Во ред е се разбравме јас пошто го работам тоа само сакав да кажам дека прајмерот мора да се стави за да не си го троши гелот така напразно бидејки ќе падне .... Незнам која е цената оти не работам со акрил имам некои страни на фб со опрема за нокти ако сакаш можам да проверам па ќе ти пишам
Ставам прајмер па безбоен еден слој па во боја гел и повторно безбоеи и на крај завршен , но по една недела ми се оделува гелото од ноктот , во што е проблемот , инаку користам гелови од алиекспрес и прајмер го купив од една продавница , но кинески е ...
Joana18 ... Дали го имаш оној гел билдер што пече на ноктот ??? Тој се става после бојата може тука ти е грешката.
Не немам го тој, мислам дека не е до него , бидјќи некогаш си ставам само безбоен а си ги лакирам и тогаш истото се случува..
Епа до геловите е јас правам со оние од ангел наилс многу се добри немам такви проблеми да се одлепуваат...
И јас го порачав овој комплет, со нетрпение чекам да ми стигне. Плус посебно си порачав прајмер, турпии и четки, за гелови прво ќе пробам со овие па ќе видам понатака...
Девојки, за под Гел-лакот што ставате? Јас пробав со Прајмер ама после тоа одма ми се лупи гел-лакот :/ За типсови и наливни немам проблем си ставам прајмер и си стојат по месец,два, ама проблемот ми е со Гел-лакот. Совет?
Фала на одговорот A цена знаеш? Другиот материјал си го земам од Битпазар, па од прилика да знам цена и за Базата
Па зависи каде ќе ја земеш, ако сакасш од битпазар има ама незнам колку се квалитетни, имаш во александар козметикс , мислам околу 800 ден дека беше А имаш и на ибеј такви работи , можеш и таму да си разгледаш , многу се поевтини од битпазар
Јас имам УВ ламба купена од кинеска продавница што кошташе не повеќе од 20 евра, ламбата е сосема океј, баш ми се допадна нејзиниот квалитет (но треба многу да се внимава на нејзе бидејки ако се расипе делови не се наоѓаат и можеш слободно да ја фрлиш во канта) како и да е за тие пари држи доста солиден временски период и е пред се квалитетна. Сите што прашавте околу геловите и нивната квалитетност од долгогодишно искуство можам само да ви кажам Никогаш да не посегнете по геловите од али експрес бидејки немаат ниту квалитетност ниту пак трајност, ќе си ги дадете само парите и за возврат истите ке ви завршат во канта. Затоа пак постојат гелови од Пренди кои коштаат само 120 денари, навистина се цврсти и трајни (сакајки можете да гурате со нив дури и 2 месеци или се додека не ги искорнете вие). Овие се геловите од 120 денари по долга проба јас ги одбрав како најдобри и најтрајни И овие се солидни исто така со иста цена Верувам дека мнозинството би сакало да помине со поефтина варијанта па затоа ќе ви кажам дека доколку нанесете како подлога од овој гел кој кошта 150 денари Па потоа нанесете од бојниот, и на крај финиширате со овој транспарентниот вашите нокти би можеле да ги носите се додека вие сакате бидејки како што кажав јас ја практикувам оваа метода и сум задоволна од резултатот и трајноста. За да ги избегнете почетниот и финишот и да не потрошите премногу оваа во е доста поефтина и цврста варијанта како што кажав веќе испробана. Но трајноста на вашите гелни нокти пред се зависи од обработката на истите, прво истурпирајте ги доста ефикасно и суво вашите нокти,потоа нанесете ги тисовите и повторно истурпирајте (квалитетот на турпирањето на вашите нокти е сепак пресуден дел од постапката). Се надевам дека ви помогнав на сите вас, за дополнителни прашање можете слободно да ми се обратите.
Имам едно прашање, дали наливни нокти со тие самолепливите картончиња можат да се прават и со гел или мора со акрил ?
Ја има во штип и скопје местото не го знам,распрашај се или нека одговори некој кој знае каде се наоѓаат.
Ај препорачајте ми некој поефтин сет за правење нокти од алиекспресс ама да има се што ми е потребно, сакам да почнам сама да си ги правам да се учам