Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Vacuslim48

Дискусија во 'Диети' започната од Аничкаa, 17 јануари 2022.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Машки
    Од почетокот претпоставив за што се работи, ама сакав малку да најдам информации.
    Колку што сфатив од малкуте информации на интернет околу постапкава, ниту е нешто ново ниту е нешто уау.
    За кремите и препаратите цело време се потенцира составот, составот а за составот многу не се збори. А и небитен е веројатно.

    Ефектот на слабеење со постапкава се постигнува со дехидрација на ткивото преку потење. И тоа очигледно поголема дехидрација штом веднаш по третманот се препорачуваат големи количини на вода.
    Самите ефекти според нивната официјална страница траат 48 часа, претпоставувам оттаму и името на третманот доаѓа.
    Ако разбирам добро, за да се постигне посакуван изглед, потребни се неколку последователни третмани. Баш ме интересира на колку време се прават иако не можам да најдам информација.

    Сево ова најмногу ме потсеќа на боксерите и мма борци пред меч, кога е потребно да изгубат тежина непосредно пред борбата, па лежат во солена жешка вода за да се дехидрираат.
    Иако професионалци, свесни се дека rapid weight los (RPL) е опасен и не го прават пречесто.

    Не гледам како ова би можело да биде здраво за телото. Од друга страна, не гледам долгорочни придобивки.
    Напротив, долгорочните последици ми се поопасни отколку краткорочните придобивки што се постигнуваат со постапкава.

    Сепак, не сум доктор не ми е мн познато, не можам да тврдам дека е опасно.
    Ама дека се слабее и се губат масти, не.
    Не постои такво нешто.
    Тој што ќе го измисли ќе биде најпознатиот и најбогатиот човек во светот.
     
    На ALISA0000, f.girl, Аничкаa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Нора34

    Нора34 Нов член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Го правев третманот и искрено врска нема! После 10 третмани ни еден сантим не намалив глупост жива и џабе фрлени пари, барем според мене! Подобро масеро во комбинација со вода и здрава храна отколку ова! Очекував многу пошто така бомбастично се рекламира, а не добив ништо! Тоа е моето искуство
     
    На Аничкаa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Јас ќе почнам со овие третмани па ке ви лажам дали има ефект
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.468
    Допаѓања:
    251.013
    Јас кај што одам го има третманот. Во комбинација со ИР вакум и ролер има одлични резултати.
    Ама не од еднаш.
    Мене ми рекоа да не го правам оти немам многу кг за губење, па не го зедов во пакет.
    После 7 третмани, 3 недели, а одам два пати неделно, има одлични резултати.
    Е сега не знам дали ова е исто. Ама низ ЕУ ова е хит.