И да ја дополнам @Mishela дека многу се пресликува на облека, па ако правиш муабет на мобилен да не правиме муабет....
Moжда не е за во темава, ама и јас имам многу сува, хиперсензитивна кожа, и ама најтопло ти препорачувам да им дадеш шанса на Avene. Kремата е одлична во комбинација со тонираната крема, и општо целата линија Cleanance ми се покажала како единствен спас, ниедна друга линија не ми одговара на лицето. Тонираната крема не е покривна, ама убаво го изедначува тенот, покрива црвенило и ми е boost на кремата. Мислам дека има и коректор, ама не сум го пробала. Да не се урочам, ама не се сеќавам кога последен пат сум се исперутила или исфрлила од кога целосно се префрлив на линијава, а ми беше огромен проблем.