Мене ми се преценети. Освен што убаво мирисаат и долго им трае мирисот немаат некој друг посебен квалитет. Многу ми ја сушат кожата и ми перута после нанесување на лосион, сикрет шарм го имам користено лосионот и путерот, путерот како треба повеќе да ја омекнува и хидратира кожата ама не му оди нешто. Во комплет беше сетов со гаќички кои наместо да се соберат после перење се раширија уште толку Не би купила повотрно лосион, можеби спрејче, за летно време се супер, и тие со светки се интересни само незнам колку им држи мирисот, би купила и евентуално од тоалетните води, друго не. А и многу се скапи кај нас
Млеката за тело од Викторија сикрет се врв,брат ми ги донесе од Америка по многу поволна цена,премногу добро мирисаат како парфем да си ставил Досега не сум налетала на нешто подобро за тело ..
Jaс сум премногу задоволна од млеката за тело на VS . Кожата ја прават многу мазна а мирисот трае со часови.
Путерите за тело ги обожавам, омилен ми е оној од колекцијата Secret passion. Преубави се, додека живеев во Америка цело време ги користев и си донесов 10-тина за во Скопје. Е сега толку ми се потрошија за жал, па ја чекам другарка ми да се врати од Америка и да ми донесе повторно.
Девојки, мајка за празнициве се понуди да ме почасти со вакво, мое е да си изберам. Епа сега, ме интересира, да ми препорачате некое млеко за тело со нежен, ненападен мирис. Можеби тоа пјур седакшн или некое со мирис на јасмин, орхидеа ?
Преубави се и двете. Првото е повеќе летно, свеж мирис сладок абе да си се грицнеш. А вториот од колекцијата на Dream Angels има малце потежок мирис, баш зимски. Им нема мана, но мислам дека квалитетот на нашите и тие во странство се различни.Барем во мојот случај, тие што ги имам споредено кај нас и тие што ми ги пратиле од Канада.
Оди во Космо во Сити Мол имаш тестери од сите и ќе си одбереш. Лав Спел е убаво, а ми се чини имаше и едно со јасмин.
Во Америка си ги купив бидејќи не се споредува цената таму со овие овде. Ненормални се. Таму кога не се на попуст се околу 14 долари со се такса. А тука бе 1200 божеееее? Да дека убаво мирисаат и се познати ама па не се некоја голема грамажа па се исплаќаат за цената. се знае каков е стандартот тука. Во Америка обични студенти можат да ги заработат тие пари за два часа и да си дозволат секој ден да си купуваат. Јас си донесов 6 , беа на попуст и си ги зедов за 38 долари. Овие две ми најубаво мирисаат. Овде не би ги купила никогаш , бидејќи знам дека таму се многу поефтини.
И јас си донесов од Америка минатата година , имаше нешто попусти и испаднаа 5 производи за 25 долари....што е мнооооооогу по поволно за разлика од кај нас !!!
Луѓе и јас си го добив Лав спел парфемот за роденден,братучедка ми од Америка ми го донела.. Прекрасен е !
Го имам ова млеко за тело. Подарок ми е од роднина од америка. Убаво е иако за мој вкус малку тешко ми мириса.
Секогаш ги мирисам спрејовите во Космо, и навистина мирисаат прекрасно и долго траат, ама да давам 1000 и нешто денари за обичен спреј - ц Па земајќи ја предвид и цената на истите во Америка, 5-6 долари за еден спреј, комплет од 5 колку што овде кошта еден...ќе си купам кога ќе одам во Америка
абе девојки многу евтини на веб странава на ВС,тука што се замислуваат кај нас сет лав спел гел за туширање, спрејче и лосион плус подарок несесер за 20 долари ццц многу евтино бе http://www.victoriassecret.com/beauty/b ... e?pageAt=2