Си направив сама дома гел лак на моите нокти Супер е издржа две недели и 4 дена е сега сакам да си направам корекција Гледав со фолија ги мотаат и ацетон за полесно да излезе но некако ми е страв да не се оштетат па да ми се скршат Сакав да прашам дали можам да ги истругам со машинката но да не одам до крај Потоа само со обична турпија уште малку што има останато да истурпирам и да си продолжам со се друго
Јас со фолија никогаш не можев убаво да ги извадам, никогаш не ми успеало. Со електрична турпија само и ако можеш тие металните додатоци да ги замениш со керамички , не ја загреваат ноктната плоча и нема да ти го оштетат ноктот 100%
Печка за нокти од 150 w сосема добра и за домашна и за професионална употреба. Искрено мислам дека техниката на средување на нокти има многу поголемо значение, отколку појаки апарати за нокти. + и со материјалите е така. Ако техниката на работа е скудна и најскапите материјали нема да завршат работа.
Хелоу дер Кажи ми од каде земаш таква турпија? Имам ув лампа сакам да почнам сама да ги средувам ноктите, ама не знам после за вадење на гелот што да користам. И какви лакчиња користиш? Ти се покажале некои поквалитетни од други? Има нешто според што да се ориентирам кога ќе купувам?
Јас еве година откако сама си ги правам дома. 5/6 месеци додека им најдов чаре се мачев, ми траеа недела ден само ама сега сум петка Го турпирам ноктот го бришам со ацетон па ставам база гел со четка оној што е (база лак слабо држи). Еден по еден нокт мачкам и печам, потоа бојата, па топ гел/лак. Овие се тие производи јас што ги користам, со прифатлива цена се. Не се доискажав хахаха За отстранување на гелот јас користам алуминиумска. Прво го турпирам ноктот па ставам на секој памуче со ацетон и завиткувам со фолија. Чувам 20 минути потоа гелот е омекнат. И бргу се завршува работа. Јсс слојот од базата фактички пола го оставам и со самото тоа ноктот ми е поцврст и ми траат долго
@Yowannty Со електрична турпија го вадев гелот, тоа го имав порачано од алеикспрес , колектор на прашина исто од али, лакчиња, база, прајмер, топ коат , тоа го купував кај мене во Грција, од една продавница скоро во секој град ја има Кристијан Артесио и не се скапи работите се мн квалитетни, УВ лакови освен таму и Еликсир и Ревуар (овие се од Мк) ги купував. Јас сега не ги правам дома, одам да ми ги прават зошто поради деца и работа немам мн време. Искрено си одземаа време ова
@CarrieBradshow @koritsaki Фала ви девојки. Ми изгледа комплицирано. Ама ај кога веќе го имам дома, ќе пробам.
Здраво, сакам да ве замолам за помош доколку некоја од вас има слободно време да ми помогне. Сакам девојка ми да ја почастам со некој пакет за правење нокти, односно да има ламба за нокти и останати работи што ќе ги користи за правење нокти бидејќи многу обожава да си ги средува ноктите. Она што ме интересира е дали можете да ми помогнете да ми направите некој пакет на ствари што би можел да ги купам со буџет до околу 2000 денари што би и послужиле. Во буџетот треба да спаѓа и ламбата. Ви благодарам однапред
Сакам да ве прашам дали може за мислење, го гледав овој сет: https://www.instagram.com/p/C17k3ggrTv_/ само се договорив за 200денари поскапо со оваа ламба (лабата од додадената слика подоле) Дали е добра таа опција или да размислувам во насока нешто како поедноставен сет, на пример овој од ревуар веројатно тие се подобри како марка :'D : https://www.instagram.com/p/CxiG1FgMiqL/ Читнав претходно во темава дека ламбата било добро ако е појака од 70-80w, затоа побарав да со друга ламба првиот сет
Јас би ти рекла овие на ревуар, предобри се и материјал и лампата апсолутно се . Првиот сет има повеќе тракатанци ама такви ствари на али експрес има милион преефтини е геловиве ми се сумљиви малку мене ми беа како кинески неквалитетни
Девојки здраво, си купив сет за да правам нокти дома на нозете. Ме интересира само околу постапката со прајмер, па база гел, па гел боја - дали го печете прајмерот и колку време? Како го нанесувате? Ви благодарам! Ја имам комбинацијата од сликава
Карши полициска дтаница, тој ред на продавници, имаш една надоле по скали се оди, чинам Импала се вика.
Ај кажете ламба од алиекспресс која да порачам, дајте ми линк. Имав 48w, задоволна бев ама каблето треба да го вртам за да работи, не бива хаха
Јас земав 238 вати за 890 денари онлајн, од тоа маникир мк така нешто. Пребрзо пече, за разлика од 48ватната, и јас имав таква. На Али не гледам баш дека се поевтини.