Отварам нова тема, ќе се покаже со тек на време колку е потенцијална за дискусија, размена на мислења и ставови. Какво мислење имате за одлуката на Трамп и Маск, Усаид да стане дел од стејт департментот и комплетно да го промени текот на функционирањето и првичниот мотив? Колку активни Усаид проекти имаме моментално во државава и што всушност би значел за нас престанокот на финансирањето? Темава, нормално, е за размена на информации, за споделувања линкови од најнови вести и извори, прогнози, претпоставки и слично. Ако има некоја иста или слична тема, оваа нека оди во канта.
Атентат на Киро, промена на знаме, 2001 војната, рамковен договор, промена на граници на општини, промена на име, ЛГБТ...
Грешка си. Тоа е ЦИА. УСАИД акшуали има проекти кои се од вистински добробит. Погледни рандом табла на водовод или реконструиран пат и ќе го видиш логото.
Мислам дека повеќе се IPA и IPARD проектите, веќе и навлегуваат кај нас и од Јапан проектите. USAID одамна не сум сретнала.
Нема ништо, сите се на ,,принуден одмор?,, (по рецептот на Твитер реорганизација) и страницата е тргната од интернет... На темата- појма немам што значи ставање на агенцијата под Стејт департмент, ваљда повеќе државна контрола на што се трошат парите. Фан факт- неодамна разбрав дека УСАИД е акроним за US agency for international development a не US AID или помош. Така што, девелопмент ко девелопмент, што и да е, ама дека е црвен крст, не е.
Пошто страната не работи, од шо памтам нешто ќе кажам. Реновирање на училишта, поддршка на унхцр, дом за бездомници (ова не можам да го потврдам, се гуглам, ова го памтам ама не можам cross-reference да најдам па земи го со резерва), реновирање на цркви (Св. Богородица Перивлепта, манастирот во Вељуса), болници и донирање опрема за болници, реставрирање на објекти и патишта (националната галерија на МК, Златковата кула, мозаикот во Стоби), памтам и донации за земјоделска механизација, проекти за инклузија и еднаквост и шо не друго. Буквално испаѓа ако најдиме целосна листа, од важни работи за државата, испадна ние само сијалица ако имаме сменето. Се друго ни напрајле. И друго шо прочитав и ме насмеа: "чим ВМРО се радва дека се укина - значи беше корисно".
Спојлер Еден од многуте нивни проекти финансирани од УСАИД. Лол и ликвидацијата на Аркан ја финансирале од УСАИД.
Да не заборавиме што ни одземаа фашистите. Можете повеќе информации да видите од архивираната страница: North Macedonia | U.S. Agency for International Development
Чим е уклучен црвениот аларм за паника на целиот невладин сектор, може да се заклучи дека станува збор за одлична одлука на новата администрација на САД. Рубио најави реформи во USAID затоа што сега претставува, покрај другото, алатка и за ширење на либералната ретардирана агенда на цена на американскиот даночен обврзник.
Дефинирај либерална ретардирана. Сега ќе ги пренасочат парите за девелопмент на Газа како туристички резорт. Што е исто ретардирано и либерал-економски . Да, треба тема вториот мандат на Трамп и роад то пм @DS10 не можеме поединечно сите глупости да ги доследиме.
Нема да има никакви реформи. Сакаат да ги украдат овие пари за да си ги наполнат сопствените џебови. Иначе да, десничарите секогаш навиваат за работи кои се лоши и за нив, бидејќи не сте свесни што политичарите ви одземаат. Маск и банда многу се гласни дека треба да се скострат федералните трошоци, ама секогаш се тивки кога некој ќе ги праша каде ќе одат тие пари.
