Да ве прашам имате го користено кремот за недостатоци? сакам да го земам, бидејќи приметив дека ми се прошириле порите, немам некој др проблем со лицето, освен што имам сува кожа..и нормално по некогаш знае да излезе по нешто дали одговара и на сува кожа и дали сте задоволни, мислам дека беше vichy normaderm night
Од неодамна почнав да ги користам производите на vichy и презадоволна сум. Конкретно Normaderm линијата за недостатоци, нема да погрешиш. Ги користам и ноќната и дневната крема за недостатоци, супер се. Имам чувствителна кожа и мене супер ми делуваат. Е сега не знам да ти кажам дали се за сува кожа, јас имам комбинирана, а на дневниот на декларацијата пишува за неправилности, проширени пори и масе сјај, така да најдобро прашај ги аптекарките пред да купиш. еве може да разгледаш и тука http://www.vichy.rs/Nega-protiv-nepravi ... p7816.aspx http://www.vichy.rs/Nega-protiv-nepravi ... p7775.aspx И ќе заборавев, деновиве гледав каталог од Зегин, имаат некоја акција токму на Normaderm, ако купиш два производа од оваа линија дневниот крем следува гратис
Во сите подобро снабдени аптеки низ Струмица ги имаш производите на Виши САмо спомни им ја марката , доволно е
Дали некој го има користено ова: http://www.freestufffinder.co.uk/wp-con ... 00x300.jpg Сакам нешто како дневен крем, ама тонизиран.. и не знам баш дали е ова правилниот избор за мене и тоа што го барам. Ако некој го има користено нека ме извести
Има некој користено од оваја колекција нешто за проблематична кожа склона кон акни?да сподели искуство?
Во Зегин ја има, околу 1200 се сите пудри на Виши. Имаат и тестери можеш да си видиш убаво за нијанса.
Мене на vishy пудрите воопшто не ми се допаѓаат. Најмногу сум ја користела дермабленд, да покривна пудра но има некој розов подтон па изгледате како да одите на погреб. Но ќе ви се допадне ако немате жолт подтон.
Preplasena муабетот не ти држи вода ама ич. Јас имам жолт подтон и ја користев дермаблендот во нијансата 25 нуд, и ми одговараше совршено и овие денови пак ќе одам да си ја купам. Ако не сте доволно информирани за нешто, не ширете дезинформации жити се.
Какви дезинформации? Јас споделив лично искуство, на форумов сме за да си помогнеме. Супер ако ти се погодила, но тоа не значи дека на секого одговара. Токму истата ја користев 25ка. Пудрите се скапички, вредат за покривноста, но мене повеќе ми е битна бојата и 25ката воопшто не ми заврши работа. Си ја користам како коректор поради покривноста.
Значи не е логично ако имаш жолт подтон да не ти одговара 25ката. И ако се работи за помагање (баш заради тоа те цитирав, таа намера ја имав и јас) тогаш немој да пишеш како да си сигурна дека на жолтите подтонови не одговара само зашто тебе не ти одговарала, пошто тоа не е точно, контрадикторни ни се мислењата, а двете сакаме да помогниме. За да нема проблем, постојат тестери, кој сака да ја купи, нека проба од нив прво и крај на дискусијата.
Колку дермабленд има избор на нијанси? Колку можеш да процениш од тие тестери дека ќе ти одговара? Различни се светлата во Зегин и парфимериите од надворешното светло. Колку пати сме земале кармин во парфимерија и сме ја утнале бојата токму поради тие светла? Земи ја пудрата и погледни ја на дневна светлина ќе забележиш дека има розов подтон, а нема логика да одговара пудра со розов подтон на лица со жолт подтон, зборувам ако сакаш пудрата да ти стои совршено. Тоа што е фул покривна може да те излаже, но тука зборувам за боја. А совршена шминка не значи само покривност. Подтонот е многу битен при правилен избор на пудра. За тие пари може да се земе многу поквалитетна пудра од секоја гледна точка. Изборот е ваш, мое е да споделам.
