Дали има некој што добро ја познава оваа фирма за осигурување? Слушам многу лоши муабети за нив. Јас лично имам еден голем спор со нив. Не сакаат да ме исплатат од сообраќајка. Јас не сум осигуран кај нив, но осигуран е тој што го удрив. Моја кривица немаше од сообраќајката. Ми дадоа сума за исплата, ја прифатив и ете ме маткаат секој ден дека ќе ми ги дадат парите. Изговор им е дека се разгледува нешто, проверки се прават и тн. Мене ме интересира дали има некој законски рок со кои тие треба да ме исплатат? Како јас можам да си го добијам парите? Слушнав дека за давање пари тешки биле. Не се малку пари што треба да ми дадат. Дали би можел да ги тужам или да идам преку извршител?
Мислам дека нема рок во спогодбата. Ако ги тужам за колку време можам да ги добијам и дали е голема процедурата? Делото остарува за 3 години. Они изгледа чекаат да застаре делото.
Епа ако застари немаш право ни да тужиш. Процедурата знае да трае месеци, години, зависи дали ке има жалби, зависно од вредноста и ревизии, но тоа нека не те обесхрабрува, битно е дека тие треба да платат
Отворен предмет не може да застаре. Поднеси барање до Уника официјално и барај примерок заверен со архивски печат дека имаш доставено. Под барање се подразбира и барање на “проста“ информација...во случајов - барај да се изјаснат кој е рокот за одговор по понесено барање за одштета. Наместо да ги бомбардираш на телефон и да те шеткаат, на секое поминување писмено обраќај им се (примерок за тебе ќе си бараш со печат) Сега ќе те маткаат. Второстепена комисија, вештак ...па вештакот ќе измисли начин дека ЦАЦКО е крив, не нивниот осигуреник, па жалба...и така до бесвест. Ова го поминав во Вардар одигурување, денешно Осигурување Македонија. Ќе бараш документ за се што ќе измислат. Во мојот случај на суд не се ни појавија, јасно беше дека ќе го изгубат случајот. А јас како “победник“ останав 4 месеци без кола, се изнададов пари за алтернативен превоз, изедов нервози едно чудо ....
Пријави ги во агенција за супервизија на осигурувањето. За некој ден ќе си завршиш работа. Пријавата можеш и електронски да ја направиш. Верувај работи!! http://www.aso.mk/
Со Уника и јас си имав РАБОТА. Записникот беше100% во моја полза, а и двајцата бевме преку нив осигурани(што се смета како предност за побрзо исплаќање). НОРМАЛНО тие прво ми дадоа да потпишам проценка на кола ПА ПОТОА ја намалија за 100 еу. ПРИЧИНА- несоодветна брзина од моја страна. Не сакате да знаете што се случи кога отидов. Еве после 2 год да ми чујат име одма ке им текне. Откако излегов од таму за пола саат парите ми беа на сметка. Идеме некст левел.Физичка оштета! Ми проценија многу помалку од што воопшто треба да проценат на човек со повреди на глава. ПАК ОТИДОВ. За 10 мин се разговараше со главен зошто типот никако не сакаше да се симне и да збори со мене, и цената ОП рипна за 500 еу. Сфатете една работа! Во Македонија само со тепај да те слуша се добива тоа што се заслужува.
Прво се обидов со милом. Ама не успева. Па почнав да се расправам. По телефон им се јавив пред некој ден и партал ги направив. Што им збореше ти за толку брзо да ти ги дадат парите?
Па 2 недели чекав записник и уште недела дена за кешот, 3 недели, а за физичко месец до месец и пол. Стегни ги. Дур не стегнеш со закани до суд и све то џаба ке те мотаат да знаеш. Мене ми измислија ствари што не ги имаше у записникот. Знаеш она старата- ако пројде пројде. Оди покажи зуби земи адвокат со тебе да ги исплашиш и ќе видиш. Ама оди у центар, знаеш.
Јас во центар одам. Спроти поштата. Бев 4 пати. Последните два пати се расправав. Записникот го земав одамна. Јас во записникот како што пишува не сум крив. Ми дадоа сум на пари и ја прифатив и сега чекам пари. Се јави еден пријател таму кај што познава некој и му рекоа дека се чека да ги потпишат документите. Демек немале пари. А јас сум при крај со нерви. Дај кажете каде се можам да ги дадам по судови, извршители и тн.
Кога ти е пратен тебе записникот, пратен им е и на нив. Исто време. Можеш да одиш и на суд, можеш и преку адвокат со извршител, НО пробај да ги заплашиш, без тоаш зошто така уште повеке ке ги чекаш. Мене тогаш една персона ме подучи каков став да завземам и искрено ти кажувам-одма ме исплаќаа откако ќе почнев со Знаете ли со кој све си имате работа.
Здраво Ми треба повеке инфо па се надевам дека ке ми помогнете Вака, компанијата кај што работам ме има осигурано и приватно здраствено , е сега треба да се правам хируршка операција ..е сега што ми покрива/ или ми исплатува приватново осигурување ?