НВОата, оние кои добиле пари само од УСАИД околу 290 милиони долари за тоа што ветиле дека че се грижат за деца бездомници, за болни од тешки болести, за зчувување на природата, за безбедноста во сообраќајот а 90% од тие пари ги потрошиле за политичка активност, поточно за зачувување на комунистичкиот тоталитарен систем. Ако тука се додадат 120 милиони од Сорос и 100 милиони од другите европски држави., НВОата во Македонија потрошиле половина МИЛИЈАРДА долари. Шо аир сме виделе ние од тоа? - Ништо. ДПМНЕ е исто како и невладина, исто како и СДС. СДС се само без мозок и ги следат инструкциите на USAID, од друга страна, ги зачкопија ДПМНЕ. 25 години лапаат кеш , кажи да ли си забележала некоја трајна овштавнина ? 960 милиони долари имаат во Македонија спумпано во 25 години. Парите се давани за некој проект кој врска нема со проектот . Ова беше организација за поткуп и потик на корупција , со свои очи видено не мора никој да ми кажува. Кој најмногу профитирал? - Лоповите по општините и овие шо квичат ко заклани свињи сега, секна водата од чешмата. Иначе се согласувам за темата дека треба особено сега кога го кажа и планот за газа.. а тек је трета недела на функција. Забавата тек је почнала.
Кој ти е изворот за оваа информација? Работите што ги набројува се пропорционално незначаен дел од програмата. Ова е пропаганда за вас десничарите дека само на ова се трошеле парите за да биде изговор сите пари да ги украдат за нив. Можеш да прочиташ од сликите што ги постирав дека голем дел од парите оделе кај нас за далеку позначајни елементи од нашето општество.
Има(ше) многу. Баш имаше неколку проекти на кои наеднаш им беа прекинати аолицирањата и веднаш ми стана јасно, а повиците за аплицирање беа отворени уште мин недела - две. ------------------------------------------- Дека со нив се направија и многу добри работи е неспорно ама точно е дека преку нив се имаат правено и многу работи under the table колку и да не сакаме да признаеме. Лошо е што нашиве не се грижат доволно за заштитување на нашето претежно историско наследство (а не пак за нови работи) па оние кои навистина се грижат единствен начин гледаа преку овие фондови, а тоа си носи и последици. Повеќе ме загрижува тоа што сега остануваме најмногу на европските фондови, а и тие се на стаклени нозе откако се открија малверзации. А и фондот за иновации кој беше познат дека е начин на делење пари на сопартијци го укинаа (не и дека им даваа на реални проекти). Сите фондови полека ги снемува, а нашиве за да си ги задржат фотелјите ништо не прават околу тоа што најмногу средства се даваат на албанските проекти.
Oваа одлука е добра за самите Американци. Нема никаква логика да фрлаат пари на секое шуто и рогато и слепо по светот што уште нема излезено од камено доба. Крајно секој треба да живее како што заслужува и колку има капацитет. Познавам жена од Велес, зема проект од УСАИД, да истражува каков бил градот пред век или два, каде што имало, и сето тоа да го документира, а во распаднатиот Велес едвај плата исплаќаше, оти економија нема, пари нема. Ако сега истава жена остане без примања, а е поткована добро, оти има еден факултет, работела цел век друго и во зрели години запиша и веројатно завршила друго, епа другари честито, ќе ви дојде и таа многу други кај вас на работа, да бараат работа и газдата ќе ве уценува, тоест нема да мрднете со плати. Општо, Македонија наместо да оди во цивилизација, оди во изолација. Во моето еснафско здружение даваат награди во висина од две-три плати за добро работен труд, арно ама откако сфатив дека местат, не аплицирам веќе. Дека крадеме, да, највеќе крадеме, дека немаме сменето една светилка, да немаме, а дека мислите дека се знаете, да, мислите ама сте грешка. Какви атентати. Атентатот на Глигоров го направила српската или евентуално грчката тајна служба, не забегувајте.
Секако дека е добра за нив ама не значи дека на тие места каде што праќаа средства дека џабе го правеа тоа. Да се има увид во туѓи економии, да се има информации од прва рака, да се има можност да се контролираат некои работи не е баш мала работа.