Навистина девојките се многу убави <3 не убави туку прекрасни се, и облеката им е навистина многу убава
Ај спрејчињана не се лоши, за таа цена се топ стварно, (ако ги купувате од Америка не од кај нас), му доаѓа едно помалку од 300 денари едно, али јас стварно не знам што толку се тепаат сите по нивната долна облека. Златна лиска за ова е Келвин Клајн со квалитет, па и за цени не се нешто претерано ефтини. Моделите на градниците се прекичести за мој вкус, бирај, бирај сите се со чипки и триста тракатанци, одвај избрав еден пообичен модел, а и за таа цена ќе земев од Лиска искрено поубав. Не за друго,за џабе ја мачев другарка ми да бара модели, броеви, бои за нешто што чисто сумњам дека ќе го носам често, зашто не ми ги држи како што треба, а погоден е и бројот и корпата. За тангите не знам јас не носам танги па затоа не си ни порачав, али коментаираа баш дека џабе толку припотресување кога не се ништо, ама ништо спешал.
од VS's има едни push up градници и гаѓи што не се забележуваат дека ги имаш. Јас си купив по два пара кога бев во Америка кремаст и црн, без никакви чипки, без шари ништо, најобични. Се убив од носење.
За во Косно незнам, ама оригинал има до Редкафе во Аеродром. Незнам точно како се вика парфимеријата, ама 100% оригинал се. Подготовките за Victoria's Secret Fashin Show 2013: Спојлер Миранда Кер не учествува годинава на шоуто, ама и им посака среќа на останатите ангели: Sending love and best wishes to the #vsangels from Japan xxx ❤ Повеќе слики од вчерашното шоу : Спојлер
Путеров е прекрасен, ви го препорачувам и мирисот долго трае, цела облека ми мириса Само што, нели, во Космо се луди и е 1000денари 180г, па ќе барам луѓе по Америките
Само мене оваа Кара не ми е ништо посебно, многу машкоданкеста фаца ми има, само тело добро што држи. И оваа Карли Клос ли се викаше, толку просечно лице ангел на ВС, на улица поубави девојки ќе видиш. И музичкиот дел можел да биде подобар, мислам Тејлор Свифт .
Синоќа си седнав, си се стокмив пред печка со лаптопот и си уклучив јутуб, и по незнам кој пат од 2007ма, се до 2012 си ги гледав сите шоуа на Викторија Сикрет, вечер од 2007ма надоле ќе ги гледам. Значи прекрасни се, бомбшелс! За шоу на милениумот го прогласувам она од 2010 година, шоу каде сите лепотици се на куп, каде има разиграност во бои, најмногу разновидни големи крилја, бели, со балони, со циркони.. Дефинитивно освојуваат со самодовербата.
Девојки, видов на страната на фејсбук има некоја продавница во Скопје Пинк Сикрет се вика што продава производи на Викторијас Сикрет, цените не им се лоши.. лосионите им се 900 денари.. тоалетните води до кај 1000. Пошто не сум од Скопје, да ми каже некој ако знае ако имал купено од таму, пошто сакам да си порачам ама да не се зафркнам. Фала однапред http://www.facebook.com/pinksecretskopje