Up all night (неспанковци)

Дискусија во 'Дете' започната од Цвет88, 22 ноември 2018.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    17.197
    Пол:
    Женски
    Ја почнав да си правам филм дека со две деца подруго ќе е. Во секој случај потешко ама и поубаво.
     
    На Sexybaby86 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    12.660
    Пол:
    Женски
    Убаво е... не викам не. А и не сакам да ја оставам сама, зошто и ја и мм сме сами и знам што значи да немаш никој. Ама мислам сега не е погодно време. А како ќе биде, не можам да знам. Може ќе помине се преку ноќ.
     
    На gjoker4e, Sexybaby86 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    20.237
    Пол:
    Женски
    Ti pisam samo za poddrska, ist e mojov, dur i beter.aj noke sto ne spie, pa ni denje. Dovolno mu e dvaeset minuti da prodreme i tolku za cel den. Ovaa nok me pukna, cicase vo spalna i ne zaspa, vika ajde, da sme odele vo dnevna. Odime, zaspa. Se razbudi, go bara daljinskoto si pusti muzika na tv. Mu vikam legnuvaj odma, lezi kuti kuti, pa zaspa. Posle pak se razbudi, cice sakal, ama vo spalna, abe tuka, neee place za co spalna, ajde otidovme. Se nacica, ripna, vo dnevna da odime. Se bori so pernicite, pliva po garnitura, zaspa nekako. Jas se skicmiv na edno kose. Po nekoe vreme pak stana, proseta se provrtka,jas se prepravam spijam. Se pikna vo mene i zaspa. Pak se razbudi visti place da sme odele vo spalna da cical, vikam ne moze. Dojde mm, jas otidov kaj golemiot legnav, oni zatvorija vrata, se odra od placenje. Sto pravele posle neznam, sum zaspala. Sabajle go najdovme zaspan dole do igrackite. Valjda igrajki zaspal, mm ne go osetil deka stanal. I sega sum zombi na rabota. :drunk:
    Znam naporno e, vo vikendi koga sme doma denot ni pominuva vo gotvenje, ranenje i presoblakanje. Zlaten ponedelnik vikame ke odmorime na rabota.:rofl:
    Ti i deka si doma i celi vreme e so tebe beter e lepenka. Ajde ke porasnat, ke se smeeme posle.
     
    На kukla21, gjoker4e и Цвет88 им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    12.660
    Пол:
    Женски
    Па да исто му доаѓа.. само ние без цицаее... јадеше во 2 банана... и тоа ама слатко јадеше сама, да се чудиш. Па фацки прави па се смее..
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    17.197
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Да се јави во темава! Ако не грешам се жалеше дека ич не спие односно многу малку спие.

    @irena.1 Моево прв пат ноќеска така ми правеше и еднаш заспа в спална, два пати в дневна. Кај и текна за во дневна да спие.

    Не знам како издржуваат без спиење и тоа триста на саат да се ама ете. Ноќеска мислам сто пати задремав немав сили. Кога се погледнав во огледало бетер од вештерка.

    Сега за сега може да се тешиме па ќе се навикнеме, ќе издржиме. И на 12 години ќе ги чекаме по цела ноќ од диско да се вратат. Ако не и од 8 како што се се понапредни.
     
    На Цвет88, AngelOfArh, irena.1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. *Лорена*

    *Лорена* Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Да ти упатам лудачки поздрав од паталец како тебе :)
    Кој немал такво дете никогаш нема да сфати како ни е и како преживуваме. Ми идеше да скокнам од тераса кога ќе ми кажеше другарка ми: леле детево спие више 3 и пол саати, досадно ми е. Си гледам серија и ставам маска на лице :@
    Тешко е многу зошто не е ден, не е месец, години се во прашање. Ниту мозокот ти функционира како треба од константен недостаток на сон, физчки си исцрпен до максимум и капак на се е што од премор не можеш ни да запиеш. Сум пишувала по темиве, првата година на детето ја поминав како низ магла. Буквало преживував и на добар дел работи не се ни сеќавам. Втората беше благо подобрување ама седенките од 1 до 6 сабајле ја исцицаа и последната надеж од мене дека и јас ќе имам "нормално" дете што ја преспива цела вечер. Е третата година стана дааалеку подобра и се будеше САМО по 4-5 пати навечер (премија) ама презаспиваше брзо, најчесто за да пие вода или да се префрли кај нас во кревет. Потоа и сега тоа е еднаш до два пати.
    Кога ќе споредам со првата и втората година сега како да сум добила џек пот. И моето денски дремнуваше 2 пати по 15 мин. од кога се роди (после година и пол не спиеше денски воопшто). Навечер се будеше по 30-40 пати (знам, знам луда сум била што сум броела ама тоа повеќе беше не спиење отколку спиење). Врискање, неутешно плачење, заспивање од премор 10 мин и пак се во круг. Година и пол пекол. Мислам дека почнав да му љубоморам на маж ми дека спие (не мислам, сигурна сум). Гледаш дека светот околу тебе продолжува да функционира а ти со последните сили се трудиш да не се скршиш на 1000 парчиња. Стискаш заби пред сите и се молиш утре да биде за нијанса подобро, а знаш дека е еднакво со невозможно. Тогаш само кога ќе чуев за второ ми се превртуваа цревата. Само сакав да преспијам една вечер како некогаш.
    Знаев дека сакам уште едно дете во животов, ама му реков на маж ми- остави ме, кога ќе бидам спремна физички и психички ќе ти кажам. Сакав да го сакам и чекам со нетрпение и второто како и првото, а не да завршам во Бардовци. И нкако некое непишано правило на сите што ги познавам бебињата им ја преспиваат цела вечер речиси од кога се излезени од болница. Јас не се ни осудувам да се надевам на такво нешто. Ама маката со првото ме научи за ова да бидам спремна психички (физички пак ќе паднам знам) па какво и да биде, полошо не може да е :)
    Ќе биде подобро, верувај. Држи се, поголемиот дел од патот си го изодела. Ќе те чекам до година кога ќе пишеш дека сакаш уште едно ;) знам дека сега на ова или се смееш или превртуваш со очи (може и двете). Има и други како тебе, не си сама иако понекогаш мислиш дека никој на светов не може да те разбере. Ќе помине. Те гушкам :hug:
     
