Немаат шипинг - достава до Македонија, односно воопшто неможеш да нарачаш. Инаку јас сакам да ги пофалам овие лосиони: Го имам овој со лаванда ^ Предобар е и го обожавам. Мириса фантастично, барем мене затоа што многу го сакам мирисот на лаванда. Лесна структура има, нежен е и свиленкаст, кожата ја прави мека и мазна и брзо се впива. За разлика од овие лосиони: Love your body ми се многу подобри. Овие ^ лосиони не ми се многу многу хидратантни, освен што убаво мирисаат кожата не ми ја прават нешто wow туку и после тоа почнувала да ми се лупи, а и доста густи се и потешко се впиваат. После тоа кожата ми лепела и имав прилично лошо мислење за козметиката на WS меѓутоа Love your body го добив на подарок и не ме изневери. За спрејовите сум кажала и претходно супер се, трајни, а мирисите им се прекрасни, сите ми се допаѓаат.
Ова е ново нешто или така само фигурира? Незнам, во случај да можеш да нарачаш шипингот треба да ти го пишува кај цената ако воопшто се доплаќа за шипинг, може и да не се плаќа. А накадно дали ќе ти го царинат и слично незнам да ти кажам.
Ништо посебно не се да ви кажам право, убаво мирисаат сите, ама дека вредат за цената за која ги продаваат тука, мало морген. За истите пари ќе си купите оригинален парфем од фришоп. Јас на другарките им донесов како поздрав од преку барата , се излажав и за мене си земав две... Ништо посебно, ем да речеш не се купени од тука па да сумњам во квалитет... Водичка, ја во ташна го влечам и на два саата се шприцам за да сеќавам. Убаво се завлеков со Bath & Body Works, само ајде, се прелажав, сите купуваат, си викам валјда се убави, тоа името го купувале . Среќа па не ги купив нешто скапо, не знам што се толку извикани. Си знам за догодина, ќе складирам лосиони и спрејови од овие другиве. Млеката за тела наводно биле потрајни, ама од тоа што пробав некако не ми беа по мој ќеиф и стандарди на хидратација и мекост, и едноставно разманав... Ете ќе се лажам со водичкиве дека имам нешто на ВС. п.с. За тие што ги интересира.... http://www.bathandbodyworks.com/home/index.jsp, малце офтопик, ама убаво е да се видат, па кој има прилика, и да си нарачате, нема да зажалите.
Јас продавам Victoria's secret козметика, сега моментално продавам од дома, ама планирам да отворам страна па ќе постирам тука па ако сакате можете да си видите, цените ќе бидат поноски од космо
Spreevi, mleka za tela, puteri =800den Sega cekam paket da mi stigne pred n.godina pa moze i nekoi promocii da napravam, kiloti 500den, sjaevi i rimeli 750den kompleti (gradnik so kiloti) zavisi od modelot i od materijalot istoto i za kostimite za kapenje (ama od toa najmalce imam zatoa sto i cenata im e visoka pa retko se prodava)
@Doozy знаеш што е интересното, што и двете марки, VS и Bath & Вody works, читав некаде дека се од ист производител, т.е дека се од иста компанија, така нешто. Па и концептот им е ист, горе доле ако ти текнува, распродажби, купи 3, 3 гратис, 6 за 35 долари, јас ги пратев и двете, посебно Bath & Body works и тоа го заклучив дека се доста слични со цени и со такви промотивни трикови, Само Bath & Body works ми е едно 3 нијанси подобра него ВС. Има подобар избор на мириси и пред се има многу убави свеќи, Поскапички малку ама мирисаат прекрасно. Јас ги начекав на некоја промоција од типот 6 за 35 долари, што е стварно ефтино, се изнакупував млека за тело и шауергелови ептен профи и со многу специфични мириси. И мирисите за тело се потрајни него на ВС, само што мене на ВС лавспелот ми е засекогаш намбер уан. Е имам еден во розево шише, Ноир Тис, што ми е стварно погоден, ама тој е од друга колекција. Само тој беше малку поскап, не иде во оние редовните сејлс пакети. Сите ги сакаат точно, најискомерицијализирани се, и јас имав преку 10 нарачки само од ВС. Али пак искрено за тие пари што може да се земат од преку барата навистина се најекономичен поклон. Кај нас не би дала ни денар за нив, ама кога ќе видиш дека едно е 5 долари се лажеш, што с е5 долари побогу. Млеката се ужасни, ај што не се хидратантни, мирисот трае бетер него спрејот. За останатите тракатанци од типот на облека нема да коментирам, не е темата за тоа, ама сеуште не можам да сватам како покрај Келвин Клајн, Томи, и Дона Каран се тепаат за градници и гаќички од ВС. Слатки се де, ама квалитет ексима, ако ви текнува
Zdravo devojki sakam da spodelam so vas, jas kupiv losion za telo od alexandar cosmetics i sum prezadovolna bila nekoja kopija na viktorija, samo sto ne e proizvedeno vo kina tuku proizvodstvoto e vo USA so odobrenie od Viktorija. Probajte vi go preporacuvam
Od VS gi imam probano skoro site losioni pa ne se loshi mnogu ubavo mirisaat a deka ti ja pravat kozata nesto posebno NE.Parfemite se ubavi a kozmetikata neznam ne sum probala osven sjaj za usta ne mi bese nisto posebno i ne kupuvam vekje.a dolen ves e ok .
Само што го купив Vanila lace спрејот, прснав и мириса на чист алкохол. Дали само мене вака ми мириса или така треба да е?
Да имам користено се, еве последно што користам, е парфем од колекцијата love addict, ја имам цела колекција со млека за тело, раце, се, бидеќи имам тетка во Америка, и секогаш кога доаѓа ми носи цели пакети, а од кај нас еднаш купив и некако не беше како овие од Америка, побрзо изветруваше, а и не мирисаше исто.
Иначе, кога налетав на темава веќе, ВС имаат нови пакувања, што ама баш ич не ми се допаѓаат. Претходните ми беа некако посимпатични, сега како шишиња со минерална вода ми личат, не знам зошто. Јас годинава ништо не купив ВС, ама од Бет енд боди уоркс, убаво се подновив, за цела година што се вика. Спојлер