Дали некоја од вас девојки има порачано гелчиња во боја од Александар Козметик, ме интересира цена на оние Galaxy гелчињата ?
Ми кажуваше една девојка дека користела само прајмер, па обичен лак и на крај топ коут. И ги печела во домашна ламба. и стоеле по 3недели. Па сакав да ми препорачате прајмер и топ коут, да не бидат многу солени. И дали стварно може со обичен лак или ме излажала таа? Знам дека прашањево не е во соодветна тема, ама не можев да најдам ништо конкретно.
Имам пробано вака со обичен лак ама топ коатот не се сушеше над лакот. мене не ми успеа. Ако сакааш со обичен лак незнам дали се сеќаваш на Есенс едно време се продаваа лед печки имаше посебно топ коат прајмер, значи лак користиш обичен на есенс од линијата the gel. Е сега незнам дали ги продаваат се уште овие производи на есенс јас ги немам пробано , а имам читано дека лакот стои околу 14 дена
Продавам УВ ламба, доколку некој е заинтересиран.... Мн малку е користена, ако е заинтересиран некој може да се догг за цена и слики во ПП.....
Каде можам да купам гел- лакови? Поевтини ми требаат, за домашна употреба. И да не сте виделе гел-лак со ваква нежна жолта боја?
Колку евтини? Евтини има на ebay (за околу 2 евра еден лак) , cuccio се знам околу 500 денари , има и во Александар козметикс но незнам колку се таму. јас ги користам на christian artesio , еден гел лак го земам 7,50 евра , но во Мк незнам дали може да се најдат.
Cuccio ми одговара со цената, а мислам дека е и доста квалитетен. Веројатно ќе ја најдам во Александар козметикс и нијансава што ми треба. Фала ти
@Avery незнам дали ги има во А.козметикс тие на Cuccio ама сепак отиди може да ти понудат и нешто друго. а Cuccio имаат страна на фб можеш да ги исконтактираш каде ги продаваат нивните производи
Не сум отишла, никако не ме носи патот накај Зебра А и ми откажаа 2 неонки од ламбата, па одеднаш ќе отидам и за двете работи. Фала ти за инфо
Ве молам дајте препорака од кај во Мк може да се набавува се ? Ув ламба, електрична турпија, гелови, четки, калапи и сл? Почнав на курс па сакам да си имам на ум, заборавив да прашам денес, најверојатно и тие ќе ми кажат утре кога ќе одам.
Лакови , а и голем дел од козметика, пилинзи, млека другарка ми набавува од тука https://www.facebook.com/cuccioprofessionalmakedonija/. Вршат достава. А турпии, восоци, печка за ноктите , сад за топење восок од тука мислам. https://www.facebook.com/kosmos.shop/