Имам едно спрејче,го користам само во лето многу убаво мирисаа пишува Pure Seduction Bloom околу 950 ден,ги мириснав сите ама ниедно не ми беше убаво како ова што го имам сега
Јас не знам што ви се толку добри.Се излажав еднаш од толку фалење и од што се искомрцијализирани и изнакупував.И да ви кажам ништо посебно за цената.Млеката воопшто не им се хидратантни, да не збориме за составот, ниту пак за таа цена нешто премногу се задржува мирисот.Спрејчињата кое како, некое ќе се задржи мирисот, некое за пола саат го снемува, па така џабе што мирисаат толку убаво, кога така мирисам пола саат и пак треба да шприцнам.Ама затоа пак спрејчињата толку споро се трошат, му се запнав на едно со месеци по 10 пати на ден и плус ми истече во куфер еднаш зошто немав капаче и ете го уште има, се чудам што спреј ќе беше внатре Млеката и кремите како што реков не ми се хидратантни, освен што мирисаат убаво некое време, никаква друга бенифиција не гледам.А се чудам кога ве читам како ви траат и како парфем кога ги употребувате спрејчињата, мене ми се светлосни години далеку од парфем по трајност. А не можам да се сомневам дека сум купила фалсификат, кога од официјална продавница на ВС ми се купени. Голем дел од долната облека ми се допаѓа.Имаат квалитетни градници, еве другарка ми е презадоволна, ги утепа од носење, е сега друга приказна е што и пуштаат боја некои од нив.Мене од нивните градници само еден модел убаво ми стои и како за инат најскапиот е, мислам најскапиот од овие за широка потрошувачка што им се, па сум на мисла да пуштам срце за еден, пошто ми стои како ниеден градник до сега Исто убави гаќички имаат, имам некој пар дома, од оние по фенси што се Друго, нивните несесери ми се допаѓаат,онака баш girly ми се, преслатки.Имам еден од мерак го купив, ама некако солени им се и тие.Се на се мислам дека посебно за козметика, се малку преценети , и од што се добро рекламирани и интересни на изглед, девојките се луди по нив, инаку онака ништо посебно.Не би купила пак млека и спрејчиња од нив и овие што ги имам си седат дома неискористени...
Од ВС го имам лосионот за тело десно , мириса прекрасно , но во врска со хидратација , не е воопшто хидратантен. А и прескапи се , тоа да. Лево спрејот го имам пробано но нели , сепак мирис за тело е , не стои долго како што и очекував. Преценети се , на крај името го плаќаш, искрено не вредат за тие 950 денари. Многу ми се допаѓаат несесерите , од долна облека не сум пробала ништо. Имав едно сјајче за уста тетка ми ми го донесе од Америка пред 15-тина години и ништо посебно не беше освен што мирисаше убаво се лепеше ненормално. Само името го плаќаме ништо друго
Ne se mnogu skapi ama mislam deka ne vredat za parite.. Namesto sprej i losion ke kupam originalen parfem koj ke trae i ke mirisa luksuzno.. Dolna obleka ne sum kupila no dokolku najdam dobri nekoi bi kupila..
Млека за тело и спрејови за тело ги имам пробано скоро сите. Инаку за парите не ме воодушевиле и веќе ништо не купувам од VS. Толку..
Неодамна на подарок ги добив префалените, преценети и одвратни спејчиња за тело Лав Спел и Пур Седакшн. До тогаш ги немав ни мириснато, мислев дека се којзнае колку убави според тоа колку ги фалеа а всушност ми мирисаат на скапано овошје и после половина час не ги ни чуствувам. Обични спрејчиња кои сум ги користела и биле три пати поефтини од тие на ВС се покажале како далеку подобри. Џабе толку се израдував кога ми ги подарија, веднаш ме разочараа.
Од лосионите имам само пробано од другарка дома и, и не ме воодушеви премногу (изгледа превисоки очекувања имав за нив), но мирисот беше божествен. Никогаш немам купено ништо од козметика, а желба ми е некогаш да си купам нешто. Ете, не дошло на ред.. Од долна облека, имам имано градник и костум за капење. Презадоволна сум. Градите ги прави екстра, како силикони да имам. Прави многу добра форма. Ги имам ставано на вриење (дури и костумот) и ниту конче не е дрпнато или нешто оштетено. Толку е коска материјалот, ми се чини цел живот ќе го носам и нема да попушти. А, материјалот е одличен, најблиску ми е до Лиска, иако овие од ВС ми се уште многу поквалитетни. Иначе купени ми се од странство, директно од ВС продавница и мислам дека квалитетот таму како да е подобар.
Јас од Шведска си купив на промоција две спрејчиња и лосион за тело за околу 2500 денари по нашки. Лосионот и едниот спреј се Sheer Love, преубаво мирисаат, но од трајноста воопшто не сум задоволна. Кога ги ставам заедно маалку ептен се продолжува траењето и мирисот е поинтензивен ама џабе. Вака кога ве читам што пишувате си велам подобро парите да ги дадев за некој градник или нешто слично, ама ајде, меракот ми беше голем.
Јас ја имам оваа колекција: Го добив како подарок и не знам која е точно цената. Мирисот е прекрасен. Лосионот не е хидратантен воопшто, но има свиленкасти бисерни светки во него. Гелот за туширање е доста долготраен. Искрено мислам дека производите од VS ce over rated заради името на брендот, а дека се нешто премногу квалитетни или дека вредат за парите, не би рекла.
Имам еден парфем од ВС "bombshell". Ми го даде братучедка ми кога беше лани во Америка. Многу убаво мириса и секако долго трае. Иначе не сум наишла тука во Македонија на ВС производ.
Јас го имам Pure love но гледам дека Amber Seduction е префален. Разгледував на официјалниот сајт сега се намалени по цена од 8,27евра па сакав да прашам дали е убав Амбер,вреди ли да се нарача?
Amber Romance го имам користено и дефинитивно тој ми е најубав. Сестра ми сега пред некое време пак ми го нарача да и го пратам. Сум купувала најразлични ама секогаш сум се враќала на амберот.