    На M&M, Lolipop23, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.685
    Допаѓања:
    47.848
    Пол:
    Женски
    Не дека не спие, спие ама касно заспива. Преку ден скоро цел месец спиеше многу ретко, сега се чуваат со жената без проблем и заспива. И на мајка ми и заспиваше, на нас и на свекрва ми не и заспиваше. Е синоќа за чудо заспа во 10:40, чудо на векот, се сврте Добра ноќ зазулче! и заспа. Се надевам си го фаќа редот веќе. Иначе беше спанко на векот.
     
    На M&M и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    12.660
    Пол:
    Женски
    Си сакам јас второ, ама не сега.
    Абе исто исто... шо да кажам.. кај нас и мм не спие. Не фаќа за рака и не шета.
    Ноќеска не однесе двајцата у кујна. Да сме седнеле доле, па ни правеше ѕеее со рачиња. Па се смееше, се закачаше. Па бараше да јаде. Па татко и папучи да облекол. Ни диктира како сака.
    Може дополнително ми е нервоза што се мразам што сум ваква.
    А знам дека не е само моево дете вакво.
    Затоа и ја отворив темава, да си се пожалиме.
    Едно е неспиење од заби, грчеви, скокови, друго е ова.
     
    На irena.1, gjoker4e, *Лорена* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    3.029
    Допаѓања:
    6.712
    I jas da se prijavam vo temava. Od dete sto spiese ubavo, sega nokjta ni e horor I toa otkako go preleza stomacniot virus. Off ke poludam
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    20.237
    Пол:
    Женски
    Nie se menuvame. Inace ne biva, kako ke go isterame denot so dve deca.Edniot se krie :D. Uste koga ke mi recat taka ste go naucile vie :@ a golemoto kako spie od raganje po cela nok. Takvo si e deteto i kraj.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    12.660
    Пол:
    Женски
    Ние се менувавме кога беше помала, и немавме проблем. Ама сега не сака. Вришти кај татко и.
    Да, и јас се лутам така кога ќе кажат, зошто од прв ден спие вп креветче, никад не сум успивала со нишање, никад не сум дремела над неа додека спие.
    Јас ќе ја надоев, татко и ја зимаше да ждригне. Кога имаше периоди на неспиење, прво спиеше тој, ја ја чував, после обратно. Ама сега веќе ништо не пали.
    Еве на цело неспиење, попладнево преспа само 2 часа во раце и тоа со будење.
    Денов ми е хорор.
     
    На M&M, mal.ecka и irena.1 им се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    24.015
    Пол:
    Женски
    Ние слично на АнгелОфАрх немаме проблем со спиењето туку со заспивањето, па да споделам како го решивме.
    Синко откако престана да цица си сврзува цела ноќ околу 10 часа (претходно се будеше на секои 2 часа за цицање) и плус дневна дремка си има од 2 часа, за тоа не можам да се пожалам. Кај нас проблем е што кога ќе дојде време за спиење тој тогаш станува најактивен, најрасположен, добива некоја натприродна енергија, сите глупости тогаш му текнуваат.... ќе легнеме нему тогаш му се пријадува, му се пие вода, му се моча, му се кака... по 100 пати стануваме и легнуваме. Е сега, јас бев строго против заплашување на дете, ама додека сум 2ра смена мм од што не може да го заспие почна да применува една метода па бидејќи беше успешна ја прифатив и јас и сега секоја вечер заспиваме за 15 мин. :lol:
    Му кажуваме дека кога ќе дојде време за спиење полиција почнува да шета од куќа на куќа и да проверува дали дечињата спијат. Тие што не спијат ги носат право во затвор. Се наплаши малку и сега кога ќе спомнеме дека е време за спиење, сам си кажува дека ќе дојде полиција и оди право во спална.
    Има денови кога и тоа од прва нема да упали, па пуштаме на YouTube полициска сирена ко демек минува полиција низ нашата улица, е тогаш веќе легнува и мирен е, не смее да мрдне, за 5 мин заспива.
    Во екстремен случај, кога и сирената нема да упали, оди мм скришно, ѕвони на врата ко демек дошле полицајците зашто го слушнале дека не спие. :)
    Ептен има ефект, ама некогаш си имам грижа на совест зашто го заплашуваме, си велам да не му створиме некои трауми... од друга страна пак кога треба да станеш рано и припаѓаш од умор не размислуваш многу, само гледаш што побрзо да го заспиеш за да ти остане некоја минутка подолго време за спиење :wasntme:
     
