Разгледувајќи ги Виши пудрите наидов на 3 различни амбалажи aera teint пудри. - ЗА НОРМАЛНА И КОМБИИРАНА КОЖА - ЗА СУВА КОЖА За пудрата за сува кожа прочитав многу пофални зборови, но би сакала и од вас феминки да чујам мислење ако ја имате користено
Бланка, јас ја имам првата пудра од првата слика од лево...и задоволна сум.Ама која и да ја земеш од Виши нема да погрешиш.
ајде некоја да ми се пофали од оваа пудра,колку што сум информирана пудрава одговара на масна кожа склона на акни, нели??? и колку чини???
сестра ми ја користеше оваа пудра и мене кога ќе ми снемаше земав од неа ама знам дека не покрива многу , убава е за преку ден и многу убаво мириса. Ја купуваше од аптека само таму ја имаше и беше малце поскапа од стандардните пудри но и одговараше така да вредело .. Спојлер иста ваква со портокалово капаче беше
Ја имам користено Vichy Aera Teint (има слика веднаш над мојот пост, да не ставам по сто пати) и искрено не бев воодушевена. Не го ни дотрошив шишенцето. Навистина интересно мириса, има sheer to medium coverage, убаво се нанесува...НО, врска нема тоа дека е anti-traces, колку што паметам имав доста проблеми со кашкање на сите страни особено на лето, буквално се топи пудрата, исто кога е потопло не е пријатна за носење, лицето како спурено ми беше. Премногу е тешка за на лето, затоа ако ја купувате, користете ја додека не почнале горештините. Исто позитивна страна е тоа што не предизвикува акни и мозолчиња, барем за тоа Виши си се мастери АКо имате некоја другарка што ја има пудрата, пробајте ја пред да ја купите, не се залетувајте само затоа што е Виши
Розево можеби оваа пудра не одговара за твојот тип на кожа (за нормална до комбинирана кожа е). А изгледа дека таа за сува кожа никој не ја користел
Комбинирана кожа имам, значи официјално би требало да ми одговара, а и аптекарката ми ја препорача откако ми го виде лицето. Сепак, моето лице е прилично комплицирано и претешко ми е да најдам пудра која целосно ќе ги задоволи моите критериуми. Иначе ако не се појави некој што ја користел пудрата од линијата за сува кожа, оди во аптека, имаат тестери и пробај на лице место.
Еве линк до интернет страната на Vichy за пудрите, можете детално да си прочитате какви има и за каков тип на кожа се: http://www.vichyconsult.com.hr/ProductS ... sults.aspx Имам напишано и во друга тема дека единствено Vichy ми одговара на мојата комбинирана и комплицирана кожа. Користам Aqualia thermal Riche поголемиот дел од годината. По прв пат во сите години од како користам креми, немам зејтин на носот после 1 час од ставање на кремата (се извинувам поради експлицитноста) ниту пак ми се суши кожата на образите. Перфектен баланс за комбинирана кожа. Nutrilogie 2 користам во зима бидејки кошжата ми се суши повеке. Normaderm nuit користев на почеток и е одлична крема за проблематична кожа. Purete thermale 3 in 1 користам за отстранување на шминката. Се нанесува на лицето со масажа па се брише со памук. Eau thermale е чиста термална вода и ја користам после Purete thermale за освежување на лицето. Доколку има останато од пудрата, додатно чисти и хидратира. Capital soleil 50+ користев лани на одмор и сум презадоволна. После сончање немав никакви проблеми со лицето за разлика од други години. Vichy има одлична интернет страната каде може да си поставите дијагноза на вашата кожа и да ви препорачаат соодветни производи. Тестери има од сите прозводи ама кај нас тешко се наоѓаат бидејки апотекарките си ги земаат за себе..... http://www.vichyconsult.com.hr/Default.aspx И уште еден момент кој ми се допаѓа, сите производи доаѓаат директно од Франција.
внимавајте ова лето 2011 со купување на виши производите за сончање!!!!! имаат акција ама тоа е за тоа што на сите рокот им е до 10,2011 !!!! Виши е прекрасна козметика но за кремите со заштитен фактор најбитно е да бидат со добар рок!!!!!!!
Од Vichy сум користела многу производи и презадоволна сум, скапи се доста ама дефинитивно вредат за парите. Имам проблематична кожа и пудрите од Vichy ми се идеални.
Vichy козметиката е одлична, навистина се поскапи али се исплати секој денар...Јас сум презадоволна...Шампоните им се совршени,им ги препорачувам на сите...Нормадерм колекцијата исто така...
јас ја имам оваа иначе добра е ама повише ми е како за во есен/зима. За цена незнам, не ја плаќав јас
јас ја користев минатата година оваа пудра и преубава е и погодна е баш за летниов период зашто не е воопшто тешка, а кожата ја прави природна не изгледа како да си се зашлакала со малтер и да наменета е за масна и кожа склона кон акни... цената е 1 200 или 1 400 денари така нешто мислам беше ама вреди за тие пари а и помалку се става така да долго време ке ти служи
Задоволна сум од шампонот планирам и ампули за коса да купам дека ми ги имат фалено. Друго не сум користела од кај нив.
девојки дали некоја од вас користела крема против стареење од Vichy , за сува кожа,, ми треба некоја за над 25 год. а изборот е преголем , help???
За 35+, сува кожа и против стареење се Liftactiv Derm Source или Liftactiv Retinol HA. Кремите се со лифтинг ефект, како што сугерира името. За 25+ нема.... Знам дека не е добро да се ставаат креми за зрела кожа пред време бидејки кожата се навикнува на состојките кои ги добива од кремата па престанува да ги создава истите. Јас ја купив Liftactiv Derm Source само ноќната бидејки ја почуствував кожата малку опуштена и кремата е одлична, но дали да се користи постојано или не, прашањето е сега? Уствари мене веке време ми е ама тебе според годините би ти препорачала да ја земеш Nutrilogie 2, која е хранлива крема за сува кожа. Ја користев наутро и навечер и сум презадоволна. http://www.vichyconsult.co.uk/produ...-2-intensive-skin-care-for-very-dry-skin.aspx http://www.vichyconsult.co.uk/ProductList.aspx?sneed=7,8,9,10,11,46,53,57