Не знам дали до мене ама спрејчињата воопшто не се трајни. Имав едно розово преубаво мирисаше но миризбата трае 5 минути.
Ги користам спрејовите за тело и лосионите, но не се нешто многу трајни. Мирисите им се преубави, штета што мене кратко ми траат, за саат време веќе не ги осеќам.
Јас баш го земав од Зара orchid пошо го сметаат за копија од bombshell, погрозно нешто немам нириснато. Повраќаница во шише. Баш ќе го видам овој од жито, да знам дали е до мене
Малку е тежок на прво ставање, после се ветрее и подобар е. Поостар е, ама некако освежителен и има некоја енергичност. Немам некое мислење за него, додуша јас и ретко да засакам некој мирис..
Пробај го на Bargello 384 број е копијата на Bombshell - совршен е Само проблемот е што не е којзнае колку траен, јас го осеќам некои 2-3 часа ама нема кој не ме прашал што парфем користам. Особено во комбинација со спрејот Velvet Petals - фантазија. За жал не можам да го најдам оригиналот никаде, само еднаш го начекав на фришоп Грција го земав и од тогаш потраг му нема. Го барав и во странство по официјалните продавници на Victoria’s Secret - го нема. Ама оваа копија е беспрекорна.
На Bargello брендот е. Не знам дали си слушнала има тема на форумов. Турски е и е доста популарен бренд кој прави копии на познатите парфеми.. По тикток се доста фалени. Кај нас има увозници што ги носат нивните парфеми, побарај Bargello Macedonia. Искрено го имам пробано само Bombshell а за другите копии не знам да кажам какви се, ама за него гарантирам дека е одличен.
Sorry што упаѓам ама ми дава дека само онлине може за Скопје. Колку е еден парфем? @Hortenzija спрејчиња на ВС имам гледано и во зегин.
Да јас онлајн го порачав од страната нивна на фејсбук. Не ме држи за збор одамна беше кога го земав мислам дека беше околу 850.