    На TeddyGrey, M&M, simona_baby и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Надежна

    Надежна Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2016
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Женски
    Tuka sum so vas da ne se sekirate,i mojata e up all night,mi se place,mi se rika (facepalm);(:sweat:
     
    На Цвет88 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    12.660
    Пол:
    Женски
    Не да ми се рикааа, кај неспиена уше и болна сум, гледам и малава иде натака. Ќе се шлакосам.
    Ај што е будна, него и она малце што го спие цело време се превртува и плаче. Не знам во последно време дал 2 саати сон сум сврзала.
     
    На Надежна му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.685
    Допаѓања:
    47.848
    Пол:
    Женски
    Дете 2г и 9м спиеше во креветче нормално, сега нејќе за жива глава, а дете у спиење се бута у мене и само се префрла низ кревет околу мене, бега од перница и моето спиење е сведено на неспиење. Заспива, покасно од нормално, да го спуштам во кревече и се буди инстант, нејќе у креветче никако. Ќе пробам само уште тоа да заспива врз ќебе на кревет до нас, па сосе ќебе да го спуштам, да не му е ладно вака. И друг пат исто правел, ама не траело волку долго.
     
  16. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    12.660
    Пол:
    Женски
    Истото, спиеше у креветче и за буквално една ноќ, неќе. Јас ја спуштам успана, таа одма на нозе станува. Ја земав со мене, ок беше и почна са спие убаво и цврсто, пак ја вратив у креветче. Спиеше ок, се будеше ама не беше страшно. И пак одеднаш неќе, пак иста приказна. Ама сега ни со мене не спие. Периодот на будење на 10 мин, прекина на кратко, еве сега се буди и на помалце од 10 мин. Некад и се фаќа и само 2 саати сон. Убаво отспива од 7-8:30 сабајле. А навечер без проблем се успива, ретко да штрајкува.
    Искрено, за ништо не сум способна. Само гледам за неа ручек да направам. И тоа нешто на брзина и проверено. Доручек кога како јаде, вечера ми одбива. Све сум пробала. И веќе идеи немам.
    Дење спие 1 саат. И тоа ако стане у 7, у 10 ќе заспие до 11, после е будна до 9 вечерта. У тој еден саат 100 ќе ја зеам да ја презаспијам.
    А до 10 месеци некаде си спиеше супер.
    Многу е мачно кога не си одморен. Башка дете е си бара внимание. А јас немам сила. Сега па и дома затворени...
    Море ја трчаме, ја играме навечер да се измори, не и не. Нема време она за спиење.
    Сега се мислам викендов да ја оставам на мајка и да се акнам у шопинг. Може вака се осеќам зошто буквално неа и се посветив. Да не ја оставам, секаде да ја носам, не одам никаде ни на еден ден пошо сакам да јаде домашно спремно. И си викам, каков пикник, кај ке спие шо ќе јаде. Ако одиме на гости пак темпирај време, носи јадењее. И така, сама си правам.
     
    На mal.ecka и Надежна им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.685
    Допаѓања:
    47.848
    Пол:
    Женски
    Мојот е веќе голем, немам многу мака со тоа, ама јас немам на кого да го оставам за спиење, не ми се нафаќаат, не ги гњавам. А за јадење јаде се и го оставам секаде, сите може да го најадат. А навечер не се буди ако спие до нас, ако спие у креветче може и да се буди. Вчера љут дека пробував да го ставам у креветче и спиеше со отворени очи. Мајмун!
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.135
    Допаѓања:
    228.140
    Кај нас помогна витамин д12. Едни хомеопатски гранули. И сега знае да се разбуди понекогаш, ама поретко. Предходно беше буквално хорор, се будеше околу полноќ и со саати бараше да оди во дневна, да игра, плачеше...
     
    На mal.ecka, Надежна и Цвет88 им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    12.660
    Пол:
    Женски
    Кои се тие, ние што не пробавме, калма в, б-6, мелатонин
    Сега и земав од Србија едни за заби, гледам со д12 се. Ама нишо не делува.
    Хомеопатски се и овие
    20190130_144054.jpg
     
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    50.178
    Пол:
    Женски
    @danichap ај сликни ги, додека сум во можност да се снабдам и со нив покрај Осанитот :)
     
    На mal.ecka и Надежна им се допаѓа ова.