Фала за одговорот а сакав да биде баш против стареење, пошто си ги гледам линиите околу очите а и околу устата никогаш волку не ми се познавале
Обиди се со Nutrilogie 2 првин, може ти недостасуваат хранливи материи и влага за да кожата си се регенерира, сепак си 25 години....
Јас летото си купив крема на Vichy околу 1000ден. со заштитен фактор 30 за лице. Бидејќи сум бела нонстоп горев на лицето но со помошна кремата ова лето се спасив . Па сакам да кажам задаволна сум
Ја земав кремава и стварно сум презадоволна... Изгледа и од што малце пиев вода во последно време и не знам од што ми се познавало така , сеа се ми помина . thanks
Девојки, ај еден совет, предложите ми крема за лице од Vichy. Значи имам нормална кожа, само околу брадата имам како флеки, а прочитав дека кремите од Vichy се доста добри посебно и за проблемов ... Овде во Италија, доста се познати овие производи, ама секад ми е страв со зимање на козметика од рака ... затоа сакам ако може некоја да ми даде мислење, би било супер
За VICHY можам да кажам само дека се најдобри и најквалитетни. Посебно пудрите им се вистински погодок. Најдобра е. Јас имам мрсно лице, значи премногу мрсно. Во животот сум пробала многу пудри, но никоја не е како оваа. Освен оваа не ни помислувам да купам друга пудра. Најдобра е стварно.
Јас ја имам пудрата наменета само за мрсно лице. http://www.lekarnar.com/izdelki/vichy-norma-teint-puder-proti-nepravilnostim-25
гледав реклама за крема од виши за акни дека брзо ги суши може да ми каже некој дали ја има користено и дали е добра и која е цената од прилика
Јас ги имам и двете пробано на тестер, Дерма бленд е многу по покривна за разлика од Норма дерм теинт. И двете чинат околу 1200 денари, ама верувај вредат за секој денар, многу се лесни а сепак покривни не ни чувствуваш дека имаш пудра на лицето. Јас да присоберам некој денар и си ја купувам дерма бленд без размислување!
дали го имате користено новиов производ и доколку знаете цена би ми помогнале во одлуката дали да го купам
Jас го имам користено производов, но искрено јас ја купив цела колекција vichy и само полошо ми направи, сега 50€ дома фаќаат прашина... мислам дека има нешто во производите на што сум алергична така да нз дали на тебе би ти помогнал, единствено што беше добро кај тоа со хиелуронска киселина е тоа што стварно добро беше за под пудра за покривање на ептен големите акни. инаку имам и крема нормадерм и пилинг и ова со хиелуронска и дали 1 месец ги користев, цела бев со огромни акни оние поткожни што не се стискаат .... можеби ако сака некој можам да ви ги продадам за дупло поевтини пари, вака нз што да им правам не ми се фрлаат скапи се ... а ако некој има сличен проблем со vichy сега користам lush и презадоволна сум а да а цената на тој производот во аптека е 900 ден ...
лелеее ме изненади, прв пат слушам вишито да не одговара на некој, бидејќи се сметаат како најдобар третман кај акни и нормално еден од поскапите. Во аптека прво нешто што го препорачува е еуцерин, па доколку нема подобрувања виши, многу чудно, јас го сакав баш ова составот ми е доста примамлив од медицински гледан аспект. Ај пиши ми во лп до кога им е рокот од каде си и колку мани би ги продала
Јас користев еднаш крем од Виши и ич немав некој посебен ефект. Ме разочара. А, многу ги фалат, скапи се, очекував многу... Здравје некогаш би купила пак, би им дала нова шанса. И пудрите многу ги фалат, додуша ретко кој ги купува, скапи се. Мислам дека се околу 1200 ден.
Јас користам пудра од виши веќе 2-3 години. Скапи се 1320 ја купувам ја има само во една аптека во цел град. Ама ниедна пудра не ми одговара како виши. Е сега да можам да дадам 2000 и повеќе за MAC пудра би купувала, пошто е совршена.