Напишав во известувања дека денес во Евроазија редеа вакви чизмички имаше мноооооогу. Ама најубавите UGG чизми ги видов во VIP продавницата, во ГТЦ што гледа накај Змија кафичот. Кафени цели изнапишани со зборови и со срценца. За прв пат посакав и јас да си купам вакви чизми. Ептен беа убави и уникатни.
Јас имав лани такви чизмички, тогш им беше модата , иако и сега се носат ... можам да ги пофалам ... си ги купив од солун сиви со светло розово... многу се меки внатре и надвор .... и сите забележуваат каде и да се појавиш .
Незнам да ти кажам искрено Последен пат кога бев во Рамстор, немаше вакви. Само патики разгледав, зшто само патики имаше. Може е уште рано.
многу ги сакам ама се скапи инаку кај нас стигнаа многу убави на Skechers но истотака бааги соленки некои 4000 денари уффф ми се заврте... а преубави се и доста слични на оригиналните Ugg boots а овие никогаш кај нас нема да стигнат и да стигнат малкумина можат да си ги дозволат, гледам цените им се повисоки од оние на Скечерс. еве ги моделите на скечерс
еве ги моделите на скечерс Вакви сакааам , ама да бидат бели, која цена се и каде можам да ги најдам тука во Мк. ?
Другарка ми се подновила со исти вакви Така на изглед ми се симпатични, ама сепак не би ги носела..некако не се мој стил..
И јас се заљубив во овие... Кај нас не знам дали ги има, досега немам сретнато, Бугарија има... Уште жалам што не ги купив. 150 евра беа.
Луѓе а да ве прашам тие во Скечерс или Евроазија квалитетни се?Дали пропуштаат вода? Дека ја лани си купив у Тејли Вејл ама за суво време се тие , и имам триста пара чизми и сите ми пропуштаат вода и ми се мрзнат нозете во зима Никако да си најдам убави чизми и по 100евра сум ги плаќала и џабе пак...Се напнувам више Ми иде такви гумени рибарски да си купам!
Јас денес бев, имаше едни од 1990 и имаше од 1790. Тие од 1790 беа обични имаше сиви и црни, а овие другиве беа поинтересни со шари беа. Инаку прашав и ми кажаа дека не пропуштаат вода, ама баш и не верувам.
Во Евроазија сега сите се по 1790 денари, и се поубави и поквалитетни заразлика од тие во Калиопе, долниот дел, не е толку мек и плишан а моделите се интересни и слатки, поготово тие со плетеното. Уште во Њу Јоркер да поминам, и си купувам. Макар и да стојат во гардероберот, морам да ги имам.
не е од годинава, од пред две години си купив вакви чизми, штета што мајками ги фрли затоа што беа платнени и пропуштаа и неможев да ги носам на снег
абе може се убави, ама кога ќе видам некоја на дожд со такви и испрскани цели и на сета таа од страната излжани од што и е крива ногата и како папучи ми изгледаат, мене не ми се допаѓаат може некоја имитација така да износам една сезона амам кога е суво!