@LadyC јас кога одев на курс ми ги имаа препорачано некои работи да ги купам од Александар козметикс. Ако си од Ск исто така можеш да видиш на лице место што имаат од материјали.
Мојата ламба ја купив од една продавница во капиштец на улицата позади ТЦ Зебра, во близина на Стокомак. Тоа е специјална продавница со професионален прибор за нокти каде може да се најде се што е потребно за надградба на нокти. Цената на ламбата беше околу 3000 ден., се сеќавам дека имаше неколку видови, сите беа тука некаде со цени. Еве ја, иста е ваква само мојата е розева. Многу сум задоволна, ептен брзо ги суши.
Сакам комбинирана. Ми рекоа најдобра е.Им пишав пред 5 минути на страната да видам што ќе ми кажат. Имам убава понуда и од Клариса, сакам да е квалитетно, па нека кошта и повеќе ако треба. Ти благодарам.
Препорачајте ув ламба за сушење на лак (обичен) Никогаш не седам доволно мирна за да ми се исуши како што треба, и башка сите лакови многу кратко ми траат. На козметичар каде што одам ме лакира со лак и проѕирен +. Ништо посебно а лакот ми стои по 2 недели неизгребан. Кажете што е финтата??
Ти става гел лак најверојатно затоа 2 недели не паѓа. А ув лампи обични имаш и по 1800 ден, ама на нив се менуваат сијалички кога ќе прегорат. Ув/лед се поубави ама и поскапи. За обичен лак мислам дека нема резон пари да фрлаш... Ако сепак сакаш имаш во Александар Козметикс, Клариса и сл, тогаш купи си и гел лакови ќе ти кажат они како се нанесува.
@Shery гел лак имаш во Александар козметикс , исто и од Алиекспрес можеш да порачаш. Ламби има на битпазар по 1200 денари
Не ги знам цените, ама не се скапи, на Али имаш по околу 3-4 долари, а јас ув/лед земав од Азра за 3800 денари. Задоволна сум,ама она нема гел лакчиња. Ако ти треба повеќе инфо пиши ми лп.
Здраво девојки, одлучив ноктиве дома да си ги средувам сакам да нарачам ув ламба од али експрес.Прашањето ми е дали можам да користам само ув лакови без гел и да ги сушам во ламбата без дополнително да ставам гел, имам цврсти нокти нема да ми треба никаква надградба ќе ми служи исклучиво за лакирање.Совет за тоа што би ми требало да купам и како оди постапката?
Гел во боја мораш да ставаш ако правиш со гел . Ако ти е полесно и не сакаш да ти се дебели, купи си гел лакови исто од Али и ќе припремаш нокт само со турпија, дехидратор, прајмер и гел лак кој ќе го печеш. И завршен сјај земи си за од горе и толку. Е гел лаковите траат обично 2-3 недели, ама дома сама ако си правиш ти е исплатливо.
Да не знае некој како се движат цените на гел лаковите на Опи? И што се треба да земам, имам печка, пробав 3вида гел лак не ги бива, Опи во салон го пробав, презадоволна сум.
Девојки, дали знаете во Скопје каде можам да набавам Ув/лед ламба за нокти? Ама по квалитетна, ако постои специјализирана продавница. И цените како се движат од прилика?
Aлександар Козметикс мислам има од 4000 до 6000 им беа, Клариса Балкан мислам 4500. Тоа се дел од специјализирани продавници у Мк. Исто ги имаш Биолошки, ама не знам цена таму.
Не работам со база гел, мојот е 3 во 1 и припрема на нокт само и печам билдер. Мојот е на Клариса ув/лед за да ми одговара на се.
Некој што знае или се занимава со правење нокти да ми каже што се' е потребно? Предлог за УВ ламба, комплет со лакови, светки и сл., ако ги има на Амазон уште подобро. Сакам дома сама да си ги правам.