1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Unorthodox

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од staycalm, 29 март 2020.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.999
    Допаѓања:
    22.514
    Пол:
    Машки
    Unorthodox е Германско-Америчка мини серија која дебутираше на Нетфликс на 26 Март годинава. Базирана е на автобиографија на Дебора Фелдман а се работи за 19 годишно еврејско девојче, којашто бега од дома заради договорениот брак и ултра православната заедница во Вилијамсбург, Бруклин, заедница во која на жените и се ускратени многу права и се приморани да почитуваат оредени правила. Оди во Берлин, кадешто живее нејзината мајка со која не се во добри односи и се обидува да живее сама таму. Нејзиниот сопруг и друг евреин одат во Берлин и ја бараат за да ја вратат дома присилно.

    Има само 4 епизоди по 20 минути, што според мене е премногу малце, барем 8 да имаше. Не се знае се уште дали ќе има втора сезона или не.

    Ја препорачувам, мене ми се допадна и тоа многу.

    [​IMG]
     
    На dunika и malerozna им се допаѓа ова.
  2. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допадна. Емотивна и информативна.
     
  3. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и јас.Одлична реализација,сакам да гледам серии и филмови со ваква тематика.
    Иначе епизодите се по 50тина мин,не по 20.
    Ми фалеа уште сцени на крајот,или бар неколку епизоди,би сакала да дознаам што се случува во понатамошниот живот на Ести.
     
  4. TheTribe

    TheTribe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    Одлична. Дознав мн нови работи за Евреите. Ме интересира дали е по вистинска приказна. Знам дека е според книга што сигурно е и подобра од серијата.
     
  5. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Се изнаплакав на последната епизода, Ести ми е срце и сакам да ја гушнам :hug:

    Евреите не ги замислував така, испадна највеќе правила да има кај нив.