babylove овошни кашички

Vichy пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Bridget, 25 мај 2015.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.812
    Допаѓања:
    97.846
    Реченo-стoренo, пa дa дaдaм отчет за vichy dermablend. Уште утрово ја купив, 22 евра, на поклон добив несесер и две мини пакувања, едното крем другото нешто за чистење на лице, небитно. Nude 25, Опал е најсветла, оваа e после неа, и во споредба со Ревлон 220, vichy nude е потемна но мене и оваа нијанса ми одговараше, што значи наредниот пат купувам Ревлон една нијанса потемна.
    Кога ја нанесуваш делува сува, чиниш шкрипи под прсти, а отпосле дава некој убав природен сјај, да кажам на инглиш glow или dewy look, па е љубов на прв поглед. Погодена нијанса, убаво изедначува, малку сјај, свежина, идеално. После еден час сјајот малку се појачува, сеуште не е време за камена, јас постојано се гледав на огледало да не премине граница, и стално беше тука некаде, значи да се мислиш постојано дали да ставиш камена или да почекаш уште малку. И така отприлика 3 и нешто часа, па ставив камена и полесно дишев :rofl:Навикната сум на мат изглед па затоа.
    Леле ама ја затупив. Да скратам, во девет часа, двапати се поминав со камена и покрај тоа никогаш не бев тотално мат, ниту пак премногу сјајна, средина некоја.Сепак не се вратив дома со cakey face и покрај трите слоја на пудра, но со сјај да.Кога ќе се допрам на лице а имам Ревлон не чувствувам ништо, како да немам пудра, а со виши чувствувам маснотија на прсти.
    Штознам, за неколку часа да излезеш од дома би била идеална, но за цел ден дефинитивно не е, освен нели ако ја корегираш одвреме навреме со камена. Би сакала да има некоја мешавина од ревлон и виши, едната ми е премногу сува другата сјајна, но не се откажувам и од vichy, дава некој топол кадифест изглед.
    Еве слика
    [​IMG]
     
    На Antolinaa, joy1, jloves и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.058
    Пол:
    Женски
    @Bridget , те чекам цел ден како плата на први. :D
    Значи сепак претпоставката ми беше отприлика точна. Многу се замислив и јас вчера дали да купам второ пакување откако ќе ја потрошам барем Макс Фактор, ама се` уште се двоумам дали оваа или Superbalanced на Clinique.
    Ако ја фатам вторава на попуст, се сомневам дека некогаш ќе купам пак Ревлон или било каква друга. Многу ми се погоди, штета што овде е прескапа.
     
    На kjukli и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.812
    Допаѓања:
    97.846
    ^
    Ги избегнувам сеуште пудрите од Клиник, Диор, Есте и слични над 35 или 40 евра оти срце не ми дава, скржава сум малку, а и не е само пудра, доста пари давам и за останата козметика па чувствувам вина.
    Знам дека и на нив ќе им дојде ред, ама се надевам дека ќе најдам идеална за помалку пари, само тешко некако:doh:
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.058
    Пол:
    Женски
    Ау, не се осудувам ниту јас да погледнам натаму додека се на фул цена. Затоа кај нас не доаѓа предвид ова, единствено правам исклучок за 1 2 3 сетот на Клиник, другото не.
    Летово ја фатив на добар попуст, по цена слична на Vichy и затоа се „излажав“ да ја купам и не се покајав.
    Ама многу тешко се наоѓа останата нијанса кога се во еуфорија попустите, тоа повторно ми е најголем проблем, па годинава и не се надевам нешто многу. :)
    Ќе си се мачкам со Макс Фактор и ќе си молчам како риба.
     
    На Jordanovska-K и Bridget им се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.265
    @Bridget а зошто мораш повеќе пати да ставаш камена пудра?
    Зошто не ставиш првично камена (а и не мораш), па потоа по потреба само да потапкаш со палома која ќе го апсорбира вишокот маснотија од лицето?
    Пудрата нема да ти се избрише, а вишокот маснотија ќе исчезне, без да мораш да додаваш нов слој пудра.

    Има и специјални такви марамчиња од Аура и Орифлејм, ама не знам дали би ги имало кај тебе, но сигурно има некои слични од друга фирма, побарај.
     
