пак налетав на некои штосни дезени на вакви чизми и на овие налетав, делуваат малку поразлично од другите во однос на материјалот, личат на кожни...
Баш ми се допагаат. не сите бои и модели, али сепак изгледаат слатко и топло =) и супер се за со фармерка овие се посебно убави
не вреди бидејќи во Евроазија ги донесоа оргинал Ugg boots Аustralia и чинат од 1..500,00 ден до 2.700,00 денари, што ептен пријатно ме изненади очекував поскапи да се, така да не се исплати за тие во шутка да фрлаш пари.
Леле еве ме мене пак кај темава. Морам да кажам дека чизмиве го преплавија градов! Ама буквално, која шетам по улица како да пливам во море од UGG boots. И пак морам да кажам дека не ги бендисувам, ама па не некои девојки ептен им стојат. Мајка ми напнала да си купам и јас а мене самиот збор ugg ме потсетува на нешто неубаво- ugly.
Имам вакви и многу ги сакам. Имаат цврст ѓон, топлат и не пропуштаат вода. Ги имам од ланското зимо и буквално ги изнаносев. Ги купив од Скечерс, ама не од Мкд. Сега ги има во нашиов Скечерс во трговски ама ѓонот им е потенок, и поскапи се тука (над 4000денари).
Јас пред некој ден си зедов вакви од Белград, не беа воопшто скапи, 23 евра мислам Викаат дека овие биле последна мода, али јас сеуште добивам коментари од комшиите дека сум била како во топлинки. Али за мене се преслатки.
Тој шо ти рекол дека се последна мода те излажал, уште пред две години негде имаше во мојот град вакви, а за комшите ич да не ти е гајле, ако ти се убај да си ги носиш.
мене воопшто не ми се допаѓаат и не би дала пари за вакви ниту пак би ги носила како топлинки за по дома ми се
Имам uggs и си ги носам ... Многу ме топлат и комотни ми се многу. Би сакала вакви да си најдам низ Скопјево
Угг кога како ќе ме мавне..Некогаш ми се онака симпатични некогаш ич. Да купам баш не би купила. Ама ете сликчиња за тие по загреаните