Uff..po greshka stisnav mi se dopaga,namesto citiram Jas ne bi se slozhila so toa deka se raboti za niskokvalitetna roba na ebay,skoro istite raboti,so istiot kvalitet gi ima i po prodavnicite.Prednosta na ebay e shto mozhesh za super deal+na golemo da si narachash raboti,kade na drugi mesta mozat da koshtaat i troduplo.Pokonkretno bi potvrdila za materijalot za pravenje nokti po specijaliziranite saloni za manikir i pedikir od ebay go narachuvaat materijalot,pa duri i interierot(vo drugi zemji) Taka da moj sovet ti e,da si razlistash ubavo na ebay(so dobar deal shto se) i narachaj si ko za prvpat,pa potoa ke znaesh za ponata mu od kade tochno da narachuvash(ebay)
Не реков дека сите што се на ибеј се нискоквалитетни. Зборував конкретно за сетот што го имаше ставено. Инаку да и јас каде што одам го порачува гелот од ибеј и е многу квалитетен, ги имам запаметено какви се и ги гледав и јас да ги купам, имам и зачувано само од али експрес бидејќи неможам од ибеј. Еве ќе ви помогнам ламбите се секаде исти, за нив неможам да кажам која каква е но, овој гел http://www.aliexpress.com/item/Free-shi ... 86628.html е подобар од тој што го има во сетот. Еве ја и ламбата што планирав да ја порачувам http://www.aliexpress.com/item/Pink-UV- ... 63618.html. Прајмерот http://www.aliexpress.com/item/14ml-Nai ... 28894.html и гелови во бои може било какви, битно е да стои гелот одоздола а за боите воопшто не е битно, бидејќи после ставањето на гел во боја повторно се премачкуваат ноктите со безбојниот. За другите ситнурии како турпии и слично ги има насекаде. Поквалитетен сет би испаднал некаде околу 50 евра според мои проценки (со порачување од интернет) што е далеку поефтино од некои страници на фејсбук каде што само ламбата ја продаваат за толку. Ќе споделам уште една страна за гелови и прајмери, неодамна ја најдов на фејсбук па читав дека биле многу квалитетни но пак ќе кажам, повеќе се исплати порачувањето од интернет. Ова е страницата, ја ставам во споилер да не испадне како реклама, немам порачувано, само читав дека биле многу квалитетни. Спојлер https://www.facebook.com/uvgelovi.angel?fref=ts
Јас го порачав овој сет со ламбата за 22 евра http://www.ebay.com/itm/360726723841?ss ... 1439.l2649 сега само се надевам дека се исправно ке стаса
Јас нарачав иста таква ламба само од алиекспрес и е одлична! И да ти кажам позабавно е кога сама ќе си ги правиш ноктите
Извинете девојки ама читам и морам да го кажам моето мислење.. Како можете да правите сами нокти,сите мислат дека знаат ама не е така едноставно,дали сте свесни какви габични инфекции се фаќаат од тоа не знаење,што сите мислат дека знаат.. И јас мислев дека знам и дека е просто и едноставно,ама кога отидов на курс сватив дека не било така,дека јас уствари ништо незнам има толку ситници што треба да се научат.. Сега ви ги читав коментарите и се зачудив и морав да искоментирам,немојте да се лутите само го кажувам моето мислење..
Па еве јас не сум правела никогаш, никој учен не се родил, сепак сега низ нетов се има па навистина не ми изгледа нешто кпмплицирано кога имаш материјал а и еве девојките на форумот некои од нив имаат ув ламби па и самите кажуваат дрка не е тешко. А за габичните инфекции, јас мислам дека има шанса повеќе да прифатиш по козметичкиве куќи што на сите им ги прават ноктите со иста турпија , четки итн одколку дома ако си имаш сопствен материјал
Па сите тоа го мислат дека не е ништо комплицирано и мислите дека знаете,ама не е така лесно верувајте и јас мислев така и се уверив дека не е така..
Па баш затоа тие ги викам youtube мајстори,работат дома а врска немаат,еве јас работам со тоа,ама не се ни осудив да почнам без да одам на едукација и баш затоа спомнав дека пред да одам мислев дека се знам и дека е лесно и едноставно,ама не било така,има многу работи што не сум ги знаела а се многу битни...
Еве и јас да се пофалам, веќе неколку дена си ја имам оваа ув ламба инаку погоре пишав дека од нет ќе порачам, сетот не ми стигна па така да си отидов во продавница и си ја купив за 30 евра. Сега само чекам и сетот да ми стигне
здраво!јас нешто во врска со маникир сакам да ве прашам дали може да се стави гел на ноктите еднен слој после да се исуши во ув ламба па после да се стави обичен лак па после да се стави пак гел дали мислите дека можам така да работам????????????????
Јас мислам дека поголема шанса за инфекции дефинитивно имаш кај козметичар. Не е исто кога некој дома сам си ги прави и само на себе отколку на којзнае колку девојки. Јас сакам да си земам ама материјалите и ламбата незнам од каде да ги набавам, треба поасално да се распрашам.
За ламба имаш многу ефтини на ибеј и алиекспрес а има и сетови со гелови но геловите не ти препорачувам да ги земеш зашто не држат долго време, јас моментално ги користам но ти викам за брзо време паѓаат