Женски дали некоја знае како одат величините за кожните јакни од В. С.? И дали се квалитетни? Многу сакам да си земам една, прекрасни ми се!
Има големини од Extra small (XS) до Extra Large (XL) ама зависи и од моделот на јакната. А за квалитетот не знам.
http://www.youtube.com/watch?v=Z4MfxleKhnU Колку добри промоции и реклами имаат. Ах јас што сум женско се палам, а за маживе којзнае
Остај што се девојките бомба сами по себе него види ги ти граднициве. Ем фино лепо изгледаат, онака баш мераклиски, а и пуш-ап се. Морам да имам еден ваков дома, Victoria's Secret пуш-ап, и да не врши работа, барем ќе го гледам во фиока.
Ќути и јас сакам многу, не да ми треба пуш ап за моjoт 75ка градник, јес да има и тука пуш ап, ама сонувам за Викторија Сикрет, нека подигне малце бар визуелно, нека го полаже народот
Пуш апот и тоа како врши работа а и чуда прави Бтв: татко ми сега ги виде сликиве, ќе се шлогираше човекот.
Не да прави чуда, неможам да се изнагледам сама ко друга да гледам во огледало, не е можно....леле ги сакам сите, да можам цел каталог ќе си нарачам Инаку некој праша за величини, прилично им се големи бровите, јас онака носам S, а од викторија XS ми е таман....сеа за градници треба да си пробаш, малку е комплицирано, ама имаат на страната и сама да си измериш и да израчунаш што ти одговара
Од викторија сикрет имам едни пижамки по кратки и се преубави.Имав и едно млеко за тело, но искрено мене не ми се допаѓаше баш како мириса А ете дел од наjновата колекција за валентин 2011
Викторија Сикрет. Имаат убави модели, се со ок квалитет, но се преценти. Барем кај нас. Ако ви текнува имаше една продавница во ГТЦ и беше изгор скапа. Ама нормално кај нас се е 5 пати поскапо. Колку за информација, работи од ВС во Америка на попуст можат да се најдат за 2,3,5 долари, купачи за 10, имам колекција цела за тело (спреј за тело, купка, млеко, паефем) купена за 25 долари.Секако дека има разлика од парче до парче, има некои работи многу скапи, ама повекето се со нормални цени. Ама рекламата си го прави своето, па се меѓу најбараниот бренд за долна облека во цел свет. Сепак, би сакала да им одам на ревија. Изгледа многу гламурозно и убаво
Едноставно ги обожавам иако досега немам користено нешто од нивните производи и долна облека, но првото одење во usa се ке си изнакупам ...
Дефинитивно нешто на што една женска особа не може да одолее е производ на ВС секоја посакува да има парче од нив.....можеби еден ден
А мене како што долната облека ми е слаба точка, едвај чекав во Америка да ми дојде платата и правец- Викториас Сикрет !!! Си изнакупив триста чуда, и бев мн изненадена од цените, очекував дека ќе бидат астрономски. Градников го обожавам .Чуда прави !.. Со него имам комплет танга. Овие танги беа 7 за 25 $, купував заборавив колку ми е доста На крај на каса ми дадоа подарок парфем и сјај за усни, феноменални се
Не се преценети туку за наши стандарди е премногу. Тоа што го продавале во Гтц било нелегално, некој си ги кпувал ефтино од таму и сакал тука да заработи, затоа и некои добиле таков впечаток. Но тие луѓе немаат никаква поврзаност со викторија сикрет. Исто ко јас да земам сега од дома да продавам спрејови по 1500 денари, а сум ги купила таму по 10долари....значи нема веза брендот со мене, јас заработувам на нелегален начин, искористувајќи ги. Никаде во европа немаат лиценца да продаваат. Значи впечатокот базирај го само на вс во америка Вистинските цени се дури и ефтини, за тие пари имаш далеку послаб квалитет, а за дизајн да не збориме, нема девојќа што не паѓа во несвест од вс За тоа дека некои се скапи, некои ефтини.... во ВС имаш производи за широка потрошувачка, шо може да го добие секој по пристапна цена. А имаш и производи кој не се наменети за секој, и неможе секој да ги има (ко градникот со дијаманти). Најчесто ваквите се по порачка на богаташи, наменети за нив и неможат да се најдат по бутиците. А она што го имаат во каталог и во бутик може да си го дозволи секој (зборам за американскиот пазар, пошо таму функционираат нели) Точно дека маркетингот игра голема улога, посебно во америка, ама ако нешто не вреди со маркетингот може да се задржи на пазарот една до две години, додека популацијата не се увери за неквалитетот. Маркетингот е само почеток, за да опстојуваат волку долко мора да постои и нешто повеќе од тоа
E сега ке ми се смеете Jас лани во Tурција кога бевме,така на поминување,чекавме 8 сати на аеродром и имаше голееми продавници,јас не сум запамтила дека купив нешто од BC,и сега средував точно завчера,и се сетив дека купив пудра за тело,сјајче и ми дадоја гратис ташна Спојлер како за на пазар во Tурција беше многу скапо,изгор изгор,и јас земав најефтино што можев еве ги работите девојки сега гледам на ебај многу ефтини спрејовите,парфемите 5долари,2долари препорачајте кој е убав спреј,парфем?