Јас имам ламба купено уште лани, ама некако слабо пече. Едно 20мин само базата ја печам(геллак). А не е многу користена, едно 10пати си ги имам правено ноктите. Некој ми спомна дека треба тие сијаличките да ги сменам ама не знам каде да најдам па ако знае некој да ме упати. И која цена се отприлика?
За базата доволно е и 90 секунди. Порано имаше uv неонки на тезгата на Битпазар кај што има материјали за нокти. Неколку години не сум поминала, ама мислам дека сеуште постои. Карши Зегин кај што продаваат наочари, одма во тоа пролазче од лева страна. ( се надевам ме сфати )
Дада, од истото место ја земав и печката. Баш ќе отидам да прашам. А ако ги печам само 90секунди исто ко да не сум ги испекла. После тоа одозгора кога ќе го ставам гел лакот се подига и се прават како бранови. (Не знам како да објаснам) и за 1ден почнува са се лупи како корупка. Така да сфатив дека ламбава не ми пече ко шо треба... Ти благодарам, ќе побарам таму.
Јас имам ув лампа ја купив пред една година и кога ќе ја уклучам во струја и ќе го стиснам копчето сијалиците не се палат, ни една. Не верувам сите да прегореле, знае ли некој во што е проблемот ?
Купи една сијалица или директно таму пробај ја, ако не свети не се исплати 6 да купуваш (ова ако ти е со 6 сијалици) пошо 1 е 100 денари а цела лампа околу 800-900 денари
Го имам истиот проблем, дали твојата ламб е розева? Прашањето ми е дали купи нови сијалички или поинаку го нанрсуваш гел лакот? Ијас правам тенок слој па можеби грешам незнам стварно, и ако купи нова ламба каква купи и дали е подобра? Со оваа треба 3 часа да ги правам ноктите да печам по 3 пати..
@LadyC ај ако можеш пиши ми и мене лп како оди постапката за нокти Сакам и јас дома да си ги правам па да си набавам што ми треба И не ми е јасно прво што се става па кога гелот па лакирањето Ништо не ми е јасно
Девојки да ми препорачате бренд на ламба од која сте задоволни? Битно ми е само убаво да работи и да не е прескапа. Очајна сум сама да си ги правам ноктиве. Фала ептен
Јас работам професионално одма ќе ти кажам не за лампава. Ув е и ќе те ограничува. Александар Козметикс имаат стварно преубави производи ама 3000 е мн за ув лампа. Барај ув/лед. Марина материјали на фб, Даниела Материјали, Маникир.мк... овие продаваат и се поефтини. Подобар избор ти е тоа.
Сум гледала на Фб не знам тошно страната лед/ув 120w 2000 или 2500 беше.Мене ми треба за дома на природни да ставам зашто лаковите воопшто не ми тераат без разлика топ и базен лак кога сум на работа дома цело нешто правам со рацеве.
1.Турпираат ноктите се чистат и спремаат за гел. 2.Прајмер и потоа се ставаат во лед/ув ламба. 3.Базен гел лак и се ставаат во лед/ув ламба . 4.За структура и цврстина се става билдер гел се ставаат во лед/ув ламба. 5.Гел лак во боја која што ја сакаш се ставаат во лед/ув ламба. 6.Завршен слој top coat се ставаат во лед/ув ламба. Не сум лиценцирана ниту сум работела со нокти ти кажувам од искуството што сум имала при ставање на гел нокти сум имала и наградба, но претежно беше на природни нокти.Сум гледала многу видеа на јутјуб пошто и јас сакам дома да си ги правам ноктите.Најбитно е да имаш добра ламба и добри гел лакови.