Како почетници, колку време ви одзема сами да си направите гелни нокти? Прашувам да знам дали вреди, или да продолжам со обични лакчиња
Јасс три часа... и грди и паѓаат и прескапо за да биде се квалитетно само за себе, за истите пари може друг да ти ги прави ако си со план да почнеш со таков бизнис труди се ако не не се троши за џабе се ке фрлиш.. јас и ги подарив моите на мојата козметичарка
Не каков бизнис, за мене прашував. Значи по ова што кажуваш, златни лакчиња, намачкај избриши на неколку дена сто пати подобро ќе ми биде
Ако немаш потреба за надоградба даа а имаше и некои гел лак што се суши и стои повеќе од обичниот лак на евелин можда беше не сум сигурна истражи
Мене ми требаат 2 до 2 и пол часа, зависи колку ги украсувам а ми траат 3 недели. Најважно е да ја усовршиш техниката за да не ти влегува воздух под гелот. Така брзо ќе ти испукаат и побрзо ќе треба да ги корегираш. Треба да имаш живци ама јас сум задоволна и ми се исплати.
A kako potocno da ne pukaat brgu mene posle nedela i del pocnuvaat da mi pukaat baza lak top coat po 60 sekundi pecam, ne se debeli sloevite no sepak pukaat peckataa mi e 48w
Мојата е 36 W. Јас сум аматер, гледав видеа на јт. Ама имам роднина што беше козметичарка порано и таа ми кажа дека многу е битно турпирањето. Откако убаво ќе ја истурпираш плочката, прашината ја чистиш со четка и не смееш да го допираш турпираното со прсти. Се мачка прајмер па база гел. Ги печам 2 мин. Потоа редам ( незнам како би дошло на мк) ауфбау гел, пак 2 мин печење. Го чистам лепливиот дел со ацетон или клинер па ги турпирам со буфер. На крај редам ферсихерунгс гел( валда му фоаѓа тоа како топ коат) печам 2 мин. На крај ги мачкам со улје. Вака направени ми траат 3 недели. Не се како од салон , ама дека ми се исплати, навистина ми се исплати. Цел сет јас од Амазон го порачав околу 70 евра беше пред 3 години.
Дали ова е сѐ што е потребно за гелни нокти: -прајмер -база -гел -top coat? И дали може слика од гелот?
Да, ама со буфер Никако со груба турпија, само со нежна, да станат малку мат Да, тоа ти треба Ова се моите, не пишува марка зашто беа во комплетот
Fala ti mnogu ke probam sledniot pat kolku ke mi traat, poso vaka e nedels i pol edvaj i mnogu me nervira koga ke pocnat da pukat