи сум алергична на крзно
Преслатки се. Но некако не се мој стил, сепак се повеќе за девојчиња средношколки, тинејџерки или па и факултет. Сепак некако не ми личат убаво на повозрасна девојка. Иако за секојдневна прошетка не се лоши. Ама некако кратко им е времето за носење. Не се за дожд, не се за снег, не се за топло (иако некои ги носат со кратки панталони и маички а не знам дали не се варат во крзното), така да нивното носење се сведува на 2 недели во октомври и 2 недели во април.
имам едни вакви црни со црни монистри .. од лани ми се и си ги купив во Jordan 150 ден. иначе сега можеби ќе почнам да ги носам, ама само за вечерни излегувања и тоа само понекогаш