Здраво девојки овде можеме да коменираме за парфемие на Ulric de Varens-Paris. Доаѓаат во многу слатки и симпатични амбалажи,па ме интересира како сте задоволни од истите..
Имав од овие парфеми еден, го нема на сликичката, ама од одамна го имав, долготраен им е мирисот, така држи парфемот, особено за врат :geek:
Лани го имав овој и прекрасно мирисаше,сите го забележуваа и ме прашуваа што парфем е. И е доста траен прекрасен е
Ги имам користено двата со срцевидно капаче (црвениот и розе-лила) и многу добро мирисаат. Црвениот ме потсеќа на првото јаболко од Нина Ричи, а тој ми е омилениот парфем така што овој добро ми доаѓа понекогаш како евтина замена на тој За цената нудат доста пристојна тоалетна вода која не испарува веднаш. Ги има во ДМ, Веро, Тинекс...
Се сложувам со тебе.Го имам користено парфемот и можам да кажам дека трајноста и интензитетот на мирисот се одлични за цената.
Леле, ми се навратија прекрасни спомени. Уште во прва средно, мајка ми го купи и од првиот 'мирис' ме магепса, само на UDV мирисав со години..мммм мини секси мислам дека беше тој ...
Јас од овие ги имам користено Mini Purple и Mini Blue, гледам Mini Fashion го фалите, па ќе го пробам и тој. Инаку и двата што ги имам користено се прекрасни.