Ко за прв пат на слепо да нарачам спреј и се погоди. Преубаво мириса Амбер навистина,за на работа колку толку ќе послужи после идење во веце Е сега јас го земав 17 евра, а ги гледав на страната на Шатци по 1190 денари и мислам се прецениле. За 25 евра овде има и лосион и спреј.
Погрешно си ме разбрала,јас не реков дека 1190 денари се 25евра, туку реков дека само се спрејовите се толку,а за 25 евра има лосион и спреј во Малта кои во Мкд чинат 1700 денари. Тоа ми беше зборот,ама одма да се направи некој глуп.
Не ми е намерата никого да претставам како глуп, едноставно може и да имаш грешно израчунато, па сакав само да сугерирам. Не значи автоматски дека си глуп(а). И мене колку пати ми се има случено... Туку повеќе ми беше муабетот дека викаш дека се прецениле во МК со цената. Помеѓу 1190 ден. и 17€ има 2,35€ разлика или некоиси 13% и не е речиси некоја разлика со оглед на фактот дека Малта е ЕУ и нема ни царински процедури ни ништо. А лосионот и спрејот се со 10% разлика...
Кога првпат ги донесоа кај нас пред повеќе години, бев луда по нив. Купував млека за тело и спрејчиња. Омилени ми беа Coconut passion и Vanilla lace. Цената е доста висока, од квалитетот не можам да се пожалам. Но мирисот им е фантастичен и долго се задржува
Одлични се и млеката и спрејчињата, но ако се користат подолг период им се губи мирозбата, почнуваат чудно да мирисаат.
Да, јас зедов еден спреј за тело. Виолетовиот, цената беше 890. Ми се допадна бидејќи е нежен, но не е траен и тоа ме разочара. Мирисам максимум 30-40 минути и после пак треба да ставам, башка ми е непрактично шишето за носење со мене. Првпат земам некој производ од ВС и не планирам повторно.
Досега не сум купила од спрејчињата иако често сум ги помирисала низ парфимериите ,па можам да кажам дека повеќето мириси ми се допаѓаат. Па ако може препорака кој мирис е најтраен ??
Јас го имам Love spell noir и ми е како пролетен, есенски, го имам Pure sedaction и ми е поќе како летен баш за вакво толо време, а Coconut passion ми е за во зима. На многу Amber Romance им се допаѓа, мене искрено ми е тежок, загушлив некако За трајноста зависи од количината која ќе ја прсниш
И јас сум љубител на Викторија. Многу користам спрејови за освежување на тело. Спреј за тело купен од фри шоп, не баш ефтин, на попуст беше некаде околу 1200 денари, мирисот трае од дома додека се симнам по скали и толку. Тоталка разочарување. Вака ако им се и парфемите...
Јас три пати имам купувано различни спрејчиња од ВС и се големо разочарување. Не се трајни воопшто , еве сум користела и на Body shop ама никаква врска немаат овие со тие. Од ВС последно го земав Velvet petals и на работа искоментираа дека нешто им мириса на убаво средство за плочки и толку беше веќе купување
Да потврдам за спрејчињата, пред повеќе години го користев Pure seduction, и баш како што кажа Референтка, додека да излезеш мирисот испарил. Од истата колекција го имав и путерот. За мене путер треба да биде богат, интензивен, хидратантен....овој немаше ништо од тоа. Може е до мојата кожа, но повеќе немам намера да купувам производи од ВС, за тие пари ќе си купам 300 чуда од друг бренд
Јас ова го имам, уште малку ми остана и го чувам ради сентиментални причини А парфемите какви им се? Трајни или и тие се луфтираат брзо ?
Кога си ја купив колекцијата Pure seduction за мене, за мајка ми го земав овој парфем, баш вакво мини пакување. Колку што ме држи сеќавање, убаво мирисаше, ама кај мене не траеше воопшто. Мајка ми има поинаква кожа, кај неа и парфеми на точење мирисаат цел ден и кај неа повеќе траеше. Најдобро да пробаш да најдеш тестер во Космо, да видиш на тебе како ќе биде.