    На Bridget и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.058
    Пол:
    Женски
    И Essence имаат вакви марамчиња, а мислам дека и Artdecо.
     
    На Love86 и sesilija им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.812
    Допаѓања:
    97.846
    Првпат слушам искрено за вакви марамчиња, ќе разгледам и ако најдам ќе купам.
    Инаку не ставам многу камена пудра, сосем малку и нежно поминувам со сунѓерче колку да се изгуби маснотијата.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.058
    Пол:
    Женски
    Инаку љубоморна сум колку подароци ти дале заедно со пудрата. Ова кај нас сигурно би било минимум 4000 мкд, зашто нели мора некако да се дојде до профит, макар наплаќале и тестери кои ете нагоре во странство ги добиваш фор фри.
    Супер, уште една причина повеќе што мразам дека живеам овде. :D
     
    На ivancekitty, joy1, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.812
    Допаѓања:
    97.846
    ^
    Не беше само ова, плус каталог со десетина нивни производи и исто толку мини тестери во книжено пакување (mooning)
     
    На ivancekitty, joy1 и kjukli им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.812
    Допаѓања:
    97.846
    А дa си ги измешaш сaмa??
    Тoa и стoрив и......бингo! Си јa дoбив идеaлнaтa пудрa. Квaлитетите нa двете пудри излегoa нa пoвршинa, изджливoстa нa Ревлoн и мaл сјaј и мекoст нa Виши. Ми требaше сaмo еднa мaлa пoпрaвкa нa т зoнaтa вo текoт нa денoт и тoa е тoa. Јa прoбaв и нa слики, ревлoнoт ме прaви кaкo дух, сo виши сјaaм, сo мешaвинaтa излегувa перфектнo.
    Мoжaм мирнo дa спијaм.
     
    На LivingGlam, ivancekitty, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.598
    Пол:
    Женски
    Збор два?
    [​IMG]
     
  12. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    4.989
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој колку пари е пудрава???
    Многу би сакала да си ја купам, од тестерот дома што го имам и што го користам увидов дека оваа пудра е идеална за мојава кожа. ^_^

    Ја користел ли некој, како сте задоволни и каде можам да ја најдам?
    vichy-aera-teint-pure-fluid-foundation-58-bronze-30ml.jpg
     
    На Emilija97mk, single.ladyyy и LUCERKA им се допаѓа ова.
  13. Lina2031

    Lina2031 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Jas ja koristam so godini pudrata na Vichy ama ne ovaa tuku Dermablend full coverage bese okolu 1280 sega e poskapena,okolu 1400 den. Bi trebalo i ovaa da se dvizi tuka so cena :)
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.598
    Пол:
    Женски
    Како си задоволна од Vichy јас ја нарачав и крем пудрата и пудрата и тоа околу очи.
     
  15. Lina2031

    Lina2031 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Iskreno pre zadovolna. Pred nekolku godini imav strasen problem so liceto i po preporaka na dermatolog pocnav da ja koristam isklucivo kozmetikata na Vichy i mozam da ti kazam deka site proizvodi im se top. Se sto imam probano e sovrseno dobro. Pudrata ne ja menuvam za nisto na svetot,prikrivna e,ne go pravi liceto kako maska se prilagoduva na kozata i sto e najbitno trae i do 12h. :) Ne si pogresila vo izborot ama ic.
     
    На julie77 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    3.120
    Пол:
    Женски
    А од каде ја порачуваш? Нели ја има насекаде, по аптекиве сум ја заабележала.
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.598
    Пол:
    Женски
    Знам дека ја има во аптеките но е поскапа.
     
  18. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.203
    Ја има ли некој користено пудрата на vichy corrective dermablend.....да сподели искуство
    images (6).jpg
     
  19. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    37.087
    Vichy Dermablend - За каква кожа е? И дали е прекривна и долготрајна како Ревлонот? :)
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.058
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е толку долготрајна како Ревлон, ми се растекува по неколку часа, ми се собира во мимичките брчки и делува многу слоевито иако нанесувам мала количина.
    Не знам за каква кожа е, мислам дека е универзална, но за многу мрсна кожа дефинитивно не е.
     
    На Heidy, M.laDy и Rose96 им се допаѓа ова.