Пилингoт зa лице гo кoристел некoј? Скoрo 900 денaри гo видoв. Пa сaкaв дa спoдели некoј/a искуствo .
Одличен е. На овој мислиш, нели? Доволно е благ за честа употреба, дури и мојата чувствителна кожа немаше проблем. Добро го чисти лицето и некако го осветлува. И не ја суши кожата. Ме потсети пак да си го купам, ова е еден од ретките производи за лице што ми одговарале и сум ги купила неколку пати. Едит: Дали некој го користел овој ноќен третман против акни? Многу ми го пофалија како ефикасен, ми беше страв да го купам да не ми реагира кожата, бидејќи производите против акни обично содржат агресивни состојки. Искуство?
Не знаев ккаде да го сместам мислењето за кремава, па ајде тука ќе го ставам. Се работи за Спојлер: продукт крема за лице, би рекла, за проблематично. Кремава доаѓа во доста големо пакување, со пумпица е, а доволно е сосема мало количество за нанесување. Барав некоја хидратантна крема зашто имам нормално лице со мрсна Т-зона и црнки, акни, да не речам често и поткожни мозолки кои се влечкаат со недели и ми оставаат лузни. Да се разбереме - чудотворно не е, ама барем не прави проблеми. Значи сите тие флеки и лузни ќе си стојат, ама поентата е да не се создаваат акни, да не се перута кожата, а да има хидратација и некаква подлога за шминка. Кремата има пријатен мирис, не е мрсна, ама не е водеста како повеќето хидратантни креми. Лицето го мијам со гелот од Нормадерм линијата и обично после убаво ми е затегната кожата, а често и ми се перуташе кога користев друга крема. Со оваа се надополнуваат. Се добива освежувачко чувство, а лицето е премеко. Потребно е малку време да се впие во кожата, нормално, но после тоа немате ниту тежина на лицето, ниту се чувствувате како ништо да не сте ставиле. Тамански. Шминка ставам врз кремава и нема никакви проблеми или промени. Ја ставам и навечер пред спиење. Досега ја користам неколку недели, ама немам никаков проблем. Цената не знам колкава и' е, зашто ја добив на подарок, ама се исплати. Не ја "купив" на слепо, претходно користев тестер. Ја препорачувам.
Ајде уште еднаш да пишам во темава. Се сторив со Виши чуда, ама кога ми одговараат, што да правам... Станува збор за Спојлер: Продукт Гел за миење на лице. 200 милилитри е, во палување баш вакво како на сликата. Ми е допаѓа што има пумпица. Иако го купив денес, долго време го користам како тестерче од 30 милилитри и прво морам да кажам дека многу долго трае. Речиси 2 месеци ги трошам тие 30 милилитри. Второ, навистина добро го негува лицето. Имам проблематично лице, со мрсна Т-зона, па кога се мијам со гелов е максимално можно длабински. После тоа, кожата е затегната, мазна и дише. Доколку не се стави крема после тоа, може да почне да се перута кожата и да ја чувствувате многу затегната. Сум го користела во комбинација со други креми и ефектот не е толку добар како со кремата на Виши што сега ја користам. Кожата не ми била затегната, ама перутањето на некои клучни места останувало. Со кремата на Виши после миењето со гелов, лицето е таман. Не е суво, не се перута, ама не е ни мрсно, што е многу позитивно. За употреба доволно е многу мало количество. Убаво пени и убаво отстранува нечистотии. Топло го препорачувам и многу се исплати за парите. Инаку, цената му е 860 денари отприлика, во Зегин. Што е малтене исто колку и некој сличен производ на Еуцерин.
И мене ме интересира за идеалиа од виши, ми препорачаа крем идеалиа за нормална до сува кожа http://www.vichy.co.uk/anti-ageing/smoothing-and-illuminating-cream-idealia/p2352.aspx Ќе прашам во Зегин таму сигурно знаат, па ќе кажам дали е добар. Инаку имам нормална до малку сува кожа, 28 год. сум.