Да пишам за кремава Vichy Idealia. Преубава е, подобра не сум ставила до сега, значи го изедначува тенот, хидратизира и веднаш му дава некој здрав сјај на лицето, значи со ниедна крема не сум го осетила толку освежено моето лице (а без пудра, руменило и слично). Паковањето исто е идеално хаха со огледалче одозгора на кашачето. Топло ви ја препорачувам, малку е скапишка ама вреди за секој денар, 1750 ја зедов од Зегин. Заборавив да напоменам, мојата е за нормална до сува кожа.
Дефинитивно едни од подобрите производи што може да се најдат кај нас. Од аптеката кај што пазарувам ќе имаат попуст од понеделник па ќе си земам и мицеларна вода и aqualia thermal light крем.
Мислам дека го имам видено во аптеката кај што купувам, ама мислам дека беше над 2000. Не сум го купувала ама сигурно треба да е добар. Ќе одам до крајов на неделава да се снабдам зошто имаат намаление на сите работи од Vichy па ќе проверам дали го имаат и серумот и ќе ве известам.
Имам која што постојано се мрси буквално светам ама има и се лупи како да е сува... Која хидратантна крема Vichy Aqualia Thermal ќе ми е подобра таа за сува или за мрсна кожа? Искуство некој... Ако може побрзо одговор
Одамна е мислењево но ме интересира нешто. Дали за зрела кожа е кремава ? Во Зегин ме збунија. Демек за постари била. А знам дека има друга anti-age кремава слична на оваа.
Не би рекла. Ако не се лажам, никаде не беше нагласено за каква кожа е (зрела, млада), ниту пак имаше состојки од типот на Q-10 (колку што се сеќавам). Не знам колку години имаш, ама според мене слободно можеш да ја користиш.
Користам гел за длабокорочистување на кожата од vichy исто и така и крем на нормадерм против нечиста кожа бидејки имам акни и како што се информирав многу помага и го прочистува лицето од секаков вид на нечистотии и акни. Од гелот немам проблеми но кремот кога ке го ставам ме пече малку лицето тоа е само на почетокот кога ке го ставам потоа е се ок.. дали е нормално тоа пецкање или не одговара кремот на кожата.. а можам да кажам дека не се повлечени се уште но црвенилото е намалено.. позз феминки
Имам 25 години и неколку брчки околу очи и кај усните. Што можам да користам од Vichy како на пример некој ноќен крем за околу очи погоден за мојата возраст? Инаку имам многу проблематична кожа, мрсна, со акни, црнки и проширени пори...
Дефинитивно овој. https://www.vichy.rs/Lice/NIGHT-DETOX-NORMADERM/p10459.aspx Јас го користам во комбинација со гелот и сум презадоволна.
Како што можам да видам, во составот на кремот има салицилна киселина. Моја претпоставка е дека тоа го предизвикува пецкањето. Со оглед на тоа дека нема понатамошно воспаление, мислам дека нема за што да се грижиш, сите препарати со салицилна или друг вид на киселина најчесто предизвикуваат пецкање.. во случајов тоа се должи на пенетрирањето на киселината во подлабоките слоеви на кожата каде би требало да го регулира себумот. Биди многу внимателна кога користиш било што во чиј состав има киселини, AHA/BHA(во нив спаѓа салицилнава), кожата е многу поосетлива на сончевото зрачење. Задолжително користи крем за заштита од сонце( UVA/UVB), минимално фактор 30. Секое добро..
Девојки ако може да ми препорачате крема за лице на Vichy за комбинирана кожа, немам проблем со акни само на брадата некогаш ми излегуваат бели затворени пори или незнам како се викаат. Ми треба крем за хидрстација без да ми се мрси кожата. До сега користев на Eucerin и Yves Rocher ама не сум многу задоволна.